@teneke
Од економски аспект, енергенсите на Русија во Германија и нивната замена во многу што ќе влијае врз конкурентноста на германскиот производ. Исто така тоа ќе значи и намалување на акцизите за енергенсите, што немора да ти кажувам колку би било кобно за Германскиот буџет и социјалниот комфор на кој се веќе навикнати Германците и купената социјалната тишина на гетоизираните емигранти ... Тоа директно оди кон подем на екстремната десницата... Значи и политички и економски Руските енергенси влијаат врз Германија.... затоа и во цела оваа перипетија Руските гас сеуште непречено стига во Германија.
Исто така кога збориме за Кина и нивната средна класа на стаклени нозе... Замисли си каков удар за економијата на Кина, која се базира на ефтино производство, би била прекратувањето на Руски енергенси? Кај би отишле оваа средна класа што ја збориш... И тоа кога збориме за Кина тука индиректно збориме за многу фабрики од други држави кои своето производство го базираат во Кина, вклучувајќи ја тука и Германија нели...
Да не праиме муабет дека поскапите енергенси кои би требало да ги заменат Руските енергенси и во Кина и во Германија, ќе станат уште поскапи кога ќе им порасне побарувачката....
Руските енергенси во многушто ја држат светската економска состојба стабилна, ја прават Кина конкурентна и економски џин, нејзините ефтини производи се повеќе го освојуваат светот. Ова на Русија и дава една доста лагодна положба во геостратешко значење, на подолги стази....
Најтешкиот период за нив заврши, САД не успеаја да ја сегментираат Руската империја кога за тоа имаше некакви шанси. Путин како што гледаме се ориентирал на стратешкото вооружување и на тој начин и осигура на Русија уште доста време за напредок... Сакал ти или не, Руската моќ расте и никој не може тоа да го спречи веќе. А кога збориме за држави попут Кина и сл., тие не ни сакаат да ја спречат Русија во својот раст, бидејќи се засегнати од ароганцијата на западот...
Можеби САД ќе идат на иницирање на светска економска криза, за да се малку се дебалансира односот и да се забави растот на Русија. Но тоа ќе биде доста ризичен потег за нив во овој момент....