Staufer
Драган Богдановски
- Член од
- 17 јануари 2008
- Мислења
- 16.648
- Поени од реакции
- 22.380
Непостоечката економија која диши на апарати, ќе ја оптеретуваат со дополнителни даноци и давачки. Ќе цедат пари од здравото ткиво во државата.
Наместо посиромашните да ги едуцираат и да им овозможат услови да можат да заработуваат како "богатите" со 1000+ евра заработка, и на тој начин да балансираат нееднаквости почнувајќи од долу па нагоре, овие одат обратно - побогатите ќе ги прават посиромашни. Ќе ги казнуваат поуспешните и поспособните само затоа што повеќе заработувале.
Наместо да намалат даноци, да намалат царински и поштенски давачки, да усогласат закони со што би се овозможило продавање преку PayPal, да отворат граници и пазар за да се поврземе со светот, па да може секој еден да си го заработи лебот на чесен и достоинствен начин, а со тоа и да плаќа данок, овие го бираат најлесниот можен начин - цедење пари од луѓето кои успеале повеќе да заработат.
Па уште и малоумни нѐ прават - дискриминаторски даноци ги нарекуваат праведно оданочување. Ако толку сакаат праведност и балансирање нееднаквости, нека намалат плати на паразитите во државните институции. Копирант во МЕПСО зема 500 евра плата.
И што е најтрагично, тие неколку милиони што ќе ги соберат на годишно ниво, нема ништо да сменат во буџетот. Ќе завршат за патни трошоци, субвенции од Министерство за култура за фантомски здруженија и збирки песни, како и плати за новите партиски војници.
Државата нема проблем со приходите туку со трошењето. Тука треба да закочи малце.