Снег

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Најјако ми е кога на ѕид на срамот ќе стават слика од некое неисчистено место во Германија или Англија кое е заборавено и од Господ дека постои, и ќе направат споредба со, на пример, единствените два-три автопати со вкупна должина 400-500 км кои ги имаме во државата, а кои не се исчистени.
А некои од тие автопати и греење имаат башка и нонстоп се чистат :pos: споредуваат 25 сантима снег и - 20 со 5 сантима и - 5. Вонредна состојба е во UK, ни училиштата не работат денес, ние стандардно со жртви сме.[DOUBLEPOST=1519755053][/DOUBLEPOST]п.с. Еве го M62 во UK во какво стање е, ама не можеш да се расправаш со коперацијата од ѕид на сообраќајниот срам

 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.876
Уште ли седите во таа група на фб полна со пациенти? :D
Секоја зима исру слики и споредуваат автопати со различна должина.
Чисти се автопатите во УК и има по 100 камери на автопат и секој може да види каква е состојбата.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.073
Поени од реакции
7.160
Се согласувам за автопатите, но исто така ме иритираат најразлични постови од типот "Дојде животот во с. Долнодупени" и ќе постират слика од сокаче неисчистено. Не е за џабе задолжителна зимската опрема. Не е можно секаде да ви е чисто, само проблем е што овде никаде не си ја вршат работата како што треба :D
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Најнекултурно е кога возачите со своите автомобили возат со голема брзина, во тој момент додека си шеташ по тротоар и уживаш во прекрасната снежна атмосфера, наеднаш се гледаш целиот мокар и со остатоци од кашестиот снег по самиот себе.

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 

Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.347
Поени од реакции
1.217
Најнекултурно е кога возачите со своите автомобили возат со голема брзина, во тој момент додека си шеташ по тротоар и уживаш во прекрасната снежна атмосфера, наеднаш се гледаш целиот мокар и со остатоци од кашестиот снег по самиот себе.

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
Za tie vozaci da go fatis I u gaz da go ebes.
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Za tie vozaci da go fatis I u gaz da go ebes.
Кога има вирови по патот е најголемата катастрофа.
Затоа имаме две групи на луѓе.
Едните го прифаќаат добриот збор и се трудат човечки тоа што се случило во иднина да не се случи. Што се вели разбран човек.
Другата група е онаа која се задоволува со навредите кои се упатени кон нив или ќе бидат упатени.
Пример разбраниот човек ќе разбере од зборовите "немој, доста..." Исто и од игнорирањето.
Примерот за другите луѓе е да го навредиш, што се вели резил да го стореш и незнам уште што. Кога ќе му кажеш "вол еден, ѓубре едно и слично..." Тие ја примаат навредата и се толку многу расположени, толку многу им е пријатно и се задоволни, потоа или само црвенеат и во себе си велат "зини земјо голтни ме". Кога ќе го навредиш тој се замолчува и се чуствува задоволен со тоа од што опстанува, се опушта итн... Секако нема да разберат од игнорирањето и по некое одредено време повторно ќе почнат со нивниот начин на "однесување". Иако тоа тие што го прават не заслужува ниту О од тој поим.
Затоа не вреди да се губи време со таквите. Оф топик но тоа јас го имав да го кажам за таквите кои треба да се препознаат. А и некои села се завеани и се блокирани од соспи(наноси од снег) редовно секоја година кога има снег по 5 дена се отсечени. Исто и немаат електрична енергија. Немаат леб во продавница и други основни работи. Затоа во покризните места се опремуваат со вреќа брашно, сол, лекови уште пред да се случи бурата. А денешните незнаат едно лебче да направат сиротите ај баба е тука млада е она 80-90 години таа ќе меси и ќе пече во фурната надвор на минус температури или таа нека биде до шпоретот јас имам работа се допишувам на фб со пријателите. Во брзина ми се случи тоа денес мене. За влакно ќе бев целиот вода и полу- растопен снег. Катастрофа се возачите. Во обратна позиција кога тие се пешаци пак велат за другите не возеле соодветно. Се насмеал зајакот на магарето зошто има големи уши хахахаха

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Член од
5 април 2011
Мислења
1.920
Поени од реакции
925
подосадна и поглупа група од ѕидот на сообраќајниот срам нема и напуштена ми е пред добри 2-3 години
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Три снегулки да завеат и еве ќе се јавите веднаш, ај сега кога е се уште лето да прозбориме за СНЕГ. Скопски снег го имаше на време во годините на минатиот век и пред ратот и по ратот. И стоеше и
многу снежни приказни можам да пишам за скопскиот СНЕГ.
Е имавме тогаш на снегот само изделкани санки од даски од сандаци.
Ама една беше посебна,страшно голема.
Таа санка или Боб,собираше и по 20 санкаши(дваесет лица).
Таа служеше и пред ратот и после ратот(штета што не е зачувана за во некој музеј-Скопје во минатото.
Таа ја направи и беше во сопственост на водњанецот Антон Ручигај.
Антон Ручигај беше мајсториште(како мене-бравар) и имаше браварска работилница која после ослободување коминистите екс партизаните му ја конфискуваа и го направија - претворија во фабрика за метални работи и конструкции „Коце Металец“.
Антон Ручигај беше татко на поетесата Ручигај која трагично го загуби животот во несреќата 1963год.
Таа санка или Боб со години ја држеше зимно време релацијата од Барутана(хотел Панорама) па до Мала станица (печ. Нова Македонија).
И денес може да се видат на повеќе места во градот делата на вредните раце на Ручигај од ковано железо, погледајте ја само влезната порта на хотел Јадран.
Таа санка беше сензација во тоа време за водњанци и скопјани.
И таа релација по цела должина на Водњанска.
Втора важна патека за санки во Скопје каде и јас најповеќе се санкав беше од Француски гробишта па до Св.Спас,односно од касарните па до Ибни Пајко која помонуваше по удолницата кај сервизот за оџачари од лева страна и Це-Ка од десна страна.
Брзината тука беше за олимписки рекорд.Јас се ежам сега кога ќе ми текне како се санкав,легнат помешечки на ниска дрвена санка ,главата сосем напред а со нозете командуваш како кај гасеничари.
---------------
Толку за скопските санки и снегови,повеќе кога ќе заврне.
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Годинава нешто порано во пониските делови на Македонија... Баш оваа ситусција е потребна, очекувам многу повеќе оваа година!
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.578
Поени од реакции
42.084
Годинава нешто порано во пониските делови на Македонија... Баш оваа ситусција е потребна, очекувам многу повеќе оваа година!
Што е убаво да те заглави со кола да не можеш една недела да искочиш?
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Што е убаво да те заглави со кола да не можеш една недела да искочиш?
Таман ќе ти го активира мозокот...

Само кај нас може да бидеш заглавен со кола на вакво време, поради купените возачки, не поседување на опрема за зимски услови и ненадејното изненадување на градските власти кои не ја активирале на време зимската механизација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom