7ца или Ројал (сендвичари)

  • Креатор на темата Креатор на темата Mr Animator
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 ноември 2017
Мислења
86
Поени од реакции
66
Мене искрено ми се свиѓа 7ца повеќе. А тебе? Зошто?
 
Леле, нај болна тема. Никогаш не можам да се одлучам. Имало моменти сум фрлал паричка за кај да јадам. :pos: Мада сега избегавам junk food, така да неам гајле.
 
Ни едната, ни другата...Завчера бевме во Ројал колеги од работа и никад више...Тој на каса што седеше како паднат од Марс беше, му повторивме неколку пати што сакаме и пак ни ја згреши нарачката...Сендвичите не беа ништо посебно, лепчето престојано со денови, внатре ни ставале кромид, марули без да не прашаат дали сакаме...И ни ги донесоа ладни и згрешени...
Следен пат кога ќе ни текне на брза храна, ќе го заобиколиме Ројал...
А за 7-ца, се знае - јадеш соја и рендан кромид т.н плескавица и после цел ден рефлукс имаш...
 
ни едното, ни другото... Тетекс!
Ако она ти е најдобро, тогаш имаш проблем со вкусот.
За ждригање им е супер сендвичот, покатастрофа не може да биде од нивниот бургер, 2 дена гасови имаш после јадење.
За стекот ич да не им го коментирам, најефтиниот стек што го имаат најдено го ставаат внатре, оној од Садиа што го има по маркети е дури подобар од стекот кај овие.
 
Нашиве сендвичари ми го откажаа лигавењето по мелено месо. Едвај го јадам сега, фала им искрено.
 
Зависи. Периодично мењам.. периодов Ројал иначе си поштуем и Седмица, али у главно гледам да избегавам брза храна колку што можам.
 
Сестра ми работи во близина на Ројал и еднаш седнавме таму на ручек. Месото ај, се гледа тапа ама проаѓа некако но тоа мајонез ли што беше, колку тешко ми падна после awwwww :( за седмица имам сто пати пишано на форумов, ако некој со гастритис ја јаде плескавицата секоја чест.
 
Само донер бајо мој, каков ројал каква седмица (y)
 
Следен пат кога ќе ни текне брза храна, ќе одиме во Урбан Бургер (ги форсираат по социјалниве мрежи...), а ако и таму испадне како во Ројал одвратно тогаш дома ќе си спремаме фаст фуд кога ќе ни текне...:cautious:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom