Шо се не изнапиша ...
Како тоа западот функционирал... И Македониа 500 г функционираше за време на Турско, па во време на комунистите, па и сеа за време на социјалистите. Работата е со кој квалитет, напредок итн итн
Ти да не очекуваше да ги снема....
Нема разлика и тогаш и сега народот т.е небањатите ќе си бидат топовско месо, а средна класа колатерална штета.
Исланд уапси банкари а од каде доби неколку милијарди долари помош
Е па тоа ти е разликата помеѓу Исланд од една страна и САД и ЕУ од друга страна, бидејќи и САД и ЕУ исто така даваа народни пари во износи од неколку милијарди долари/евра, но сепак ниту еден банкар не заврши позади затворски решетки.
Исланд од друга страна ги зеде парите од финансиската помош, па потоа на референдум Исланѓаните одлучија да не ги вратат тие пари и направија пример за тоа како една држава ги негува интересите на сопствените граѓани над интересите на банкарите и профитерите.
Што ако знаат што е мизерија и кои се последиците од комунистичко социјалистички систем ... Што направија да се подобрат....
Ако западот ги напуштел тие ќе си нашле друг

кој е тој друг, некој од Марс?
И така лесно ли се пренасочувало економија кон поинакво производство
Кога ќе дојде лајното на газот ако немаш спремно "хартија" при себе, ќе си шеташ таков
Затоа Кинезите се далеку пред Русите иако беа под ист комунистички систем. Русите продолжија слично, преминаа во олигархија а Кинезите применија повеќе капитализам и внатрешната економија им е веќе 10пати поразвиена од Русите.
Сите сме поврзани, значи кога ќе почне да се одмоткува клопчето, сите ќе страдаат, почнувајќи периферните економии.
Работата е која држава ќе излезе поспремна после помрачењето.
Русија "њет" . Мој облог е Кина. Не дека нешто ми се мерак жутите
Е па жутите во кои ти се кладиш инвестираат во Африка, а ја меркаат и Јужна Америка, ете им ги нивните алтернативни купувачи, а истото можат да го направат и Русите.
Кога сме кај олигарсите обиди се да си ги смириш хормоните, облакодерите во Менхетен не се домови на небањатото топовско место или на колатералната штета наречена средна класа, туку на американската олигархија - ако досега не знаеше.
А тек па за кинеските олигарси па да не правиме муабет, како што расте кинеската економија, така растат и корупцијата и лакомштијата на кинеските олигарси.
Еве изминативе 6 години другарот Кси Џинпинг убаво го подзачисти Централниот Комитет на Комунистичката Партија на Кина и постави свои луѓе, кои едногласно го укинаа ограничувањето на бројот на мандати на претседателот на Кина, а партијата веќе ја усвои Мислата на Кси Џинпинг - со која се отвора патот за неограничен претседателски мандат на другарот Кси.
Чисто за споредба, единствена друга личност во историјата на Народна Република Кина чија што таканаречена мисла била усвоена и вметната како партиска доктрина во Уставот на Комунистичката Партија на Кина, бил другарот Мао Це Тунг, чии што политики како Мислата на Мао Це Тунг и Културната Револуција оставија трајни последици врз кинеската економија, но уште поважно, врз кинеското население.
Како тргнале работиве, изгледа единствената грешка на Јосиф Висарионович Сталин била во тоа што не му текнало да ја либерализира советската економија, односно да дозволи странски инвеститори да инвестираат во Советскиот Сојуз за евтина работна сила, па денес и тој ќе им беше херој на западњаците, а можеби Студената Војна воопшто не ќе се случеше.