Како ќе помогне албанскиот во Источна Македонија?
Дали овој закон ти среди некој општествен проблем?
Одговори ми на овие две прашања па ќе продолжиме со дискусија.
И не ми реплицирај со глупости како ние Македонците вас ви ги тепаме жените и децата.
1. Не знам точно што е предвидено, но и да е официјален во Источна Македонија,
тебе никој нема да те принудува да зборуваш на албански јазик. Иако не верувам дека и во Источна ќе е официјален, а ако е официјален, ќе е официјален толку колку албанци ќе имаат некоја работа таму, значи ќе помогне кога ќе имаме работа таму, а тебе нема да ти одмогне ништо.
2. Овој закон мене ми среди некој општествен проблем,
колку што тебе ти растури-оневозможи некое општествено добро,
значи НИЕДНО.
3. Одговорено
4. Да баш денеска, убиството на едно дете беше преквалификувано како сообраќајна незгода, а и други државни монтировки никако да добијат епилог ... после законот за јазици, на ред е, а и треба да заврши и феноменот ,,тури му пепел ш*птар е нека лежи,, односно ,,мртов ш*птар, добар ш*птар,,
Насилниците - расипаните луѓе се охрабруваат кога законите не функсионираат, затоа денеска братот на тој што го усмрти Алмир им покажуваше среден прст на роднините на Алмир, истиот овој што покажуваше денеска среден прст, на видео снимката се гледа како удира по главата на таткото на Алмир, кој што го носеше на рака тешко повреденото дете.
Угнетувањето мора да заврши, за да се изгради заедничка држава.
Рамноправна држава за сите.
Правото на национално, верско, културно и друго изјснување и негување е елементарно човеково право и тоа ни под разно не смее да се спореди со цитирам : НЕКОЈ ОПШТЕСТВЕН ПРОБЛЕМ. (веројатно мислиш на вработување, инфраструктура, владеење на правото...)
Од една страна ме кочиш-застануваш кај елементарните права како што е тоа да зборам на мајчин јазик, а од друга страна бараш да решиме заеднички проблеми како што е да речам економскиот развој, нејасно ми е како сакаш економски развој без елементарни права, рамноправност.
Жално е што овој закон се донесе на ваков начин, се протестираше и за Педагошки во 90-тите, се протестира и за албански во 2018, срамота да се протестира против правата на останатите, кои што во ништо не ги загрозуваат правата твои.