Kindle

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Мислам да купам киндл или некој сличен на него (гледам исто така и една компанија Energy systems).

Најчесто би го користел за читање стручна литература (медицински учебници). Знам дека е добар за читање на text-only книги, ама дали некој го имат користено за стручна литература и шо мислење имате??
@Vanlok @ficdogg
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699

На киндл, само книги за киндл, во главно само текст и форматиран специјално за киндл во моби или епуб.
Литаратурата што ја имаш најверојатно е во пдф, а пдф e pain in the ass на киндл да читаш, поготово ако има и илустрации. За такви работи само таблет, плус за медицина важно ќе ти биде да можеш сликите во боја да ги гледаш.
 
Член од
27 октомври 2009
Мислења
89
Поени од реакции
14
Луѓе, купив киндл paperwhite пред помалку од месец. Се е во ред, супер, арно ама кога вторпат го поврзав киндлов на лаптоп со цел да се полни, лаптотов се рестартираше. Пробав пак, и лаптопов јавува некаков проблем и цело време се рестартира. Сега не можам ни да го полнам, ниту книги да префрлам. Страв ми е пак да ги поврзам да не се зафркне нешто.
Му се случило нешто вакво на некој?
Инаку, имам windows 10 ако е од некакво значење за проблемов.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617

Многу значи што е виндоус 10.
Пробај на друг писи чисто за да елиминираш дека не е до уредот.
Ако на друг писи работи дефинитивно е до виндоусот.
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Можно е до виндовсот да е, после последниов апдејт, и мене ми се има појавено BSOD два пати.
Ако ти е само за полнење, полни го со полнач од телефон (секако само ако е со микро УСБ полначот), плус побрзо ќе ти се наполни.
 
Изгледа ќе да е до тоа. Го поврзав со лаптоп што има windows 8 и немаше никаков проблем.

Фала ви за одговорите.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617

Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
835
Поени од реакции
1.471
Не знам дали е некогаш споменато, ама дека го прочитав коментарот на @ficdogg за пдф конверзијата дека е pain in the ass ми текна на програмчево. Значи не сите пдф се толку комплицирани за конверзија, ако не се кодирани, некои пдф имаат малце компликации меѓутоа преку Калибре + во некои случаи сечење (cropping) на книгата за отстранување бројки на страни и хедер/футер се средуваат лесно. Многу непотребни работи може да се средат преку regex експресии и други мали твикови, како и table of content, кој умее.

Прилично поголем проблем се пдф фајлови со графици, формули, шеми и тн. обично стручни книги. Недај боже ако се скенирани, mission impossible ...almost. Kindle подржува изворно читање на пдф, меѓутоа е никакво искуство, за кое треба мачно скролање и зумирање, едноставно е една од најфрустрирачките работи кои може човек да ги доживи :mad:. За среќа има генијален workaround преку програмчево што се вика k2pdfopt. Така, секој пдф може да се претвори во нов со двојно повеќе страни, при што секоја страна ќе се подели на два дела, во две колумни или во два реда во зависност од структурата која ви треба. Е сега новото пдф е многу поголемо (пример 50-100мб) бидејќи ги зачувува графички поединечните страни, а не текстуално. Но тоа не е никаков проблем за kindle-от да ги чита дури и побрзо од текстуалните, бидејќи не го процесира изгледот, само прикажува готова слика, единствено фаќаат доста повеќе меморијата. Но, ако нема друго решение за тоа пдф, фер trade-off е мислам, и 2гб да имате сигурно немате потреба да чувате од 1000 книги наеднаш. Друг недостаток е што ако ги поделите хоризонтално страните, по редови, ќе мора хоризонтално / во landscape да читате за читлив приказ. А фонтот секако е фиксен бидејќи е слика и обично доста помал, па во зависност од вашиот вид може да имате проблем за читање (без наочари), но проаѓа, нема подобро решение за ваква ситуација. Зборовите дури и на скенирани книги ги препознава, постојат во позадина и може да се селектираат за речник, ако е коректно оптичкото препознавање, не и за белешки мислам. И треба java runtime да имате инсталирано :D
 
Член од
21 јануари 2018
Мислења
142
Поени од реакции
148
Здраво. Го поставив прашањето во друга тема, ама и да си прашам тука. Каде може да најдам македонска литература за на киндл ? Има на македоника, ама таа не може да се чита на киндл, туку само на некој лед екран. Може има, ама не можам да најдам опција да ја спуштам.
 
Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
835
Поени од реакции
1.471
Здраво. Го поставив прашањето во друга тема, ама и да си прашам тука. Каде може да најдам македонска литература за на киндл ? Има на македоника, ама таа не може да се чита на киндл, туку само на некој лед екран. Може има, ама не можам да најдам опција да ја спуштам.
Нема опција, а и секако не гледам некој избор вака, освен стандардни школски лектири другото гледам се некои нови автори или историски книги. Има начин како да се некоја книга да биде читлива за киндл, не е премногу тешко ама имаш до толку желба за некоја книга од таму ќе те упатам, ама бара малку време и труд.

Имаше една страна на фб за македонски книги, во пдф беа претежно, ама списокот со линкови не им седи веќе. Имам зачувано некоја постара верзија од пред неколку години ќе ти ги пратам ако нешто од тоа те интересира, иако не знам дали сите линови се сеуште активни. Ако има некој некаква колекција на книги на македонски нека сподели :)
 
Член од
21 јануари 2018
Мислења
142
Поени од реакции
148
Фала многу за одговорот. Јас не можам скоро ништо да најдам. Ги барам претежно книгите во средно образование што се обработуваат - македонските постари дела, како Пиреј, Црно семе, Парите се отепувачка итн. И по библиотеки имам прашано и на многу места каде се надевав да најдам, ама ништо. Сепак фала многу за одговорот и ако налетам на нешто, со радост ќе споделам.
 
Хм, гледам ги има Парите се отепувачка и Црно Семе, ќе пробам нешто да ти средам ако ти требаат, за други ако сакаш ќе ти објаснам како

Цел список на книги на Македоника: http://www.makedonika.mk/Knigi.aspx
По автори: http://www.makedonika.mk/Avtori.aspx
 
Последно уредено:
Член од
8 август 2016
Мислења
28
Поени од реакции
12
Од каде да купам Kindle Paperwhite? Не знам дали им е упдејтирана страната на анхоч пошто покажува само еден модел 3та генерација а не сум од Скопје да идам да видам
 
Kajgana Shop

На врв Bottom