Незнам што да правам..

  • Креатор на темата Креатор на темата downsizeArtist
  • Време на започнување Време на започнување
17 години има како што кажа, МАЛОЛЕТЕН Е, никој асален газда нема да го земе, мора да го пријави, оти казните се огромни ако работи на црно.
Во градежништво може, ама ДУШАТА ЌЕ МУ ЈА ВАДАТ, на 17 години да влече и да качува палети вреќи од 50кг цемент на 5-ти спрат.
Башка што мајсторите ќе го злоупотребуваат само.
Епа ај нека краде ?
и ако еднаш тргнеш по стапките на криминалот нема назад така да си знаеш !
Има враќање, но се зависи од карактерот а и од родителите.
Не го отварам топиков да кукам или да бидам attention-whore,туку искрено сакам совет како да пребродам овај катастрофален период од животот.

Влегувам во 17ка уште еден месец.Роден сум во релативно многу сиромашно семејство(ништо ново како Македонец).Со години живеев како во колиба,куќата беше разурната премногу..Пред 3 години со последни напори дома моите вложија некој денар да се реновира колку-толку.Цел живот сум тоа сиромашно дете од класот.Незнам што е тоа одмор,скапи алишта,скапи патики,да се курчам на инстаграм со Ауди-то на татко ми и тн итн.Годишно еднаш ми се купува алишта и патики и го носам година и повеќе,веќе патиките ми се искинати,алиштата не лича на ништо.Во средно се променив,ама околината во која живеам не.Родителите цел живот се оставале ама кратко,но сега беше финално да се отцепи еден од родителите.Останав со еден родител,со минимални примања.Ова беше најниското ниво на кое стасав сега.Незнам како ќе продолжам понатаки.Цело зимо носам патики,скоро секој ден нозете не ги осеќав кога ќе си дојдев дома.Во обид да си купам барем од најевтините гузерици да можам да газам и да не се тресам кога ќе стасам дома,пробав да најдам работа,ваљда како келнер,што и да е..Прашав кај што знаев за повеќе работи,но ништо.Искрено знам дека парите не носат среќа,но дојдов до тој степен што стварно ми требаа,и пробав да продавам тревче (никогаш не би помислил на вакво нешто,имам само 5 пати пушено пред година и повеќе,чисто од радозналост.) но и тука ништо.Имам еден другар меѓу малкуте,слична состојба како мојата има,правевме планови за грабеж (јеах од продавница фри сокчина си носевме дома оти немаше кој да ни купи) на продавница,или кладилница..Ама едноставно сега сум изгубен.Многу работи ќе ми се скрата во овај месец..Пари,пусти пари.
Ако бараш донации тешко дека ќе добиеш, ако си трол секоја чест за тролањето.
Пари секогаш можеш да спечалиш, прошетај низ пазарот во прилеп, месарници рибарници продавници, иди исцепи на некого дрва, кафичи и се останато шо ти предложија погоре.
Потпри се на сам себе и на никој друг, со дилање само ќе наебеш крадење ситниши само ќутек ид газди и полиција, кладилници и менувачници веројатно два метри под земја ќе завршиш или инвалид.
Таа ти била среќата синко, но потруди се чуда се случуваат.
 
Ако го бива за крадење нека краде, само да не го фатат :pos::pos:

Шала настрана, малолетен е, ниеден газда како што кажав нема да го земе.
Казните се големи.
Треба да работи на црно, а така верувам дека ќе биде злоупотребен само.
 
Може да работи и малолетен, со договор на дело или редовен се исто.
Никаде не пишува во закон дека треба да има +18 за да биде вработен и во работен однос.Друго е ако е под 14 години тогаш се смета како дете.
 
Не се судирај со реалноста батка, олабави и посвети се на обврските максимално најдобро што можеш, биди вреден и работи преку лето. Ако гледаш позитивно на работите во ситуацијава ќе станеш само појак човек во животот.
 
4.38 просек.[DOUBLEPOST=1521746811][/DOUBLEPOST]

Англискиот ми е максимално усовршен.

Претпоставувам дека имаш лап топ. Штом си одличен со Англиски, земи направи профил на Upwork.com и на Freelancer.com. Ако не си глота од човек, и ако имаш каква-таква работна навика, многу ке напредуваш.

Добрата ствар е што не ти треба познавање од конкретна област. Пробај се како Виртуелен Асистент ако си со добри организациски способности. Нема крај на тоа колку може да напредуваш.

Мило ми е што си свесен за ситуацијата во која се наоѓаш, и што си решен дека сакаш да смениш нешто. Само, ке ти треба упорност.

Ако имаш било какви прашања за платформата, слободно пиши ми, ке ти објаснам се.
 
Не го отварам топиков да кукам или да бидам attention-whore,туку искрено сакам совет како да пребродам овај катастрофален период од животот.

Влегувам во 17ка уште еден месец.Роден сум во релативно многу сиромашно семејство(ништо ново како Македонец).Со години живеев како во колиба,куќата беше разурната премногу..Пред 3 години со последни напори дома моите вложија некој денар да се реновира колку-толку.Цел живот сум тоа сиромашно дете од класот.Незнам што е тоа одмор,скапи алишта,скапи патики,да се курчам на инстаграм со Ауди-то на татко ми и тн итн.Годишно еднаш ми се купува алишта и патики и го носам година и повеќе,веќе патиките ми се искинати,алиштата не лича на ништо.Во средно се променив,ама околината во која живеам не.Родителите цел живот се оставале ама кратко,но сега беше финално да се отцепи еден од родителите.Останав со еден родител,со минимални примања.Ова беше најниското ниво на кое стасав сега.Незнам како ќе продолжам понатаки.Цело зимо носам патики,скоро секој ден нозете не ги осеќав кога ќе си дојдев дома.Во обид да си купам барем од најевтините гузерици да можам да газам и да не се тресам кога ќе стасам дома,пробав да најдам работа,ваљда како келнер,што и да е..Прашав кај што знаев за повеќе работи,но ништо.Искрено знам дека парите не носат среќа,но дојдов до тој степен што стварно ми требаа,и пробав да продавам тревче (никогаш не би помислил на вакво нешто,имам само 5 пати пушено пред година и повеќе,чисто од радозналост.) но и тука ништо.Имам еден другар меѓу малкуте,слична состојба како мојата има,правевме планови за грабеж (јеах од продавница фри сокчина си носевме дома оти немаше кој да ни купи) на продавница,или кладилница..Ама едноставно сега сум изгубен.Многу работи ќе ми се скрата во овај месец..Пари,пусти пари.
И јас на твои години започнав да работам, работев „машки“ работи како ставање кабли, качување бандери, интернет кварови итн. Ич не ми беше срам зошто финансии ми требаа. Тоа ме направи многу посилна личност и денес ми е предност во работата со која што се занимавам. Што и да фатиш занат, знај дека после и да си го истрасираш академскиот пат ќе ти помогне многу. Немој да имаш срам, земи биди келнер, електричар, водоводџија, види чирак нешто каде што бараат, машко си, овој занатскиов свет ти е поотворен, верувам дека ќе се снајдеш.
 
да се надоврзам во случај факултетот да не ти е приоритет моментално или евентуално уште цела година дури да направиш 18. лето иди печуркаратс и ладилникот му почнува сезона, на договор на дело ќе зарсботуваш и нема никој да ти прај проблем од трудова, истуркај неколку месецу или пробај комбинации и оди на пиперки берење или тутун. после кога че направиш 18, пријави се во завод за вработување и оди гентерм, кромберт или пак дрекселмаер. таму имаш поволни услови и не е тешка работата
 
Јас како келнер почнав на 16-7 преку викенд за свадби глупости, илјадарка од свадба не ти бегат, 8 викенди по 6 саата работа ето 8к.

Со тек на време ќе си видиш што ти одговара за работа, јас во 8 години менав 6 професии и уште толку работни места, и тоа во Охрид кој е многу мал град.
 
Имаш две опции (пошто знајш англиски):
1. Седни земи учи програмирање (можам да те насочам и да ти помогнам).
2. Издржи и заврши средно, па запиши се на факс (на Економски во Прилеп, 200 евра е мислам во државна квота) со цел да заминиш или Германија или Америка.
3. Нема.
4. И јас сум од Прилеп и имам една кошула нова - тамам за тебе. Викендов че ги соберам другарите, че му спомнам и нив за облека и обувки. Нормално ако сакаш ти.
И најважно: Верувај во себе! Сите големи лујџе потекнувале од сиромашни фамилии и живееле крпен живот. Јас на 17 години не знаев газот да си го избришам зошто ми беше се на тацна сервирано. И шо напрајв во животов - Ништо :icon_mrgr:
И уште поважно: фрли ги и тревите и кладилниците под итно! - освен ако не се гледаш себеси (по 10 години) како џанкерче со искинати патики шо кисни в кладилница.
 
И јас се согласувам дека градежништво не е баш идеално за некој волку млад оти тоа стварно е физички многу напорно (освен ако евентуално тебе таква работа ти одговара), ама како келнер да работиш е веројатно идеално за таа возраст, не е тешка работа, напротив може и забавно да ти биде ако е некој кафиќ :/ Битно не се откажувај колку и да е тешко да се најде нешто (особено првиот пат, после откако ќе почнеш со искуство и ќе правиш контакти па повеќе ќе ти се отвараат врати и полесно ќе може да најдеш нешто ново), само не почнувај со криминал оти тоа стварно не е решение.

ПС: аман некои од вас со тоа „да не си трол“, што воопшто би требало да има тука нешто смешно за ова да биде тролање.
 
Иам неколку прашања за тебе ама сакам реален одговор. Не мора овдека можеш и во ПП да ми одговориш?

Во кое средно учиш?

Што години ти се другарите?

Кај излегуваш со нив, што правите, кај одите?

Колкав ти е тој круг на пријатели?

Си пробал трева и кражба пошто викаш премногу ти требале тие пари, а спомнуваш сокчиња? Од еден аспект сфаќам пошто си дете и во тие моменти и некои тривијални работи изгледаат како битни, но ме интересира на што ги искористи парите ?

Да се најдеш пак во ситуација каде ти требаат пари, би правел нешто нелегално или би побарал помош ?

Коа крадеше и дилаше, го правеше чисто ради тоа што ЕПТЕН ти требаа тие 1000-2000 денари и чипсот и соковите, или имаше грижа на совест што би се случило со тебе ако бидиш фатен ? Што би се случило со твоите блиски, твојот родител? Воопшто мислеше на последици, или го правеше пошто „можиш“ и „ кој ги ебе, ако ме фатат нека ме фатат“ ?

Би те замолил за искрен одговор. Единствен грешен одговор во ситуацијава би било само ако пробаш да лажиш. Можеби и ќе поверуваме повеќето на некои од тие лаги на почеток, ама ако после одреден период работите се одвиваат поинаку од тоа што ти си рекол, правиш и се однесуваш поинаку од тоа што си рекол, оваа шанса кај што бараш помош од други и многу се спремни да ти помогнат ќе ја немаш, а немој да бидиш сигурен дека некогаш повторно ќе имаш иста. :)
 
Може да работи како келнер или молер.Може и нешто дополнително,како на пример,да дели флаери и да се проба на Интернет.Јазиците се битни,особено Англиски и Германски.Битно е многу да учи и да работи.Со работа и квалитетно штедење може да собере пари за факултет.Баш и со минимални примања,можеби ќе си среди и помала партиципација.А,со супер успех,ќе има шанси да добие стипендија.
Ама,задолжително мора да се тргне од лоши навики како треви,коцки и дружби со нечесни луѓе !
Тој што ти предложува да крадеш не ти е пријател !
И ти сам не помислувај на тоа-ем е грев,ем гадно ќе си го заебеш животот !
Штом имаш пристап до Интернет,следи огласи на вебсајтови за вработување.Па,и ти направи оглас и распространи го на форумов,на други форуми,на Фејсбук,Твитер,Пазар 3 и на др.
Без право школо,добар живот нема ! :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom