- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.942
- Поени од реакции
- 12.344
Е па, на "патвиотизам" се возвраќа со "патвиотизам", пвеводбенциите си го имаа своето време за да демонстрираат "патвиотизам", сега плавите жолтици се на ред за да демонстрираат еден друг тип на "патвиотизам".http://build.mk/sardich-mts-ke-bara-380-milioni-evra-ako-se-raskine-dogovorot-za-kazandol/
...
Јас не сум анти-руски настроен (иако и вчера се објаснував у темава како сум се исмејавал на русофилството на сендвичите), туку повеќе би држел дистанца со нив, токму заради нивниот однос кон нас и третирање како топовско месо. Меѓутоа не е коректно со земја од постојан совет на ООН со право на вето да се однесува вака. Така напраивме со Кина, го изедовме к***т после 1 година заради тоа. Тоа беше првиот „патриотски“ план на дпне за уништување на државата, навидум наивен, меѓутоа го видовме плодот на повлекувањето на УНПРЕДЕП од границата со Косово и сите настани после тоа - изгубената војна поради која сега имаме учкарски дел од држава и паралелно општество. Во следната ваква прилика, Русија има длабоко да ни го начука за ова и ќе си ја видите „љубовта од словенските браќа“ и ќе видите каква им е сурова надворешната политика . Потегов е уште еден доказ дека нашиве копуци не мислат со своја глава и само климаат на наредбите.
Објективно ако гледаме, потегот на внесување на токсичен гас и убиство на луѓе во сред Англија е курчење на Путин од невиден калибар и е тежок скандал, а од друга страна па пропустот на тајните служби на Британија што дозволиле така да им пројде - ама тоа си е нивна работа - што фајде имаме ние од ова?
Тешки идиоти избираме на избори, скотови без личен интегритет, а за патриотизам не ми се дискутира.
П.С. Русија никому не поклонила Сухои, туку беа купени преку Украина.
П.С. 2 Русија нема никогаш да испрати војска ниту во Србија, ниту кај нас. Може само да ни продава расходовани калаши место да им фаќаат 'рѓа по некои магацини.
Инаку, кога сме кај "курчењето" на Владимир Путин, истото сеуште воопшто не е докажано, односно Британците сеуште не излегле со конкретни докази дека Русија стои зад нападот со нервен гас.
Но додека западот сака да си игра нова Студена Војна со Русија, никој не го бара нашето мислење, па затоа воопшто не ни треба да демонстрираме било каква солидарност со Британците поради нападот со нервен гас во Велика Британија со протерување на руски дипломати од Македонија.
Ако труењето со нервен гас "влијае на безбедноста на сите земји", како што вели газоглавиот - пардон, ботоксаниот таканаречен министер за надворешни работи од редовите на плавите жолтици, може да му текне да демонстрира солидарност и со жртвите на злосторствата на ИСИЛ/ИСИС/ИД во Сирија и Ирак, или со жртвите на злосторствата на Боко Харам во Нигерија.
Во спротивно, нека си го гризне јазикот и нека припази која ќе му биде наредната глупост која ќе ја тропне.