Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.411
- Поени од реакции
- 7.871
Ова приближно треба да ја долови на кратко целата наша позиција во однос на преговорите за името со онаа на Грците, во смисол каде се тие а каде сме ние на геополитичката мапа. И на дело зборовите: "важен стратешки сојузник" кои што ни ги мантраат некои маргинални бирократи во НАТО сојузот при ретките посети на нашата држава.
Еве што е важен стратешки сојузник и што значи силно лоби.
Затоа Грците ќе ни испраќаат листи со ултиматуми а Заев ќе не мафта дека се преговарало за "достоинствено" решение.
Интересно е кога зборот достоинство го изговара човек на кој што секој потег кој што го направи до сега му е тотално спротивен од значењето на зборот. Пред малку го слушам како го брани законот за јазиците со таква жестина и жар, чиниш дека е поголем албанец дури и од Али. Неверојатно!
И после го слушаш истиот овој лик како зборува за зачувување на достоинството на македонскиот народ и државата во преговорите за името, кога повторно, истиот тој лик му се помоча на достоинството на народот со носењето на законот за јазици. И уште упорно го брани јавно, се повикува на народот, као демек народот тоа го гласал.
Се прашувам дали со тој жар и елан ќе се повикува на гласот на народот кога ќе треба да се носат реформи и закони кои што ќе треба да бидат од интерес на тој народ. Реформи во економија, здравство, образование, судство...кога Грујо и компанија ќе треба вистински да одговараат за криминалиите. Народот за ова гласаше.
Ама изгледа по извитоперената логика на Заев и компанијата околу него гласот на народот се зема предвид по потреба, во случаите кога се работи за неговиот личен и партиски интерес. А кога станува збор за општото добро, тогаш Заев го фаќа амнезија па заборава на гласот на народот.
Ја долови колку толку ситуацијата
![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)
Инаку грчиот владика димитрос (така Трамп го ословува) спомна две прашања конкретно во краткото обракање на прославата (традицонална ете од `87) по повод денот на независноста на јунанистан во Белата Куќа и тоа кипарското и парафразирано: да се изнајде решение за проблемот со фиром со историски оправдано име...така да знаеме кои ни се пријатели.
Во каква каша сме, мх, мх, мх
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)