- Член од
- 9 ноември 2017
- Мислења
- 523
- Поени од реакции
- 1.161
Еве доказ колку ни е ниска националната свест на нас македонците. Па и не заслужуваме држава и треба да не збришат. За тие планинарите што загинаа на Ниџе се крена фама се испишаа 20 страни за еден ден, а на оваа тема никој не се замара. Да не се сфатиме погрешно, дека иам нешто против планинарите, нека почиваат во мир. Но во светот такви работи постојано се случуваат и тие што одат на планина се свесни за ризикот што го носат. А кај нас на улица шетаат вооружени банди, бодат деца и на никој не му чуе. Па утре може да биде ваш близок. Све обратно кај нас се работи. А да беше избодено нивно дете тие сега пола град ќе го запалеа. Тотално сум разочаран од мојот народ. Продолжете вие да не се замарате со сериозните проблеми кои ги имаме, па ќе продолжиме да си тапкаме во место и да се жалиме како не чинело ова, не чинело она, а не мрдате ни со прст за да ги поправите нештата.