Е сеа, кој просветителски разум? У која ефективна смисла прифатен од широките народни маси го наоѓаш тој просветителски разум? До 15ти век имаш религија како пропаганда, со шизмата имаш на кој Бог му е поголем пропаганда плус разорни војни, у време на процут на т.н. граѓанство имаш јакобинци и Бонапарта гилотина пропаганда.
Ги рипна најбитните век ипол. Просветителство почнува од втора половина од 17 век и трае низ 18 век. Токму времето кога моќта на религијата што ја зборуеш, иде јабана и почнуваат да цутат британските емпиристи, Кант и све тоа (зборуваме за Европа). Таа шизма што ја кажуваш и апсолутистичките пориви на тогашните владетели што му претходат на просветителството, довеле до рушење на теократската моќ и доаѓањето на добата на просветителството. Од друга страна, Жан Жак Русо, црната овца меѓу сите просветители, е татко на јакобинците. Иако де јуре, они се декларираат ко просветители, де факто почнуваат да го дрват со нова форма на митос. Местр кога ги критикува, се плаши од нивниот фанатизам и „духот на револуцијата“. Наполеон влече кон традиционалните корени и кратко се декларира како просветител, за на крај да се круниса ко император и да почне да сере за просветителството. Тој Наполеон, фрла по оганот со масло и ја буди таа национална свест, со себе како водач.
Али да не избегам од темата. Масите се маси, проблемот што сите историчари го зборуваат, е дека у добата на ирационализмот, интелектуалната фела во Европа, се откажува од Разумот. Професори почнуваат да предаваат за моќта на насилието и митот, филозофи да дркаат на моќта на нерационалното. Кога интелектуалците кои треба да бидат единствениот чувар од блајтот биваат корумпирани, тогаш проблемот суштински станува поголем и подлабок... Каква и да е масата, Разумот не смее да биде фрлен од академиците. Никогаш педер. А бидејќи масите се лесни за таква манипулација, посебно како група, никој не очекува масите да станат просветлени. Тоа за што се бориме, е етиката на тој што ги води масите. Кога лидерот ја користи глупоста на масата и ја храни со митови, тоа е проблем.
Трпе постои од Микена бе пеер. Тоа што му е блиско и свето на Трпе е различно, ама интензитетот со кој он е спремен да го брани е ист. Немој да ми наоѓаш историски ексклузивитет на примитивизмот. Лупус ест е континуитет.
Ја не наоѓам историски ексклузивитет на примитивизмот, примитивизмот е дел од нашата машинерија. Ја кажувам дека митовите го поттикнуваат тој примитивизам. Со тие верувања што имаат огромна моќ, луѓе фрлаат масло во оганот, се откажуваат од критичкото размислување и ги испуштаат уздите од раце. Па кај носи коњот, таму. Поентата не е дека немало примитивизам секогаш, ниту дека сите примитивни карактеристики се лоши. Примитивните сили, некогаш се супер. Но некогаш, примитивните сили како на пример поривот за социјална припадност, може да избегаат од контрола и да доведат до екстремизам. Поради тоа, Разумот треба да се бори со „светите работи на Трпе“, бидејќи Трпе ќе стане фанатик и Трпе ќе почне да прави бељи. Понекогаш, Трпе не го поседува тој Разум и е лесно подложен на воспевање на свети работи, а некој гомнар, ја користи наивноста на Трпе и го храни со такви гомна.
Е сеа, зошто ја, како (еве нека бидам ехото на) Трпе, да правам исчекор на своја штета пред примитивизмот на комшијата? Како моите цивилизациски вредности досега ја подобриле мојата егзистенција? Дали подобро поминале тринаесте колонии кога решиле да ја чистат Америка од индијанци или ние кога решивме да бидеме инклузивни при составување Устав? Дали подобро поминале Полска и Грција кога набркале Германци и Турци насилно од нивните живеалишта или ние и Србија кога промовиравме граѓански права, автономија и децентрализација?
Дали си озбилен со ова?
За тие работи шо си ги навел, а се случиле, ДПМНЕ се казнети. А за тоа дали била спремна да шитне едно, да продаде друго и дали сигурно ако се случело трето, пушејќи му го на некој четврт, ќе не преебеле за нешто петто, тоа батали. Муабетот е во стил на "ја ти тврдам дека овие ќе не упукаат у вселена сите и ќе ни праат Dark City двојка" и е несериозен. Ова шо сега се шитка е предмет на меѓународнообврзувачки договор(и), каде ние се прокламираме како иредентистичка креација со мегаломански тенденции, ќе дозволиме огромен преседан во светски рамки у смисла на внатрешно уредување на едно општество и отвараме геополитички can of worms, за кој шо, за разлика од тебе, нема да шпекулирам како ќе заврши.
Тебе кога ти одговара предвидуваш како ќе завршат некои работи, а кога не ти одговара, не? Ја не реков дека знам како ќе заврши оваа калакурница. Ја кажувам дека ВМРО ги ветиле истите работи ако дојдат на власт и дека земена моќта на странскиот фактор, огромна е веројатноста истото да ни се дешаваше сега (а можда и полошо), само со ВМРО. Не може никој да знае, што би било, кога би било. Така што, по истата логика, не може да знаеш што ќе се дешава со СДСМ на власт, за година, две. Така?
Твоите естетски проблеми со Трпевците се друга работа. Ти изгледа сакаш фина, салонска тиранија, кај шо ти излегува начешлан господин со миени заби за кој шо не знаеш, ама можеш да се кладиш дека мириса на лаванда, како со парфимиран речник ти кажуе дека ќе ти го бапне. И тоа колективно, од Устав па надоле. Ако се побуниш, фино ти стасуе опомена на работно место, напишана од друг господин искусен у составуење твитер досетки, а ако продолжиш фино те известуваат дека твоите услуги веќе не се потребни. Идеш дома и си викаш дека бар има бре ниво!
Оти не е битно шо се случуе, битно е како се случуе. Не може веќе глуп Трпе да плука на микрофон, со тоа забите муљосани од рмбање по фабрики за ичпари, да смрди пред собрание со тоа алиштата скапани и да ми кажуе шо него му било свето у тоа глаата празна. Трпе, шо не знае ништо за француската револуција и за Томас Мур..
Моите проблеми не се естетски, туку морални. Тој фин господин, у време на ВМРО, исто влагаше така на работа и бркаше кадри што се појавуваат на Шарена Револуција, како што прави и овој господин. Тука нема разлики. Само има огромни разлики во моралната тежина на „да те опоменат фино за говор што не им одговара на партиските интереси и после да те избркаат фино“, со да ти влезат Трпевците у Собрание и да те млатат бидејќи хулиш по нивниот гуру/култ лидер. Да фатат Трпевците и да плачат за господинот Груевски, кој како татко се жртвуваше за своите деца... Ако за тебе, ова е естетско прашање, а не морално, нема што да зборуваме више.