Само да се надоврзам кон најавата за воведување на прогресивен данок. Ова беше делимично дискутирано во подфорумот за економија на една тема. Пред неколку месеци сметав дека е добра идеја но без подетална анализа како тоа би се имплементирало и одразило врз македонската економија и стандардот на граѓаните.
Тогаш моето стојалиште беше прогресивен данок за најбогатите, како мерка за реципроцитет кон нееднаквоста. Да се оданочат олигарсите, луѓето кои се збогатија од приватизацијата да вратат дел од парите кон народот и државата. Меѓутоа од оваа дистанца тоа е утопија, романтизам е да се размислува на тој начин во оваа држава, пошто реалноста е сосем друга.
Од законот ќе бидат засегнати една мала група на граѓани кои што условно кажано во тој обем ја сочинуваат таа средна класа, која практично не постои, беше уништена од моментот кога се спроведе криминалната приватизација во 90те.
Тие 1000 евра примања се релативна работа. За мене лично можат да бидат, и се' многу пари. Јас тазе дипломец, во моите рани 20ти да остварувам толкави примања е колосален успех во оваа држава. За некој фамилијарен човек каде тие пари се единствениот приход кој го остварува и храни фамилија можат да бидат и малку.
Поентата ми е дека на овој начин ќе се уништат и последните рецидиви од таа малубројна средно мизерна класа во државава. Ќе се продлабочи јазот помеѓу богатите и сиромашните уште повеќе. Ќе останеме со 2% богати олигарси и се останато мизерија.
Прогресивниот данок можеби е корисен во развиени земји, со ефикасен даночен систем кој се заоснова на правичност по теркот: законите важат за сите подеднакво. Меѓутоа е лизгав терен и за нив а камоли пак за вукојебини ко нашата. Промената само ќе ја потхрани даночната евазија.
Кај нас ова е неизводливо. Кај нас постои селективна правда. Најбогатите ќе си останат најбогати. Ќе го скријат богатството на сметки во странски банки а ќе наебе обичниот граѓанин.
И ги истресоја џебовите на сиромаштијата по принципот: од една давачка те ослободувам а истовремено уште две ти додавам. Не испозадолжија по 2-3000€ по глава на жител и сега му дојде до тие 2% средна класа што остана и ним да им ги истресат џебовите.
Да се надоврзам каде ќе одат овие пари, во кој бунар без дно ќе завршат:
Рамковните ќе работат во МВР, УЈП и Царина
Баш добри места им нашле. Во "најефикасните" институции.
Ај да ги вложат тие пари од даноци во инфраструктура, за развој на стопанството и економијата... да замижеме и до негде да речеме ова е оправдан потег. Ама тие покачуваат даноци е за ова, за овие работи, нови партиски вработувања во нефункционална и пренатрупана државна администрација. Па уште најавуваат раст од 4% оваа година. Баш ме интересира врз што ги засноваат таквите предвидувања. Толку пари се претераа во овие скоро 30 години. Донации од странски фондови, кредити...ефект нула! И сега со воведувањето на прогресивен данок ќе ја опраат работата. Баш исто како со акцизата за горивата. Тешко нас.