Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Член од
29 септември 2017
Мислења
178
Поени од реакции
102
Е ништо пак му пишав, другиот ден ми врати. Сега малку покомуникативен беше од првиот, но сепак само две реченици свртевме и не се потруди да го продолжи разговорот, само така без врска ми одговараше. Само ми кажа дека бил на едно место каде што се сретнуваме и мене ме немало (да ме викнеше,ќе ме имаше). Така да готово веќе, се откажувам. Не знам што да направам веќе.:unsure:
Не се мачи, откажи се, така е најлесно. На тој начин секогаш ќе го добиеш тоа што го сакаш.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.165
Поени од реакции
6.046
Не мора да е Америка, може и Германија или било која друга земја на запад. Излегуваат од вукојебинава, гледаат живот и сфаќаат дека се неизживеани. Тука доаѓа муабетот "Ме гуши врскава, сакам слобода, сакам да бидам сама..." и без никаков проблем ти раскинува 5-годишна врска, како никогаш да не си и значел. После гледаш не прошол ни еден месец, а она е со рандом странец, т.е. првиот што го сретнала.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.152
Поени од реакции
16.095
@nicky_n Аман душо, не си троши време и зборови на некој кој не дава позитивен фидбек. Те читав и некни, немав што да пишам, али мислам дека е време да си најдеш сега друга занимација зошто овој ти е од оние што ваљда мислат дека зборовите им се злато, или во полош случај, мисли дека е арно да глуми недостижен/интересен. Не.


Вака сеа..

Со девојка ми бевме 5 години во врска. Тие 5 години и на мене и на нејзе и биле најубавите години од нејзиниот живот.
Буквално тоа беше врска од соништата, видовме и проживеавме заедно многу работи, авантури, одмори, искачања, абе фрштеше љубов на сите страни.
Немала никаква забрана од моја страна, ниту пак јас сум имал во врска за искачање со пријатели, другари. Довербата помѓу нас двајца беше огромна.
Низ сите тие години ние немавме ниту една поголема расправија. Јас мислев дека тоа е идеалната врска што може да постои и веќе почнав да си ја планирам иднината (мислам за брак...)
Во тие 5 години бевме одалечени на подолг период само 2 пати. Првиот пат пред 3 години јас бев во Америка на работа на 5 месеци, а вториот пат лани таа бепе исто на 5 месеци.
Нормално јас кога се вратив се си продолжи супер, не можеше да дочека на аеродром да ме гушне (сега кога ќе си го вратам филмот, тоа беше како некој холивудски филм во успорена снимка како се затрчуваме и се гушкаме)
Е сега доаѓа заплетот на настаните.
Сега кога таа отиде во странство, додека беше таму се слушавме и се беше нормално и едвај чекавме да се видиме. Дојде и тој ден повторно истиот холивудски филм ама сега јас бев тој што ја пречека, изгледаше се по старо и совршено. И двајцата бевме пресреќни што сме пак заедно. Помина период од некој 3 4 месеца се изгледаше супер. Но овојпат таа имаше потреба повеќе време да поминува со другарките и посебно со нејзините дома.. Си реков ајде нормално и фалеле сака да ги види и да биде со нив..
Но веќе почна да ми станува нешто сомнително, нејзиното понашање беше сменето. Телефонот почна да го крие по ташни и јакни, не сакаше да го извади пред мене. Се случи јас да посегнам по нејзиниот телефон да видам колку е саат, да прерипа преку маса, за да ми го грабне телефонот и да ми каже тоа е нејзина приватност нема што да чепкам...
Останав занемен, разбрав веќе колку е саатот и што се случува...
Наредниот период беше во расправии и кавги зошто се понаша така, што и се случува, зошто не сака да го прави она што го правевме порано.
Нејзиниот одговор беше не знам што ми е, нешто ми се случува, и како поминуваа деновите слушав се потешки и потешки зборови, во стилот луѓето се менуваат, јас тоа треба да го разберам вака така...
Не можев да си поверувам дека тоа на мене ми се случува..
Дојде и тој ден кога веќе не можев да издржам и и влегов на инстаграм профилот (и го погодив пасвордот бидејќи после толку време знаев што би можела да и биде) и прочитав пораки од кои што најмногу се плашев... Тоа беше нејзиниот ментор на пракса каде што почна да оди неколку недели одкако се врати од странство.. Не можам да ви опишам што ми се случуваше тој момент додека го читав тоа. Во муабетот видов дека таа прва му пишала, (прва му пуштила вода), буквално го правела тоа со сила. (Пример ситуација : таа му пишала не ти звонев синоќа мислев дека си заспал па не сакав да те разбудам, а тој сабајлето и вратил сеедно, а оваа пак на тоа му вратила срце...
Истиот момент кога го прочитав тоа отидов кај нејзе и пред нејзините им ја раскажав целава приказна како сега што ви ја кажувам вам.
Таа остана без зборови кога го слушна сето тоа, занеме не и се веруваше што и се деси. Мајка и заплака зошто знаеше кои бевме ние..После подолг муабет у кратки црти ми кажа дека она за овие 5 години никогаш не погледанала, ниту помислила на друго машко, но ете овој премногу и бил симпатичен, но се заколна дека ништо нема направено со тој човек, ниту пак се виделе на само, ете така тоа се случило и не знаела зошто му пишувала..
И простив, зошто ми кажа дека сето тоа ќе го заборавиме и ке продолжиме како што ни беше.. Така и направивме поминаа неколку недели, искачавме се дружевме, но не беше ништо исто. Се гледаше дека тоа го прави со сила, веќе не сакаше и не чуствуваше потреба да останува кај мене. Нејзиниот одговор повторно беше сакам повеќе време да поминувам со моите дома и со другарките.. Што ти не пробав да ја сменам, да направам да биде најубаво, но ете ништо од тоа.
Веќе ми пукна филмот ја викнав да разговараме и и кажав дека ова вака не може понатака. Нејзиниот одговор беше ете ти кажав дека требаше уште пред некој месец да ме оставиш, да ми одмори главата, можеше ништо нема да биде од ова сеа што се случи.. (ако нејзе одмор на главата и било да се допишува со друг, алал да и е)
Ја оставив и се поздравивме...
Но како поминуваат деновиве се потешко и потешко ми е... Вчера ми се јави да ми каже дека после 3 месеца конечно добила циклус, и да не се секирам за тоа. Но ја од мајка роден емотивен, доволно ми беше само да и го слушнам гласот и сето тоа што сакав да ја заборавам и да продолжам, ми се врати како камен по глава и повторно доживеав емотивен шок. Повторно правевме муабет и ми кажа дека можеби она не го покажувала тоа, но на нејзе и е два пати потешко. Се договоривме дека вака е подобро и во иднина ако требало да биде, пак ќе бидеме заедно, а до тоа време јас да продолжам без нејзе и да правам што сакам, кажувајќи ми, цитирам : поживеј сега на слобода.

Но ја сепак не можам да се соочам со фактот што ми се случува...

Мислам дека доволно објаснив.
Сега кажете ми кај има најквалитетна ортома на пазарот, за да не ризикувам да не ме издаде и таа па да се скине... :D
Колку имаш, 24?
И сакаш да се бесиш ради хајскул свитхарт? Ок, пробај.
Не знам зашто мислите дека врска од 19 години успева на 25 кога ќе дојдете. Знаеш колку се менува мислењето и желбите, животните цели и слично за толкав период? Колку врски од средно реално успеваат? Шо знам, малце ваљда. Животен процес, прифати си го наместо да цмиздриш.
И многу ми е јако кога ќе прочитам, абе ич не се каравме, немавме големи расправии, се сакавме многу, абе совршена врска. Да, ако некој глумел ваљда. Не е возможно ако си реален да не се отераш у пм во разни случаеви. Многу девојки имаат некаков глуп чип во мозокот со кој мислат дека ако се фини, ќутат и не зборат што им смета, дека така е правилно и дека нема да бидат оставени некогаш. Ова е факт што го иам соберено од многу девојки што ги познавам, така што, не е вредно за дискусија, пошто така е. Глумење нема нигде да ве донесе, или еве кај ќе ве донесе, збунета сум, не знам што сакам, те оставам после пет години совршена врска во која ич не се каравме. :D
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
Се е пореметено веке ,начинот на живот и општеството се менувт и едноставно неможеме да функционираме како од пред 10-20 години, знаете колку врски и бракови се раскинаа на генерациите помегу 25 -35 години многу. Вие се сакате и се оди како подмчкано,на тебе ти излегува работа у Шведска таа магистрира и влага у филм ке прави кариера и тука љубовта нема кај да дише веке...
Гледам по социјалните мрежи мајка со 2 деца ги разголила цицките го истртила дупето и ја следат 2000 луге па што да прави мажот или обратна ситуација...Не си создавајте непотребни нервози врска и брак ке биде реткост во наредните години:backa:
Сите женски сакат да бидат атрактивни курвичиња,а сите машки издипилирани педерчиња и ко бајаги фраерчиња...:tapp::pos::vozbud:
 
Член од
29 септември 2017
Мислења
178
Поени од реакции
102
Се е пореметено веке ,начинот на живот и општеството се менувт и едноставно неможеме да функционираме како од пред 10-20 години, знаете колку врски и бракови се раскинаа на генерациите помегу 25 -35 години многу. Вие се сакате и се оди како подмчкано,на тебе ти излегува работа у Шведска таа магистрира и влага у филм ке прави кариера и тука љубовта нема кај да дише веке...
Гледам по социјалните мрежи мајка со 2 деца ги разголила цицките го истртила дупето и ја следат 2000 луге па што да прави мажот или обратна ситуација...Не си создавајте непотребни нервози врска и брак ке биде реткост во наредните години:backa:
Сите женски сакат да бидат атрактивни курвичиња,а сите машки издипилирани педерчиња и ко бајаги фраерчиња...:tapp::pos::vozbud:
Се` уште постојат и поинакви од овие што ти ги опиша, не генерализирај беспотребно.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.819
Поени од реакции
12.225
Се` уште постојат и поинакви од овие што ти ги опиша, не генерализирај беспотребно.
Никој не рече дека не постојат.
Постојат ама ќе бидат се помалку.
Слободно можи да генерализира
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
Се` уште постојат и поинакви од овие што ти ги опиша, не генерализирај беспотребно.
Мал е бројот а за 10до 20 години ке биде уште помал, не дека ја тоа го сакам ама тоа е не избежно,на времето никад неможеше да ја видиш кошивкати разголена или атрактивна сега само стави follow и отвараш 100 слики се е покажено на мегдан,а најтрагично мажот никаде го нема,ставаш еден лајк и играта може да започне...
Современото време ја уби врската ја уби љубовта
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.152
Поени од реакции
16.095
Да, сега сите се курви, порано никој/а не се швалерисуваше, мењаше ко чорапи, комшивките пристојни, луѓето не се сексаа итн. Интернетот го измисли сексот и изневерувањето. Се слагам.
 
Член од
29 септември 2017
Мислења
178
Поени од реакции
102
Да, сега сите се курви, порано никој/а не се швалерисуваше, мењаше ко чорапи, комшивките пристојни, луѓето не се сексаа итн. Интернетот го измисли сексот и изневерувањето. Се слагам.
:D:ROFLMAO::ROFLMAO:
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Имам приметено дека женските кои имаат долга врска и идат на сезонска работа во Америка се враќаат сменети за 360 степени, сакаат повеќе слобода и почнува да им мрда опашот. Гледаат дека поубав е животот без обврска.

Еден другар вака се заеба, 5 години ја чуваше кај него по што беше од друг град и ја пушти во Америката на печалба. Кога таа се врати се гледаше дека не е тоа што беше, ама за да не му бега овој ја запроси. После некое време ја фати со еден постар и тој беше сопственик на кафаната каде што овој ја запроси. :vozbud: Шпанска серија. После неколку месеци таа се омажи за тој швалерот. :D
Па ако била во долга врска тука постојано веројатно била со дечкото, се ново и е интересно и тоа е тоа, не мора да отиде во САД, може и до Србија да отиде на неколку месеци, па да се врати сменета.
Само како надополна, женските се враќаат многу променети, а машките најчесто не се ни враќаат откако ќе заминат, па макар и 2 женски да имаат тука, имав и другари кои имаа женски тука, но ја летнаа и останаа на црно после Work&Travel.[DOUBLEPOST=1521384649][/DOUBLEPOST]
Да, сега сите се курви, порано никој/а не се швалерисуваше, мењаше ко чорапи, комшивките пристојни, луѓето не се сексаа итн. Интернетот го измисли сексот и изневерувањето. Се слагам.
Немало простор да се сексаат на страна, 5-6 деца да ги родиш и изгледаш не е лесно :D
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
Да, сега сите се курви, порано никој/а не се швалерисуваше, мењаше ко чорапи, комшивките пристојни, луѓето не се сексаа итн. Интернетот го измисли сексот и изневерувањето. Се слагам.
На времето имаше две три лесни женски ги стискаше кој ке стигне и некаде на 25-26 години се омажија и сега у вистинска смисла на зборот се домакинки со дечиња,сега не познавам женско кое е мажено на 25 години да има деца,да го почитува мажот да постои одреден врска љубов измегу нив,не сакам да наведувам примери зашто не добро,сега други вредности владејат
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.874
Поени од реакции
10.396
Да, сега сите се курви, порано никој/а не се швалерисуваше, мењаше ко чорапи, комшивките пристојни, луѓето не се сексаа итн. Интернетот го измисли сексот и изневерувањето. Се слагам.
Од една страна си во право, и порано го имало тоа. Од друга страна и останатите се во право, тенденциите се во правец на тоа дека се поретко се наоѓаат личности за создавање семејство. Бракот и сериозната врска бараат жртвување и трпение, а тоа денес ретко го има. Секој се става себеси и својата среќа во прв план. Ова важи и за машките, да не ме сфатиш погрешно. Достапноста на сексот исто така ја намали потребата за впуштање во нешто сериозно. Има нешто полесно од 2 клика до секс? Кој е луд да троши време да прави некого среќен и да се жртвува себеси...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom