Дечки ве молам совет... Седам под кирија во гарсоњера (во куќа) и едно маче старо може една годинка ми идеше на врата му давав јадење и полека полека стигнавме до спиење заедно. Си бара за надвор и нон стоп кога јас сум дома она е дома. Кога одам на работа ја пуштам надвор (дека имам и папагал ми е страв да не го немам) и кога се враќам само ко ретарда ќе ја викнам на 50 метри од влез и од нигде никаде излегува и ме чека заедно да си влеземе дома... Проблемот е што сега за една недела ќе се селам со цимерка (која нема да има проблем со мачето) но јас никогаш не сум чувала мачка и не знам како би било најекономично и воедно најздраво во врска со болви (а мислам дека ги нема), за песок да и купам (веќе има 1 година сигурно, не е мала да ја учам), за слобода на шетање како што имаше до сега (се селам во стан на 4ти спрат со лифт и домофон)... Се мислам дали да ја земам со мене
Најбитното е во врска со слободата и шетањето, нема да може да се научи да седи затворено по цел ден, ќе сака да шета, научена е така. Тоа што ќе си на 4ти спрат значи дека ќе мораш да ја носиш надвор. Поголем проблем ќе биде локацијата доколку е подалеку и непозната околина за него, па ќе мораш да имаш трпение додека се запознае со околината и да знае каде и е домот и влезот. Ќе мора лично да ја придружуваш и пазиш неколку пати додека шета.
Од мое лично искуство: јас живеам во стан на приземје, го научив мачето на шетање уште од мало, и сега нема ден да не сака да излезе надвор. Не ја пуштам да шета слободно, јас ја шетам со ремче бидејќи не е навикната на коли и ја фаќа паника. Преку лето, а и по еден месец во зима живее во куќа, каде што шета слободно, само за јадење и спиење влегува внатре. Првите неколку дена кога ја донесовме во куќата ја пазевме, сега останува надвор по цел ден и нема гајле. Ако не излезе барем 10 минути дневно, ќе збесне од плачење за надвор.
Имам и пријател со слична ситуација, само што нивниот мачор не се плаши од коли и шета слободно во двете куќи. Друга пријателка живееше со мачор на 6ти кат, но тој цел живот го помина затворен од мал, без желба за надвор.
Дополнително, бидејќи живееш под кирија, битно е знаеш дека сите газди не прифаќаат животни, па менување стан може да биде проблем.
Нагонот за парење е исто така многу голем проблем. Ако е машко е полесно: станува агресивен, гребе по мебел, уринира насекаде, но ќе го пуштиш надвор на некој ден и ќе си заврши работа. Доколку е женско, и не сакаш да имаш принова 2-3 пати во годината, ќе мора да ја стерилизираш, инаку ќе биде многу мачно и за нејзе и за тебе. Доколку не се оплодат нагонот им трае по околу 5 дена и се повторува на секои 3-4 недели, период во кој плаче и завива до физичка болка за мачор, нон-стоп.
Во зимскот период (ноември-февруари) не се парат, но сега им завршува "постот".
Во однос на песок и нужда, не би требало да има некој поголем проблем, мачките се доволно паметни и си ја знаат процедурата, само покажи им кутија со песок (и не менувај ја локацијата многу често).
Во однос на друга хигиена (внатрешни/надворешни паразити) и болести,
однеси ја на ветеринар на преглед, плус:
- апче против внатрешни паразити (глисти) (50 денари, се дава на 2-3 месеци),
- ампула против надворешни паразити (болви и крлежи) (250-400 денари, се дава на 3 месеци)
- вакцини (тровалентна (500-600 денари) и против беснило (500-600 денари), се даваат еднаш годишно)
- микорчип (800 денари + 100 денари за пасош/здравствена книшка) (задолжително по закон, за да може да прими вакцина против беснило)
- стерилизација/кастрација (1500-3000 денари, кастрацијата е поефтина)
Живеење со мачка е голема обврска, нема да можеш едноставно да заминеш без мислење за кој да ја чува, храни, чисти.
Одење на одмор/надвор од градот ќе биде проблем, а уште поголем за странство. Ќе може да ја оставиш два-три дена сама доколку јаде сува храна, но повеќе од тоа би било проблем, ќе мора некој да се грижи за неа.
Јас си ја носам со мене, се вози по 200km, понекогаш без проблем, понекогаш е малку нервозна.
Кај нас во автобус не пуштаат со животни (ни градски ни меѓуградски, не знам за воз) (во странство во градски автобус/воз/трамвај е дозволено, не знам за меѓуградски).
Одење во странство со кола е процедура (карантин), одење со авион или невозможно или скапо.
Рече дека имаш папагал, тој е полесен за оставање на чување кај друг, "само" го носиш кафезот. Мачките се територијални животни, и не сакаат менување на нивната животна средина, па некој ќе треба да доаѓа и да ја чува и да и чисти.
Затоа ти препорачувам добро да размислиш пред да ја земеш заедно со тебе.