"Заборавени" играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата The Dude
  • Време на започнување Време на започнување
Сабајле сакам да видам некои резултати на мобилниот и гледам во живо се игра некоја утакмица во Кина, во нападот на едниот тим, играч со име Игало, си викам познато ми е од негде, после одма на Википедиа мало потсетување ми текна, овој растураше една сезона со Вотфорд у премиер, типичен пример на рандом играч на некој тим од долниот дел од табелата што ќе има една магична сезона кога ќе даде 15+ голови и наеднаш станува најпожелна трансфер мета. (слично како Мичу, Одемвинге и остала багра)

Е овој Игало исто нема ни 30 години ете го растура сега у Кина.
 
Ravel Morrison

Големиот потенцијал на Ман Јунајтед денес со само 25 години успеа да го допре дното и да игра во Мексиканска лига за Атлас. Уствари таму е на позајмица од Лацио кој го прибра како слободен агент кога му ги дадоа клоците Вест Хем. Дали ќе успее да спаси бар дел од кариерата во Мехико или ќе заврши ко продавач на такоси, ќе видиме. :D
Сериозно не знам како уште не е во затвор Морисон, има тешки криминални дела.
 
Сериозно не знам како уште не е во затвор Морисон, има тешки криминални дела.

Да. Имаше мислам неколку условни добиено поради напад на жени, закани и девијантно однесување. Може и поголеми дела да има направено, кој го знае.
Он е доказ дека талентот никогаш не успева без посветеност и напорна работа. Фергусон го сметаше тогаш за еден од најнадежните играчи. Доби и доволно шанси, ама не ги искористи.
Сега во Мексико му е последна шанса за да си ја спаси кариерата, ако останало нешто за спасување од неа. До сега дал 2 гола во 9 настапи, едниот мало ремек дело од слободен. Овака не знам како игра ама не гледам како би успеал да се врати во посилните европски лиги.

Фергусон намерно го прати на позајмица од Вест Хем затоа што сметаше дека промена на средината (Манчестер - Лондон) ќе му дојде добро ама се излажа. Морисон е од истата генерација на Погба, Лингард, оној Кин сега што е во Евертон и уште кои и да беа не ми текнува, и сите околу Фергусон сметаа дека има највисок плафон од горенабројаниве, но џабе :)
 
Ricky van Wolfswinkel

Овој едно време во Спортинг кога беше газеше по терените. Го сметаа за надежен напаѓач и беа заинтересирани големите клубови за него, или патки се пуштаа. На крај заврши во Норвич за солена сума и тотално разочара. Го праќаа по позајмици каде уште не и на крај го продадоа. Сега игра за Базел и почна да си ја враќа формата полека иако веќе ја има достигнато фудбалската зрелост со своите 29 години и зенитот на кариерата одамна му е завршен. Повеќе од ова тешко дека ќе успее. Ќе заврши у Кина за некоја година.

Tyrone Mings

Беше потенцијал на времето, идна англиска ѕвезда и беа заинтересирани доста клубови од ПЛ, се очекуваше да оди во Арсенал, отиде во Бормут. Покажа солидни партии, ама набрзо се повреди и го немаше на терените неколку сезони. Еве го сега конечно се враќа во тимот и има одиграно неколку натпревари. Млад е, има само 24 години па сеуште има надеж за него.

Ravel Morrison

Големиот потенцијал на Ман Јунајтед денес со само 25 години успеа да го допре дното и да игра во Мексиканска лига за Атлас. Уствари таму е на позајмица од Лацио кој го прибра како слободен агент кога му ги дадоа клоците Вест Хем. Дали ќе успее да спаси бар дел од кариерата во Мехико или ќе заврши ко продавач на такоси, ќе видиме. :D
И Arouna Kone е сличен профил на овие.
Како млад и талентиран напаѓач од холандска лига дојде во Севиља, каде што не покажа ништо посебно (за 3-4 сезони даде само 1 гол во Ла Лига). После го пратија на позајмица во Леванте каде што одигра една ветувачка сезона (постина 15 гола во Ла Лига), а наредната сезона ја помина во Виган, каде што исто така не беше лош, постигна двоцифрен број на погодоци (сезоната кога Виган отпадна од ПЛ, а освои ФА куп во финале против Сити).
Наредната сезона Роберто Мартинез го зема со себе во Евертон, каде што после само 5 натпревари имаше незгодна повреда и беше аут повеќе од една година. После играше уште 2-3 сезони во Евертон, но не можеше да се наметне како стандарден првотимец.
Сега има веќе 34 години, игра во Сиваспор (заедно со Робињо) и досега има постигнато 11 гола оваа сезона.

Можеби во кариерата не се истакна многу со голови и трофеи, ама (беш)е забележителен што носи 2ка број на дрес, а игра шпиц (како Тоќеро што играше во Билбао). :D
 
Ви текиња на Гуфран?
Во Гозтепе играл сега...

A 31 година има, богами има уште години во кариерава не е ни при крај на кариера
 
Исто име и слично презиме.Благодарение на драгонскај ми текна сега на пропалицава.Немаше лето да не биде поврзуван со Арсенал. Yoann Gourcuff моментално игра за Рен,има 31година.
 
Последно уредено:
Alessio Cerci - големиот талент на Фиорентина и Торино (едно време играше и во Атлетико Мадрид, Рома и Милан). Моментално со само 30 години во Верона.
 
Alessio Cerci - големиот талент на Фиорентина и Торино (едно време играше и во Атлетико Мадрид, Рома и Милан). Моментално со само 30 години во Верона.
Јас толку многу ги мешам Черчи и Имобиле, шо дури ни сега не сум сигурен кој од нив 2цата играше во Дортмунд. :pos::pos:
 
Јас толку многу ги мешам Черчи и Имобиле, шо дури ни сега не сум сигурен кој од нив 2цата играше во Дортмунд. :pos::pos:
1409409343_cerci16.jpg

Овој е Черчи. Еве некој се излажал па го земал и за репрезентација.
 
Добар беше во Торино, одлично функционираа со Имобиле. Не му требаше трансфер во Атлетико.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Никола Вентола :D
Сега го видов на опроштајниот натпревар на Пирло (директен пренос на Арена спорт 3), играат најголемите легенди на италијанскиот фудбал.
 
Бонера најголема легенда. [emoji16][emoji16][emoji16]

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Дани Гуиза :D
Играше во 2008 во Мајорка и беше повикан за ЕП.

Таму како трет опција за напаѓач зад Виља и Торес успеа да даде 2 гола на првенството меѓу кој и еден во 1/2 финалето.

После ЕП направи трансфер во Фенербахче.

Сега игра во четвртото квалитативно натпреварување во Шпанија :D

Нели, не дека очекував да игра во јака екипа, ама комплетно ме изненади што уште игра и што после тоа ЕП некако ептен падна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom