Уште една лоша работа во целово владеење на ЕсДеЕс до сега е што за толку краток период успеаа да го изрелативизираат целокупното 11 годишно криминално владеење на Вмро.
Уште сега слушам некои поединци кои што прават паралели и обиди за пронаоѓање на светли моменти од владеењето на Грујо со фамилијата. Па зарем е тоа возможно?
На ова македончево никако не му иди умот. Двете партии кои што заедно се одговорни за целата оваа ситуација во која што сме денес, креаторите на оваа манџа, сеуште се играат пинг понг со нас, додека ние се караме еден со друг за тоа чие лајно помалку смрди, дали тоа на Сдсм, дали тоа на Вмро.
На крајот од денот лајно си е лајно, зарем не? За многумина изгледа тоа не е така.
И за ова протестиве пред домовите на пратениците, слушам некои се жалат оти тоа не било демократски, се закануваат со тужби. Еве конкретно она хобитон, Ременски.
Штом лично ги тангира и ги боли, тогаш таквите протести се вистинскиот начин да се искаже револтот на народот од законот. Сите знаеме колку ги заболе за конвенционалните протести на улица, со блокади и кршење на јавни објекти. ИЧ!
Заев лично ќе ги бранел фамилиите на пратениците. А кој ќе ги брани фамилиите на македонците кои се директно засегнати од законот под налетот на албанските орди?
Ако законот стапи на сила последиците од него врз државата и македонското население ќе бидат далекусежни. Албанците сигурно нема да запрат тука со нивните максималистички барања.