Русија - смена во надворешната политика?

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
Епа влези во моја било продавница 90% од производите ти се мејд ин Кина. И тоа е така цел запад. Ако не го успорат ова темпо ќе се врати ЕУ и Америте компири и пченка да продаваат.
Можеби ако ги пратиш трендовите внимателно, храната и водата стануваат се повеќе геостратешки фактор... Русија моментално иако има огромен капацитет, значително заостанува зад западот во ова поле и е можеби најголемиот хендикеп на Русија....[DOUBLEPOST=1521971576][/DOUBLEPOST]
Де де, не се нервирај, сепак Путин победи и сега Русија е на патот за светска доминација :cool: . Само на која раскрсница ќе заглави останува да покаже времето.
Путин не е толку силен, колку што сржта на западната политика се распаѓа... Оваа ситуација во која се наоѓаат не е дело на Путин, туку на алчните капиталисти и тендераши на западот... Јас пак ќе кажам западната политичка сцена е карикирано претставена во македонската политичка ситуација последниве 27 години.
 
Член од
24 октомври 2012
Мислења
812
Поени од реакции
510
Можеби ако ги пратиш трендовите внимателно, храната и водата стануваат се повеќе геостратешки фактор... Русија моментално иако има огромен капацитет, значително заостанува зад западот во ова поле и е можеби најголемиот хендикеп на Русија....
Руската агрикултура доживеа расцут по донесувањето на западните санкции, коишто го стимулираат домашното производство, откако и самата Русија тури санкции кон увезување на одредена храна од Западните земји. А да не збориме за Бајкалското езеро, коешто содржи една петтина од светските резерви на свежа вода на површината. Сега пак со глобалното затоплување и топењето на мразот, има да се создадат невидени површини во Русија спремни за одгледување на растенија и животни. Мислам дека во овој поглед, Русите воопшто не се наоѓаат во лоша ситуација. Само треба паметно да ги искористат шансите кои што ќе им се појавуваат со текот на годините.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.399
Поени од реакции
18.556
Во поглед на одгледување храна не е толку природните услови колку технологијата. Затоа и Американците се секогаш при врвот.
 
B

Bafra

Гостин
Путин не е толку силен, колку што сржта на западната политика се распаѓа... Оваа ситуација во која се наоѓаат не е дело на Путин, туку на алчните капиталисти и тендераши на западот... Јас пак ќе кажам западната политичка сцена е карикирано претставена во македонската политичка ситуација последниве 27 години.
Мене ми е кристално јасно зашто западната цивилизација иде надоле, никогаш не сум рекол дека тоа е дело на Путин. Ама сметам Путин е нивно дете/дело.
Твоите очекувања кои се, кога западот ќе навлезе подлабоко во своите лајна, како Русија ќе продолжи со нормално функционирање .... Како ќе функционира Руската економија...
А и на воено поле, откако Ердо беше кај папата (миленикот на @Let 3 Илирот) па ќе видиме што благослов добил :kafence:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.115
Поени од реакции
12.697

Западот функционираше и за време на светската економска криза од 1929 година и за време на големата економска депресија во 1930-те години.

Разликата беше во тоа што обичниот граѓанин тогаш беше топовско месо за западните економии да функционираат, исто како што беше топовско месо и за време на светската економска криза од октомври 2008, кога со народни пари беа спасувани банките кои ја предизвикаа светската економска криза.

Единствен исклучок е Исланд, кој наместо да удри со камшикот на штедењето и високите даноци по обичниот граѓанин, удри со апсења и затворски казни по банкарите кои ја доведоа државата до банкрот. И еве го Исланд денес, жив и здрав, функционира како нормална и здрава држава, без високи даноци и непотребни штедења.

А кога сме кај Русите, тие ја имаат Венецуела како пример за тоа како не се води економија, и за да ги потсетува како и зошто економијата на Советскиот Сојуз се распадна во 1980-те години, што на крајот резултираше со распаѓањето и на самиот Советски Сојуз во 1991 година, поради што повеќе од сигурно е дека имаат резервни планови.

На крајот на краиштата, Русија како најголема држава во светот и со најголеми резерви на природен гас во светот, помеѓу 2014 и 2017 имаше валута - руската рубља - со кристално иста вредност како македонскиот денар, а Македонија ниту излегува на море, ниту е некој геостратешки или економски фактор на Балканот, а уште помалку па во светот, ниту извезува некој стратешки производ во светот, а сепак Русите го преживеаа нашето "економско" ниво.

Русите подобро од нас знаат што е тоа мизерија и банкротирана држава, па сепак ги преживеаа 1990-те години и санкциите од западот, а ако западот ги напушти како купувач, ќе си најдат други купувачи низ светот или ќе си ја пренасочат економијата кон поинакво производство и поинакви дејности.
 
Последно уредено:

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Ќе им продава ЕУ и УСА само храна на Кинезите за брзо ви викам јас.[DOUBLEPOST=1521997031][/DOUBLEPOST]Одат во Германија купуваат фирми ја носат технологијата во Кина потоа ги затвараат фирмите во Германија. Додека германец неможе да инвестира директно во Кина мора со партнер кинез. И што е најинтересно зад сите приватни инвеститори во Германија стои кинеската влада. Е сега ова е добро за Русија бидејќи за 5-10 години 80% од светската индустрија ќе се префрли во Кина а за таа индрустрија ќе се потребни ресурси. Вин вин за Кина и Русија. Стапот за нас како ЕУ и УСА. Ќе црнчиме со германците на плантажи за ефтина храна за богатата кинеска средна класа. Јас би отворил фарма со кучиња тоа е тоа.[DOUBLEPOST=1521997708][/DOUBLEPOST]Јас мислам дека Сад и Еу ќе го свртат фокусот кон Кина. Голема е веројатноста бидеќи им се закануваат внатрешни социјални немири и граѓанска војна. Русија не им е некоја конкуренција во моментов во поглед на индустрија. До 2030 очекувајте директна конфронтација меѓу Кина и западот. Кина се научи од нив да игра гнасно и сега им смета тоа. Е сега знаејќи дека Русија би застанала на страната на Кина затоа што до 2030 сигурно потребата за ресурси ќе се зголеми за многу пати и ќе и носи многу приходи. За на еден да му се обдени на 1000 треба да им се стемни. Додека на западот му беше обденато на Русија и Азија им беше стемнато. Сега се врти колцето. Проблемот за нас е што ние сме поблиску до западот и мислам дека може негативно да се одрази и кај нас.
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин
Западот функционираше и за време на светската економска криза од 1929 година и за време на големата економска депресија во 1930-те години.

Разликата беше во тоа што обичниот граѓанин тогаш беше топовско месо за западните економии да функционираат, исто како што беше топовско месо и за време на светската економска криза од октомври 2008, кога со народни пари беа спасувани банките кои ја предизвикаа светската економска криза.

Единствен исклучок е Исланд, кој наместо да удри со камшикот на штедењето и високите даноци по обичниот граѓанин, удри со апсења и затворски казни по банкарите кои ја доведоа државата до банкрот. И еве го Исланд денес, жив и здрав, функционира како нормална и здрава држава, без високи даноци и непотребни штедења.

А кога сме кај Русите, тие ја имаат Венецуела како пример за тоа како не се води економија, и за да ги потсетува како и зошто економијата на Советскиот Сојуз се распадна во 1980-те години, што на крајот резултираше со распаѓањето и на самиот Советски Сојуз во 1991 година, поради што повеќе од сигурно е дека имаат резервни планови.

На крајот на краиштата, Русија како најголема држава во светот и со најголеми резерви на природен гас во светот, помеѓу 2014 и 2017 имаше валута - руската рубља - со кристално иста вредност како македонскиот денар, а Македонија ниту излегува на море, ниту е некој геостратешки или економски фактор на Балканот, а уште помалку па во светот, ниту извезува некој стратешки производ во светот, а сепак Русите го преживеаа нашето "економско" ниво.

Русите подобро од нас знаат што е тоа мизерија и банкротирана држава, па сепак ги преживеаа 1990-те години и санкциите од западот, а ако западот ги напушти како купувач, ќе си најдат други купувачи низ светот или ќе си ја пренасочат економијата кон поинакво производство и поинакви дејности.
Шо се не изнапиша ...
Како тоа западот функционирал... И Македониа 500 г функционираше за време на Турско, па во време на комунистите, па и сеа за време на социјалистите. Работата е со кој квалитет, напредок итн итн
Ти да не очекуваше да ги снема....

Нема разлика и тогаш и сега народот т.е небањатите ќе си бидат топовско месо, а средна класа колатерална штета.

Исланд уапси банкари а од каде доби неколку милијарди долари помош :sneaky:

Што ако знаат што е мизерија и кои се последиците од комунистичко социјалистички систем ... Што направија да се подобрат....
Ако западот ги напуштел тие ќе си нашле друг o_O кој е тој друг, некој од Марс?
И така лесно ли се пренасочувало економија кон поинакво производство :aplauz:

Кога ќе дојде лајното на газот ако немаш спремно "хартија" при себе, ќе си шеташ таков :P

Затоа Кинезите се далеку пред Русите иако беа под ист комунистички систем. Русите продолжија слично, преминаа во олигархија а Кинезите применија повеќе капитализам и внатрешната економија им е веќе 10пати поразвиена од Русите.

Сите сме поврзани, значи кога ќе почне да се одмоткува клопчето, сите ќе страдаат, почнувајќи периферните економии. Работата е која држава ќе излезе поспремна после помрачењето.
Русија "њет" . Мој облог е Кина. Не дека нешто ми се мерак жутите :D

Јас мислам дека Сад и Еу ќе го свртат фокусот кон Кина. Голема е веројатноста бидеќи им се закануваат внатрешни социјални немири и граѓанска војна. Русија не им е некоја конкуренција во моментов во поглед на индустрија. До 2030 очекувајте директна конфронтација меѓу Кина и западот.
ЕУ нека направи прво војска па после може да ја броиш :P
Римската империја кога се распаѓала, војската не идела по околните држави да им зема, туку на своите ;)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.115
Поени од реакции
12.697
Шо се не изнапиша ...
Како тоа западот функционирал... И Македониа 500 г функционираше за време на Турско, па во време на комунистите, па и сеа за време на социјалистите. Работата е со кој квалитет, напредок итн итн
Ти да не очекуваше да ги снема....

Нема разлика и тогаш и сега народот т.е небањатите ќе си бидат топовско месо, а средна класа колатерална штета.

Исланд уапси банкари а од каде доби неколку милијарди долари помош :sneaky:
Е па тоа ти е разликата помеѓу Исланд од една страна и САД и ЕУ од друга страна, бидејќи и САД и ЕУ исто така даваа народни пари во износи од неколку милијарди долари/евра, но сепак ниту еден банкар не заврши позади затворски решетки.

Исланд од друга страна ги зеде парите од финансиската помош, па потоа на референдум Исланѓаните одлучија да не ги вратат тие пари и направија пример за тоа како една држава ги негува интересите на сопствените граѓани над интересите на банкарите и профитерите.

Што ако знаат што е мизерија и кои се последиците од комунистичко социјалистички систем ... Што направија да се подобрат....
Ако западот ги напуштел тие ќе си нашле друг o_O кој е тој друг, некој од Марс?
И така лесно ли се пренасочувало економија кон поинакво производство :aplauz:

Кога ќе дојде лајното на газот ако немаш спремно "хартија" при себе, ќе си шеташ таков :P

Затоа Кинезите се далеку пред Русите иако беа под ист комунистички систем. Русите продолжија слично, преминаа во олигархија а Кинезите применија повеќе капитализам и внатрешната економија им е веќе 10пати поразвиена од Русите.

Сите сме поврзани, значи кога ќе почне да се одмоткува клопчето, сите ќе страдаат, почнувајќи периферните економии. Работата е која држава ќе излезе поспремна после помрачењето.
Русија "њет" . Мој облог е Кина. Не дека нешто ми се мерак жутите :D
Е па жутите во кои ти се кладиш инвестираат во Африка, а ја меркаат и Јужна Америка, ете им ги нивните алтернативни купувачи, а истото можат да го направат и Русите.

Кога сме кај олигарсите обиди се да си ги смириш хормоните, облакодерите во Менхетен не се домови на небањатото топовско место или на колатералната штета наречена средна класа, туку на американската олигархија - ако досега не знаеше.

А тек па за кинеските олигарси па да не правиме муабет, како што расте кинеската економија, така растат и корупцијата и лакомштијата на кинеските олигарси.

Еве изминативе 6 години другарот Кси Џинпинг убаво го подзачисти Централниот Комитет на Комунистичката Партија на Кина и постави свои луѓе, кои едногласно го укинаа ограничувањето на бројот на мандати на претседателот на Кина, а партијата веќе ја усвои Мислата на Кси Џинпинг - со која се отвора патот за неограничен претседателски мандат на другарот Кси.

Чисто за споредба, единствена друга личност во историјата на Народна Република Кина чија што таканаречена мисла била усвоена и вметната како партиска доктрина во Уставот на Комунистичката Партија на Кина, бил другарот Мао Це Тунг, чии што политики како Мислата на Мао Це Тунг и Културната Револуција оставија трајни последици врз кинеската економија, но уште поважно, врз кинеското население.

Како тргнале работиве, изгледа единствената грешка на Јосиф Висарионович Сталин била во тоа што не му текнало да ја либерализира советската економија, односно да дозволи странски инвеститори да инвестираат во Советскиот Сојуз за евтина работна сила, па денес и тој ќе им беше херој на западњаците, а можеби Студената Војна воопшто не ќе се случеше.
 
B

Bafra

Гостин
па жутите во кои ти се кладиш инвестираат во Африка, а ја меркаат и Јужна Америка, ете им ги нивните алтернативни купувачи, а истото можат да го направат и Русите.
Знаеш што е разликата од Еба го и ќе го еба... Овој првиот веќе завршил работа, вториот не се знае ни дал ќе почне.
Значи сам си кажа, Кинезите веќе одамна работат, а Русите си кулираат. :свиркам:

Кога сме кај олигарсите обиди се да си ги смириш хормоните, облакодерите во Менхетен не се домови на небањатото топовско место или на колатералната штета наречена средна класа, туку на американската олигархија - ако досега не знаеше.
Па зашто Западот би тргнал надоле ако не поради истите глупости кои ги направиле Русија, СФРЈ, Кина и сл...
Само што западните олигарси го имаат цел свет за цицање па малку поспоро него Русија ќе крахираат, но сепак ќе доживеат иста судбина. Америка биче земја пролетерска :D

Како тргнале работиве, изгледа единствената грешка на Јосиф Висарионович Сталин била во тоа што не му текнало да ја либерализира советската економија, односно да дозволи странски инвеститори да инвестираат во Советскиот Сојуз за евтина работна сила, па денес и тој ќе им беше херој на западњаците,
Абе Сталин ќе отвореше вратите ама му текна дека во негово време му снема едно 50милиони народ :(

Сталин го спомна бе :tapp:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
На крајот на краиштата, Русија како најголема држава во светот и со најголеми резерви на природен гас во светот, помеѓу 2014 и 2017 имаше валута - руската рубља - со кристално иста вредност како македонскиот денар, а Македонија ниту излегува на море, ниту е некој геостратешки или економски фактор на Балканот, а уште помалку па во светот, ниту извезува некој стратешки производ во светот, а сепак Русите го преживеаа нашето "економско" ниво.
Не е никаков показател вредноста на валутата, сама по себе... Јапанскиот јен.. Норвешката круна... овие не соодејствуваат вредностите на валутие до нивната моментална економска моќ, на пример споредена со средната економска моќ на ЕУ земјите кои користат Евро.[DOUBLEPOST=1522004917][/DOUBLEPOST]
Руската агрикултура доживеа расцут по донесувањето на западните санкции, коишто го стимулираат домашното производство, откако и самата Русија тури санкции кон увезување на одредена храна од Западните земји. А да не збориме за Бајкалското езеро, коешто содржи една петтина од светските резерви на свежа вода на површината. Сега пак со глобалното затоплување и топењето на мразот, има да се создадат невидени површини во Русија спремни за одгледување на растенија и животни. Мислам дека во овој поглед, Русите воопшто не се наоѓаат во лоша ситуација. Само треба паметно да ги искористат шансите кои што ќе им се појавуваат со текот на годините.
Точно имаше иницијатива да се интензивиар агрокултурата кога почнаа ембрагата... Но 3-4 години не се ништо во однос на тоа колку е таа запуштена во Русија, со оглед на огромниот потенцијал... И без да се стопи мразот, Русија има огромни плодни површини, кои не се ни од далеку искористени...[DOUBLEPOST=1522005052][/DOUBLEPOST]
Во поглед на одгледување храна не е толку природните услови колку технологијата. Затоа и Американците се секогаш при врвот.
Не е научна фантастика да се направи технологија за земјоделско производство, ниту пак им фали технологија, Белорусија има веќе развиена индустрија за земјоделски машини. Треба само сериозно да се инвестира во тој правец....[DOUBLEPOST=1522005940][/DOUBLEPOST]
Мене ми е кристално јасно зашто западната цивилизација иде надоле, никогаш не сум рекол дека тоа е дело на Путин. Ама сметам Путин е нивно дете/дело.
Твоите очекувања кои се, кога западот ќе навлезе подлабоко во своите лајна, како Русија ќе продолжи со нормално функционирање .... Како ќе функционира Руската економија...
А и на воено поле, откако Ердо беше кај папата (миленикот на @Let 3 Илирот) па ќе видиме што благослов добил :kafence:
Како мислиш кои се моите очекувања.... Руската економија не е толку зависна од извоз на производи, колку што е зависна од извоз на енергенси...

Како ќе функционира Руската економоија зависи од потезите на коишто е спремен западот.. Ако Германија го прекине Рускиот гас, и производството во Кина прекине.. Русија ќе трпи последници, но, западот ќе клекне на колена. Затоа ова сценарио е речиси невозможно, освен ако со бегалците не планираат да направат нови конц логори ширум Европа :)

Русија во многу што е зависна од енергенсите што ги извезува, но мислам дека многу полесно ќе истрпи една сериозна светска економска криза, одколку Европа на пример...Разгалените Европјани во таква една криза, ќе го платат цехот за тоа што го лапале последните 30 тина години на грбот на земјите од третиот свет...[DOUBLEPOST=1522006049][/DOUBLEPOST]
Ќе им продава ЕУ и УСА само храна на Кинезите за брзо ви викам јас.
Доколку Русија не ја превземе сериозно и оваа индустрија, тоа ќе биде во секој случај одлична опција за нив(САД и Европа)... Но јас типувам на производство на Русија, тоа генерално ќе ја поевтини скапата храна..
 
Последно уредено:

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Русија е во предност пред ЕУ во еден мн битен аспект а тоа е чисто национално ткиво. Незнам зошто ама има чувство дека некој со сила сака да ја исламизира ЕУ(освен словенските земји Чешка, Полска итн). Неможам да се изначудам во Келн мигранти силуваат германки а градоначалничката во Келн ги окривува девојките дека ги провоцирале. Западно европските мажи поради животот во стаклено звоно последниве 30-40 год се до толку феминизирани и го гледаат светот розово што мислат дека секој лета во облаци како нив и лиже сладолед. До толку се отидени што кога хулиганите кои протестираа против мигрантите во Келн, имаше контра протести од феминизирани германци кои се мнозинство. Тоа е исто како арапите овде да силуваат низ град и Боки 13 да собере 500 луѓе и да протестира против нас и дека нашите девојки се криви што шетале пред нив. За среќа какви такви Русите барем уште личат на мажи. Ова што се случува со Германија е поголем срам од Хитлер.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Прво Кина ги остриже русите со гасоводот, сами го градат и цените на гасот се понеповолни дури и од оние за Германија и Англија.
Второ, ај објаснете ми ја оваа работа со кинезиве: Купуваш роба од Кина, плаќаш фактура и гледаш парите одат во Дојчебанк филијала Њујорк, а?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.115
Поени од реакции
12.697
Знаеш што е разликата од Еба го и ќе го еба... Овој првиот веќе завршил работа, вториот не се знае ни дал ќе почне.
Значи сам си кажа, Кинезите веќе одамна работат, а Русите си кулираат. :свиркам:
Ептен брзаш, Британците, Французите, Португалците, Шпанците и Германците веќе беа таму пред Кинезите, и исто така си го сработија своето. Можеби на Русите ќе им дојде редот откако и Кинезите ќе си го сработат своето. :свиркам:

Па зашто Западот би тргнал надоле ако не поради истите глупости кои ги направиле Русија, СФРЈ, Кина и сл...
Само што западните олигарси го имаат цел свет за цицање па малку поспоро него Русија ќе крахираат, но сепак ќе доживеат иста судбина. Америка биче земја пролетерска :D
Па добро де, ќе тргнат надоле, ќе паднат и повторно ќе застанат на нозе, исто како што и Русија падна и застана на нозе. Прашањето не е дали, туку како ќе застанат на нозе и се разбира, на какви нозе ќе застанат.

Абе Сталин ќе отвореше вратите ама му текна дека во негово време му снема едно 50милиони народ :(

Сталин го спомна бе :tapp:
Ти ги спомна Кинезите бе. :tapp:

Туку заборавив, ти гледаш низ призмата на профитот, а не низ призмата на економскиот и социјалниот развој на обичниот смртник, а човековите слободи и права се мисловна именка за тебе - не дека ги има во Русија, ама тек па за Кина да не правиме муабет.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
Русија е во предност пред ЕУ во еден мн битен аспект а тоа е чисто национално ткиво. Незнам зошто ама има чувство дека некој со сила сака да ја исламизира ЕУ(освен словенските земји Чешка, Полска итн). Неможам да се изначудам во Келн мигранти силуваат германки а градоначалничката во Келн ги окривува девојките дека ги провоцирале. Западно европските мажи поради животот во стаклено звоно последниве 30-40 год се до толку феминизирани и го гледаат светот розово што мислат дека секој лета во облаци како нив и лиже сладолед. До толку се отидени што кога хулиганите кои протестираа против мигрантите во Келн, имаше контра протести од феминизирани германци кои се мнозинство. Тоа е исто како арапите овде да силуваат низ град и Боки 13 да собере 500 луѓе и да протестира против нас и дека нашите девојки се криви што шетале пред нив. За среќа какви такви Русите барем уште личат на мажи. Ова што се случува со Германија е поголем срам од Хитлер.
Интересна работа е што исламизацијата на Европа е Нацистичка доктрина која во моментов е буткана од либералните левичари...[DOUBLEPOST=1522006923][/DOUBLEPOST]
Прво Кина ги остриже русите со гасоводот, сами го градат и цените на гасот се понеповолни дури и од оние за Германија и Англија.
Второ, ај објаснете ми ја оваа работа со кинезиве: Купуваш роба од Кина, плаќаш фактура и гледаш парите одат во Дојчебанк филијала Њујорк, а?
Од каде купуваш роба, од дропшипери ли ? Или збориш за на големо ?
 
B

Bafra

Гостин
Туку заборавив, ти гледаш низ призмата на профитот, а не низ призмата на економскиот и социјалниот развој на обичниот смртник, а човековите слободи и права се мисловна именка за тебе -
Економски и социјален развој и човечко слободи ај малку поопширно објасни, оти за мене се мисловна именка. Да видам за тебе што се.

А за Кина врска немаш, многу понапредни се во однос на Русите. Затоа и така напредуваат. Нив не ги интересира ко Сталин што мисли народот додека е во ВЦ, се им е дозволено се додека не им се меша во водење на државата.
Провери кај е полесно да отвориш бизнис дал Кина или Русија па збори за права.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom