Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.411
- Поени од реакции
- 7.871
Проблем е и прогесивниот данок и администрацијата. Прогесивниот е лош дека е прогресивен и има дискриминација. Плус е и даночно зголемување како што е превиден. Јас сум за намалување на буџет и данок. Например 7-8% данок персоналец за сите и едено 500 милиони евра помал буџет за старт не би било лошо. Реално потребно е пола буџет и упола даноци и придонеси...тоа би било идеално според мене.
Вака сум сведен на будала само да ловам субвенции и понадици од држава за да ми се исплати што плаќам данок и придонеси на државата.
Пример само читам АВРМ, МОН, МЗ, МЕ и слично само за да добивјам некоја субвенција. И одам 2 пати месечно на специјалист зошто вот д фак 150 ден е преглед и иследувања. Не дека ми треба толку ама зошто да не...Например ЈСП е само 35 ден карта крајно не реално па вози се во бус како луд. Исто ако следиш без проблем земаш 500-1000 евра годишно донации од буџет во кеш. Да не зборам за култура...имаш секој втор ден можност за концерт или настан за без пари или за многу ниска цена. Мислам дека сум Х2 од што плаќам добивам...али влашкото е силно во мене. Тоа е МК влашка држава а ја праваат сега во ромско-еврејска. Само гага да кркаш и да се снаоѓаш за да не си зијан.
Инаку најака финта е сега да отвориш мал бизнис...ако ги фатиш сите субвенции и грантови може и +50% од добивка(плата) да си извадиш.
Баш Миленко го читав неодамна, имаше напишано дека се комитрагични проамеричките вмровци, либертаријанци по социјални медиуми, и во право беше, ептен нурнал центарот за комуникации.
Тоа со тезата за снаодливот шо се наметнува испаѓа дека Сашо Мијалков е економски гение и заслужува ако ништо друго номинација за Нобел за економија. Уште коа ќе напише некој дека секаде има корупција е топ, таму на 50 милиони евра набавка „крадат“ 5 милиони кај нас на 5 милиони пола ако не манат не се осеќаат убаво.
Се вели дека се цени каква е државата по тоа како ги третира своите најранливи категории државјани, Столе шо не го бива му е доволна казна а кудос за успехот на Трифун, после економската криза во САД еден купа амери ги исплатија хипотеките ако ги имаа, испродадоа се и февга Канада, добар дел родени и израснати во САД.
Оти така не знам, тој социјален елемент, некаква сигурност може има врска, пак да речам не знам.
@StefusRefus едната и другата дискусија треба да се исклучиви, затоа шо мочањето во ветер парите е едно, друго е концептот на прогресивен данок.
Тоа со јавен правоз чист пример ти е за нешто шо се вика нематеријална добивка, ама тоа во услови на брз и ефикасен систем за јавен градски патнички превоз. Скопје нема никаков друг излез за ефикасен сооб. систем без јавен превоз по никој критериум.
Нема едноставно друго излезно решение, градот страда од недоволно инфраструктурно инвестирање и немање концепт за одржлив развој како град, сега во оваа ситуација нема друго чаре освен јавен превоз.
Ужасна намена на земјиште и тек допрва ќе се тера со истото поради корупција. И сликањето кај шо го оправаат градот им е исто.
Е сеа субвенционирањето на ЈСП во вакви услови губи ефект, како и за речиси се друго шо си набројал.
Сеа освен во Скопје, нема шанси да пркне каков било мал а среден бизнси не доаѓа во предвид без врски, затоа шо ќе те столчат брзопотезно, колку помало населено место ова се повеќе доаѓа до израз. Прашање е и во Скопје ако нешто има добар просперитет ќе го сотават на раат да тера бизнис.
Кај нас се е каша попара а се препишуваат некои законски решенија и се копираат концепти а тлото е уствари жива песок. Тиња.
Има концепти на прогресивен данок кои се ете поприфатливи во однос на градацијата и категоризацијата ама кај нас државниот апарат нема шанси да излезе на крај со такви комплексни проекти, и пак се навраќаме дека проблемот не е толку до концептот на прогресивен данок туку кај треба да се примени. Тек кај ќе одат средствата.