Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Да глупи се споредбите, ама глупи се за да увидиш нешто што ти се пропушта низ очи... а тоа е злоупотребата... Исто како што е злоупотребен национализмот, религијата, исто е злоупотребен и комунизмот исто денеска се злоупотребува и демократијата.....
Тука се слагаме освен за национализмот - сосема друго е.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.639
Поени од реакции
26.162
СО ЈАМАЈКА ДИСКУТИРАШ ЗА ИСТОРИЈА!!!!! :pos::pos::pos::pos::pos:
Вау 5 смајлиња,,,, употребен е врвот на аргументација.. Мора да зборува вистина човеков...[DOUBLEPOST=1520028993][/DOUBLEPOST]
Тука се слагаме освен за национализмот - сосема друго е.
Не е друго, на национализмот му се приковуваат одликите на шовинизам и се деминизира, исто како што на комунизмот му се приковува сталинизмот.... во суштина национализмот е повеќе културна одлика одколку политичка. И изразувањето на разлики не потегнува насилство туку соработка. Секој кој повикува на насилство на етничка основа, не е никаков националист, туку е обичен насилник како и секој друг што повикува на насилство на било која основа.. Освен во одбрана нели...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
не можеш да очекуваш цвеќиња од човек на којшто плукаш... Имаше начини да се смени грујо без да се закрви народот....
Што се закриви бре толку за нецела година ?
Да не сакаше да кажеш за 10 - 11 години ?
СО ЈАМАЈКА ДИСКУТИРАШ ЗА ИСТОРИЈА И ИДЕОЛОГИИ!!!!! :pos::pos::pos::pos::pos:
Му лижам г'з (држел добар џоинкт)
во суштина национализмот е повеќе културна одлика одколку политичка.
Маваш некој опасен лемон хејз или аеродромски сканк немам друго објаснување.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Колку си театрален. Ми падна жал сеа пер за сиротиот Трпе со вергината у дневна.

Цело воспевање на митот од почеток на 19-ти век, до прва половина на 20-ти век, цело курчење против просветителскиот Разум, доведе до Светски Војни, до моронски филозофи и деградација на цела Западна цивилизација. Ти што се гордееш со таа цивилизација, е контрадикторно да ми кажуваш вакви работи. Тие сорелски митови, воспевање на националниот идентитет што патем е непозната работа пред Француската Револуција, е храна за глупиот, племенски примитивизам што му еба матер на западниот свет, век ипол.
Прво, да се разбеме за најбитното. Нигде не фаворизирав романтизирање на истории, креирање и гаење национални митови. Во ниту еден дел од ниту еден пост.
Е сеа, кој просветителски разум? У која ефективна смисла прифатен од широките народни маси го наоѓаш тој просветителски разум? До 15ти век имаш религија како пропаганда, со шизмата имаш на кој Бог му е поголем пропаганда плус разорни војни, у време на процут на т.н. граѓанство имаш јакобинци и Бонапарта гилотина пропаганда. Трпе постои од Микена бе пеер. Тоа што му е блиско и свето на Трпе е различно, ама интензитетот со кој он е спремен да го брани е ист. Немој да ми наоѓаш историски ексклузивитет на примитивизмот. Лупус ест е континуитет.
Е сеа, зошто ја, како (еве нека бидам ехото на) Трпе, да правам исчекор на своја штета пред примитивизмот на комшијата? Како моите цивилизациски вредности досега ја подобриле мојата егзистенција? Дали подобро поминале тринаесте колонии кога решиле да ја чистат Америка од индијанци или ние кога решивме да бидеме инклузивни при составување Устав? Дали подобро поминале Полска и Грција кога набркале Германци и Турци насилно од нивните живеалишта или ние и Србија кога промовиравме граѓански права, автономија и децентрализација?

Уште Доста покојната, го пушеше курот на Бугарите, ВМРО си го правеа тоа на редовна база. Им прдна сеа да станат антибугари, пошто се опозиција. Груевски што трубеше за национални идентитети, ќе го шитнеше гзот на истите Бугари и Грци, ако тоа му го испееја ЕУ и јуесеј, за секунда. Шиткањето на јазикот и идентитетот, почнаа уште од 2001-ва, што зборам ја, од 91-ва... Само кај простиов народ, проруските пропаганди и „ТИ СИ МАКЕДОНЕЦ“ палеа, додека немаа за леб и мислеа дека нешто се гради и остварува. Груевски патем, секојдневно му се сереше во уста на имагинарниот ти национален идентитет. ВМРО дигна УЧК споменици, ВМРО помилува хашки злосторници, ВМРО даде амин на јуесеј амбасада со големина на град, списоков иде до бескрај. Видовме колку ги заболе кур ВМРО за македончето. ВМРО ги правеше истиве работи и беше спремна да шибне два јазика на парите, да го испуши на соседите и да смени историја, само да приграби уште малце власт, уште малце да полапа пари и да се изживува. Ќе ги гледаше истиве работи (ако не и полошо), да не одлучеа ДУИ во задњи моменти, да ги шитнат пошто јуесеј така им кажаа по телефон. Идиотите влегоа у Собрание како ретарди, само за да не си ја изгубат моќта и откако се обрукаа, се испосраа на крај. У СОБРАНИЕ влегоа, ееј!!! Трубеа по телевизии, весници, на улица, сегде, за комуњарчињата и его триповите им идеа до бескрај на кутриот Трпе и другарите од нива. Тој Трпе со вергината, гордо чекореше по улица и сереше за комуњарчињата додека немаше никаков проблем со господинот Груевски кој безброј пати, му сереше и повраќаше на националниот идентитет пошто тој Трпе е неписмен, глуп и лесен за манипулација. Не ме боли кур за неписмениот кутар Трпе, пошто тој кутар Трпе е делче од моронството на огромните маси. Тој сирот Трпе кога ќе се собере со уште многу сироти Станковци, Стојковци и Перси, е народна маса што прави ГДОМ протести, влага у Собрание и други бељи. Тој твитераш е арогантно помпезно гомце, квазиинтелектуалец и стотројкашка дркачина. Тука завршува неговата опасност. Така да, не шибај емоции у кои Трпе е маченик, за да постигнеш ефект.
За тие работи шо си ги навел, а се случиле, ДПМНЕ се казнети. А за тоа дали била спремна да шитне едно, да продаде друго и дали сигурно ако се случело трето, пушејќи му го на некој четврт, ќе не преебеле за нешто петто, тоа батали. Муабетот е во стил на "ја ти тврдам дека овие ќе не упукаат у вселена сите и ќе ни праат Dark City двојка" и е несериозен. Ова шо сега се шитка е предмет на меѓународнообврзувачки договор(и), каде ние се прокламираме како иредентистичка креација со мегаломански тенденции, ќе дозволиме огромен преседан во светски рамки у смисла на внатрешно уредување на едно општество и отвараме геополитички can of worms, за кој шо, за разлика од тебе, нема да шпекулирам како ќе заврши.
Твоите естетски проблеми со Трпевците се друга работа. Ти изгледа сакаш фина, салонска тиранија, кај шо ти излегува начешлан господин со миени заби за кој шо не знаеш, ама можеш да се кладиш дека мириса на лаванда, како со парфимиран речник ти кажуе дека ќе ти го бапне. И тоа колективно, од Устав па надоле. Ако се побуниш, фино ти стасуе опомена на работно место, напишана од друг господин искусен у составуење твитер досетки, а ако продолжиш фино те известуваат дека твоите услуги веќе не се потребни. Идеш дома и си викаш дека бар има бре ниво!
Оти не е битно шо се случуе, битно е како се случуе. Не може веќе глуп Трпе да плука на микрофон, со тоа забите муљосани од рмбање по фабрики за ичпари, да смрди пред собрание со тоа алиштата скапани и да ми кажуе шо него му било свето у тоа глаата празна. Трпе, шо не знае ништо за француската револуција и за Томас Мур..

Али стереотипиве ти фрчат. Сите што ги гласаа СДСМ, се твитерашки дркаџии? Што правиме со твитерашките дркаџии што не ги гласаа СДСМ, туку шознам, левица? Или не гласаа. Или тие на кои им дојде преку кур од ВМРО и гласаа за помалото зло?
Грото од владината ПР машинерија шо ми продава смрт со салонски речник и се труди да создаде нови трендови и државен мајндсет се тие, твитер куртони. Од таму се жнеени. Не генерализирам, лоцирам. Ти сакаш да генерализирам. :)
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.639
Поени од реакции
26.162
Што се закриви бре толку за нецела година ?
Да не сакаше да кажеш за 10 - 11 години ?
Зборам за времето на протестите, бомбите и шарената револуција...

Па обединувачкиот фактор, можеше да донесе до невиден триумф на тогашната опозиција, уште повеќе што имаше бајаги луѓе во ДПМНЕ незадоволни од владеењето, кој од лични причини, кој од идеолошки... Наместо да ги придобијат, идеа на уште поголем раскол.... Не дека не успеаа да дојдат на власт, но резултатот е ...тој што е... Јас генерално сум против владеачката структура (против двете партии) и искрено не очекував ништо поарно (за жал исто и ти иако си гласал) Но човек едноставно криво ми е што ни се прави, неможам веќе да гледам беда, немаштија, болно ми е....а све од причина што сме во раскол и неможеме да застанеме сложно против ова што ни се прави....[DOUBLEPOST=1520029990][/DOUBLEPOST]
Маваш некој опасен лемон хејз или аеродромски сканк немам друго објаснување.
Абе види сега, тоа е до мајндсетот, како што многу луѓе го сваќаат комунзмот како најголемо зло што му се случило на човештвото така и ти си го сметаш таков национализмот... и генерализираш ... И тука досетките од овој тип нема да го сменат реално овој факт. Тоа е само point of view...

Иначе јас немам ништо против принципите на комунизмот.. Дури и нужно не го одвојувам од национализмот. Само имам сомнеж во неговата примена...
 
Последно уредено:

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Зборам за времето на протестите, бомбите и шарената револуција...

Па обединувачкиот фактор, можеше да донесе до невиден триумф на тогашната опозиција, уште повеќе што имаше бајаги луѓе во ДПМНЕ незадоволни од владеењето, кој од лични причини, кој од идеолошки... Наместо да ги придобијат, идеа на уште поголем раскол....
Кој идеше на поголем раскол ?

Не дека не успеаа да дојдат на власт, но резултатот е ...тој што е... Јас генерално сум против владеачката структура (против двете партии) и искрено не очекував ништо поарно (за жал исто и ти иако си гласал) Но човек едноставно криво ми е што ни се прави, неможам веќе да гледам беда, немаштија, болно ми е....а све од причина што сме во раскол и неможеме да застанеме сложно против ова што ни се прави....
И мене ми е жал што за време на светска економска криза, репресија и пост светска економска криза, репресија се трошеа пари за глупости, се крадеа пари и се создаваше војска мали миниончиња а на ниеден си и оу нема да му фали влакно, само ќе мантраме кој бил предавник, национализам, комунизам и сл. глупости.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.639
Поени од реакции
26.162
Кој идеше на поголем раскол ?
Па шарените, свесно или несвесно... со сендвичи... небањати.... така не се придобиваат луѓе... така се тргаат... Затоа беше и изненадувачкиот резултат во декември.. да немаше седнвичи и небањати по твитер... во декември ќе беше резултатот 5:0,а не да победи зајо на пенали.....
Само очигледно е дека целта беше уште поголем раздор, за да може да се изработи тоа што сега се работи.... суетата на човекот е заебана работа, па сега на некои луѓе не им дава да ги излижат гомната што ги исрале... А кога ќе кренат ќе биде касно...[DOUBLEPOST=1520030923][/DOUBLEPOST]
И мене ми е жал што за време на светска економска криза, репресија и пост светска економска криза, репресија се трошеа пари за глупости, се крадеа пари и се создаваше војска мали миниончиња.
И сега наеднаш можда престана да ти е жал а?

Види, тебе ти е жал за тоа што си рекол, мене воопшто ми е жал овие 27 години, без разлика кој бил на власт.... пошто сите не опуштосија и никој не одговара за тоа, ниту пак ќе одговара....
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Па шарените, свесно или несвесно... со сендвичи... небањати.... така не се придобиваат луѓе... така се тргаат... Затоа беше и изненадувачкиот резултат во декември.. да немаше седнвичи и небањати по твитер... во декември ќе беше резултатот 5:0,а не да победи зајо на пенали.....
Само очигледно е дека целта беше уште поголем раздор, за да може да се изработи тоа што сега се работи.... суетата на човекот е заебана работа, па сега на некои луѓе не им дава да ги излижат гомната што ги исрале... А кога ќе кренат ќе биде касно...
Шарените правеле раскол додека од друга страна власта ти организира контра протести.
Интересно.

И сега наеднаш можда престана да ти е жал а?
Да, не ми е жал веќе освен за гладните деца во Африка и змејовите во Кина.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.639
Поени од реакции
26.162
Шарените правеле раскол додека од друга страна власта ти организира контра протести.
Интересно.
Види сега,тоа беше единствена можност да останат на власт нормална реакција во очај, и тоа во никој случај допринесе за поголем раскол.....
Ама многу од тие контрапротестантите беа уценети, заплашени и слично, а од другата страна беа дочекани со сендвичи и небањати, замисли да ги дочекаа со цвеќиња, па и со знамиња од вергина, ако треба....?!?

Види муабетот ми е, навидум постојат две страни, а во суштина е една.... само за да владеат, мораат да се прикажат како две и да го поделат народот, така да да бараш одговорност само од едната партија е смешно... и јас тоа не го правам, само ти го предочувам очигледното, целта е да се раздели народот и тоа го прават и двете партии....
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Види сега,тоа беше единствена можност да останат на власт нормална реакција во очај
Нема врска, добро се сеќавам кога имаше контра протести за Мартин Нешковски(знаеш кога беше тоа ?)
Трај.[DOUBLEPOST=1520031583][/DOUBLEPOST]
Ама многу од тие контрапротестантите беа уценети, заплашени и слично, а од другата страна беа дочекани со сендвичи и небањати, замисли да ги дочекаа со цвеќиња, па и со знамиња од вергина, ако треба....?!?
Аааа уценети, заплашени и сл.
Се прашвам како некој може да се најде во таква ситуација.
Твое мислење ?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.639
Поени од реакции
26.162
Нема врска, добро се сеќавам кога имаше контра протести за Мартин Нешковски(знаеш кога беше тоа ?)
Трај.
Значи пак ќе ти кажам.... во расколот се јасно исцртани двете страни....
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Значи пак ќе ти кажам.... во расколот се јасно исцртани двете страни....
Фала богу.
Кој ги исцрта ?

Види муабетот ми е, навидум постојат две страни, а во суштина е една.... само за да владеат, мораат да се прикажат како две и да го поделат народот, така да да бараш одговорност само од едната партија е смешно... и јас тоа не го правам, само ти го предочувам очигледното, целта е да се раздели народот и тоа го прават и двете партии....
Во овој случај ДРПМЕ се виновни тоа е јасно како ден.
Не ми збори за расколи, уште од 90тите (за време на Љубчо) имаше ваква реторика; предавници - патриоти со "црни листи" и сл. списоци.

Бега метро.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.639
Поени од реакции
26.162
Аааа уценети, заплашени и сл.
Се прашвам како некој може да се најде во таква ситуација.
Твое мислење ?
Исто како што сега би се нашол некој попут влатко васиљ на пример или типични штабски полтрончиња на сдсм...[DOUBLEPOST=1520031748][/DOUBLEPOST]
Фала богу.
Кој ги исцрта ?[DOUBLEPOST=1520031686][/DOUBLEPOST]

Во овој случај ДРПМЕ се виновни тоа е јасно како ден.
Криви се, точно.... како што се криви и СДСМ, пошто тоа е една те иста структура...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom