Мене законот како закон не ми смета толку, кажав само дека е неприменлив во пракса и прескап за државата и пред се донесен вон сите процедури и правила.
Се согласувам со
@Colt Willcox дека законот не е донесен за албанците да се населат во Берово, Радовиш или Пробиштип, тоа се прикаски, законот е донесен за обезбдување на граничните градови на „нивната територија“- Битола, Охрид, Велес, Прилеп што ќе ја заокружат целината на веќе „освоените“ Струга, Дебар, Кичево, Гостивар, Тетово, Куманово и Скопје. Да ја заокружат фамозната нивна мапа.
Проблемот е нешто друго, нешто посуштинско, не донесувањето само на еден закон, да беше само до законот никој немаше толку да паничи.
Проблемот е што албанците, ДУИ како паритија пред се постојано ставаат вакви ултиматуми и уцени до македонските партии и што ние секогаш капитулираме пред нив и постојано не лажат дека ова ќе биде последно а потоа доаѓа некое уште порадикално барање.
Почнувајќи од 2001 година, кога во онаа бедна војна, каде иако воено бевме тотален хаос и распад систем сепак имавме сили и можности да ги поразиме терористите, политички капитулиравме и добро, го променивме Уставот, дадовме големи малцински права, еден куп отстапки, бенефиции, квоти при вработување и образование, се што може едно малцинство да посака, тогаш не убедуваа- со Рамковниот барањата нивни се задоволени, сега одиме напред во прогрес, во НАТО, во ЕУ, ќе градиме држава заедно.
Но дојде 2004, пак ДУИ, пак со уцени, со насилие, со закани го истурка законот за територијална поделба, намерно направен за да „освојат“ неколку градови кои им беа зацртани во големата шема, СДСМ ја плати цената со пад од власта и со години непронаѓање себеси, ДУИ само си преседоа нецели две години во опозиција (нивните едини две години без власт) и триумфално се вратија 2008 дури и кога ДПМНЕ со големото мнозинство не мораше да прави влада со нив.
Тогаш пак со истите тактики, иако владата не зависеше од нив го изнудија најболниот чин, амнестијата на хашките случаи, ако со Рамковниот и законите за јазици барем се даваа некакви права на сите албанци, амнестијата беше само на бенефит на поединци, потенцијални сторители на воени злосторства, кои ниту застаруваат, ниту се амнестираат во меѓународното право. ДУИ пак излезе како победник, плус додадно на тоа го протуркаа и првиот закон за јазици, кога всушност се воведе двојазичноста во пола Македонија, вклучително и Скопје, во време да потсетам, кога Груевски имаше целосно мнозинство, кога наводно „ги ставил албанците во ред, ги минимизрал ДУИ и седеле мирни и не кревале галама“ барем така не убедуваа тогаш неговите пропагандисти, иначе денес многу загрижени и растревожени од овој закон иако десет години живеат во двојазично Скопје и мува не ги лазеше.
Па дојдовме до денешнава ситуација, кога со истите уцени, кршење Устави и деловник, со ароганција и триумфализам добиваат уште еден закон за јазици, уште повеќе проширувајќи им ги малцинските права кои веќе не се малцински и повторно како 2001 Ахмети убедува ова било последно, сега партијата ќе се фокусирала на други теми, ќе одиме кон прогрес, бла, бла бла...
Што следува понатаму, според мене ќе го уценуваат СДСМ да 2019 прифатат албански кандидат за претседател, иако мислам дека СДС нема да се согласат оти знаат дека така само ќе им ја дадат победата на ДПМНЕ, оти гласачкото тело нивно нема да прифати албански кандидат, па колку сака нека ги убедува Заев.
Следниот нивни голем проект е барање за поделба на државата на региони, пак како 2004 во име на некаква децентрализација, подобро фукнционирање на власта, бенефит за граѓаните и останатите излитени флоскули, со тоа што едниот од тие региони ќе има така плански зацртани граници што ќе одговара на нивните територијални амбиции. После тоа тој регион ќе стане автономен регион, па ќе стане федерална единка на новата федерација и така се по ред.
И сето тоа ќе биде изнудени од ДУИ или некоја нивна слична творба, ќе капитулраат нашите партии без оглед кој ќе биде на власт, а ние пак поради разни домашни, надворешни, геополитички и историски фактори нема да се спротиставиме.