ЕУ ти вели дека законот за јазиците не е приоритет туку треба да се носат реформски закони, индиректно ти кажува дека тој закон води кон дестабилизација и поларизација на општеството а не кон стабилизација, францускиот амбасадор кажува дека виси препораката за ЕУ и ти пак им го даваш законот и уште излегуваш на телевизија да објаснуваш колку добро било тоа. Гмизавец од прва класа.
Според мене, прашање е на време кога во некој меѓуполитички договор ќе биде договорена широка регионализација или некој нов вид на територијална поделба, од Дпмне или Сдсм.
Дпмне со 63 пратеници и друг пат со 61 пратеник им даваше закон за јазици и амнестија на терористи а камоли овие мекотеливе ретардоси од Сдсм.
Никој од надвор не ги тера на такви потези, туку газот им е зинат како јапонско знаме за власт, пари и тендери.
Нема да може државата економски да издржи таков тренд, вакви “експерименти“ како со овој закон се доволен товар на јавните финансии, да не збориме за паралелни институции на две етнички заедници во ваква економски нестабилна држава. Мислам дека никој од големите играчи нема да санкционира такви детски етноцентристички амбиции, нормално освен ако нема некои радикално различни геополитички услови во иднина.
Никој не сака нова Босна на Балканот, ниту пак регионот ќе може да издржи нова Босна. Има граници на желботеката на вакви ѓубре народи, какви што се балканските. Албанските политичари од трите држави ги туркаат политиките во таа насока, зошто гласачкото тело им е на тоа најреспонзивно, во надеж дека еден ден условите до толку ќе се наместат, за они да ги протнат тие амбиции незабележано. Ама колку што им пројде на Курдите таквата стратегија, мислам дека толку и на нив ќе им пројде. Кога ќе пробаат да земат повеќе од колку што вредат, ќе бидат рашмарани дури и од самиот Запад. Мое мислење е дека за егзистенцијата на унитарна Македонија, најголем интерес има баш САД, иако они се најчесто villain-от според нашето мислење. Државата Македонија е ограничувачки фактор за надворешната политикита на три геополитички далеку повредни држави, Бугарија, Албанија и Грција. Тргни ја Македонија од сликата и добиваш практично три големи “национални“ држави со излез на море, во кои домашните политички елити се со поголем простор за маневар и може да диктираат поголема цена за нивната лојалност. А САД, денес, не можат да влегуваат во војни на наддавање како во минатото. Иако, признавам дека пресметките може да сменат ако Балканот стане тоа што е Блискиот Исток сега, за што сите треба да се молиме дека нема да се случи.
Што се однесува до Законов, како изгледа, неговиов текст ќе биде надгробната плоча на СДСМ како партија, на долг рок. Аматерска глупавост и неспособност, што и не е премногу изненадувачки за тоа дувло на непотизам, неспособност, арогантност и елитизам. Партија што служи како клуб за личен напредок на наследниците на црвената буржоазија и ништо друго. Имаат среќа што Вмро е на некој начин симбол за глупавоста на нашата политичка сцена и е неопислив магнет за разни неписмени простаци во нашето општество, иначе до сега ќе беа долго време закопани под земја како што и заслужуваат. Законот за јазици има една функција, да обезбеди гарантирани (државни) работни места единствено за албанското население во Македонија и Дуи како арбитар, за тоа кои припадници на албанското население ќе стигаат до тие работни места. Уствари фунцкијата му е да го набилда политичкиот капитал на Дуи на ниво, што ефективно уништува било каква конкуренција во албанската политичка сцена. Па така добиваме регенериран Дуи, на грб на останатите даночни обврзници во државата. Сдсмовците, без притисок од меѓународната заедница (со противење уствари), направија потег со кој на штета на својот рејтинг, обезбедуваат капитал за друга политичка партија која нема ни л од лојалност, со закон со кој на долг рок се врши редистрибуција на богатство од матичната етничка заедница на нивната партија, во друга етничка заедница која ја карактеризира етноцентризам и до кое гласачко тело скоро никогаш нема да имаат пристап. Се ова, од наводно професионални политичари, кои од висина кажуваа кој е бањат кој е небањат во државава последниве години. Не знам како членството не им се побуни , остајте националните чуства и симболи на страна, Законот ќе има директни економски последици за различни сегменти од населението, и тоа по етничка основа. Кога е во прашање култура како балканската, која ја карактеризира опортунизам, џебот многу повеќе боли и повеќе се памти од националната гордост. Уште посмешно е што го навлекуваат гневот и од надворешниот фактор, што беше најзаслужен за тоа што моментално се позиција. Непотребниов закон само го отежнува прифаќањето на некој предлог за спорот со името од македонската етничка заедница, кој сигурно ќе биде контроверзен. Очигледно натреварот помеѓу партите од македонскиот блок се сведува на кој ќе си даде помалку автоголови.