7ца или Ројал (сендвичари)

  • Креатор на темата Креатор на темата Mr Animator
  • Време на започнување Време на започнување
Мој совет, идете на Лесковачка скара. Во Аеродром има 2 локали, подобрата е кај Пулевски основното. Месото е прва класа,обична и шарска плескавица им се топ, лепчињата се секогаш тазе. Ако не ви се јаде класичен леб, можете во тортиља да им кажете да ви стават месото, особено јака комбинација е стек во тортиља..мераци.
 
Живи гомна се и двете, ако ви е за нешто поздрава варијанта со поквалитетно месо и состојки, Фитнес Хаус ви е океј, само што се посраа и они место пекарски компири ко што ставаа порано, сега ставаат 3 листа марула салата за истата цена, а цената е 170 денари воопшто не е мала. И сендвичот место 1000 калории сега им е 500... Ова важи и за пилешкиот стек и за телешкото месо. Им ставив и на нив икс. Така да најдобра опција да си купувате замрзнат стек и да си го приготвите дома како сакате или пак да купите од готовите јадења од кујни во Тинекс, Веро итн. Ова ви е совет, ако приоритет ви е квалитетот на храната и здравјето, ако ви е приоритет вкусот кај мајонез подобро ќе се цеди, не би знаел да кажам. И Ројал и Седмица сум пробал и сум му ебал матер на стомакот, со среќа на тие што јадат постојано од таму (y)
 
Седмицаааааа во Ројал празен ми е,во Седмица се поубави и повкусни
 
Izglea ja sum edinstvena u cela MK sto nema jadeno u 7ca i Royal :D
И јас ти се придружувам. :ROFLMAO:
Посигурно од тоа пред тебе во продавница да ти сомелат месо, па дома да ги сплескаш плескавиците, нема. :X3:
 
Пред неколку години јадев Чичко Стоилко во ГТЦ и хамбургерот беше екстра исто и хотдогот,Тетекс јадев во декември и пријатно бев изненаден,а најкатастрофален досега е сендвичот во лесковачка Вили ,Битола отворија пред 5/6 месеци не помина многу време и му ги кладоја катанците.
Доколку ве носи патот кон Битола и сакате да пробате добар сендвич ,прво ви го препорачувам моето најомилено место Лесковачка скара кај поштата,ненадминливи се,како второ Мики Бургер(едно има кај плоштад Магнолија,другото на Железничка) и како трета опција чичко Љубе кој работи во домашни услови во својата куќа и според мене сендвич со најдобро месо и незаменлив Tzatziki сос.
 
Во Битола сум јадел кај тие бутките, Кондор мислам се викаше сендвичарата. Имаше некој специфичен вкус што уште ми е останат во сеќавање. Сум јадел и во некој од тие другите околу, ама овој некако нај нај ми беше. Кога ќе одам повторно накај Битола, таму ќе навратам 100%. :)
 
Чист просек се тие ,зато и ги избегавам 'сем ако сум на врвење,ти викам Лесковачка кај поштата да поминиш нема да згрешиш.
 
Чист просек се тие ,зато и ги избегавам 'сем ако сум на врвење,ти викам Лесковачка кај поштата да поминиш нема да згрешиш.
Да да, се гледа дека се просек сендвичара. Него тоа што пишав, специфичен вкус имаше, па ми остана во сеќавање. Кој знае, може во моментот така се погодило. Инаку кога доаѓам, често сум на брзање, па колата ја паркираме кај салата и затоа само таму јадам. Кога ќе поминам на по лабаво, ќе ги посетам тие што ги спомна. :D
 
И јас ти се придружувам. :ROFLMAO:
Посигурно од тоа пред тебе во продавница да ти сомелат месо, па дома да ги сплескаш плескавиците, нема. :X3:
Да, по локалниве месари меленово месо е шо да ти кажам, најбоље у свет
 
Да, по локалниве месари меленово месо е шо да ти кажам, најбоље у свет
Мислев на тоа пред тебе да ти сомелат свинска плешка на пример. Ќе ја видиш одма каква е и ти ја мелат еднаш/двапати не знам колку сакаш... После тоа замрзуваш и готово, да нема потреба да купуваш од која била локална продавница кога ќе ти затреба. :D
 
Ако она ти е најдобро, тогаш имаш проблем со вкусот.
За ждригање им е супер сендвичот, покатастрофа не може да биде од нивниот бургер, 2 дена гасови имаш после јадење.
За стекот ич да не им го коментирам, најефтиниот стек што го имаат најдено го ставаат внатре, оној од Садиа што го има по маркети е дури подобар од стекот кај овие.

друже, ти имаш проблеми со стомакот очигледно ;)
 
Мислев на тоа пред тебе да ти сомелат свинска плешка на пример. Ќе ја видиш одма каква е и ти ја мелат еднаш/двапати не знам колку сакаш... После тоа замрзуваш и готово, да нема потреба да купуваш од која била локална продавница кога ќе ти затреба. :D

Сега ќе ти кажат ни тоа не чини.
Увезувано, замрзнувано, антибиотици а у...

Форум. 1 или 2? 3

Он-топик
7ца.
 
друже, ти имаш проблеми со стомакот очигледно ;)
Како од асално месо направено дома немам проблем, а од нивното имам?
Во таа плескавица прашање е дали 60% е месо, остатокот ти е соја.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom