Не реков јас дека СДСМ ќе падне. Само има луѓе внатре во партијата што не го сакаат “сељакот од Струмица“, нели Оливера во лице му кажа пред некоја година како го оговарале со Рада по телефон. Доколку му падне стожерната политика, ќе искористат шанса да тргнат против него.
Никој нема да оди против Заев додека е тој на власт. Ниеден од тие што добиле позиции и власт нема да оди против тој што му ја дал таа позиција и власт и може додека да трепнеш пак да го врати кај што бил. Колку и да е еден премиер неуспешен за државата тој сепак е најдобар премиер за оние на позиции околу него кои уживаат во придобивките од власта а реално само тие можат да сменат лидер на партијата, оти тие што не се офајдиле обично се маргиналци- мала група незадоволници без сериозна подршка или пак може да се работи за неколкумина (меѓу кои обично има 1-2 со позвучно име) кои поради нешто (обично бизнис интереси) паднале во немилост на раководството и немајќи избор глумат фракција или партија. Еве во овие 27 години плурализам, јас не се секавам дека макар и еден лидер на партија бил сменет додека бил на власт па дури и во опозиција ако самиот не реши да замине, неможе никој да го смени. Заев, може за некој да бил ,,селанче,, но таа перцепција е додека се во опозиција а во моментот кога ке осетат дека тој ке дојде на власт а уште повеке кога конечно ке дојде на власт, тој за нив необично се преобразува и станува Бананамен, алфа и омега, најпаметен, најубав, најхрабар.... Е друга е приказната кога се паѓа од власт. Погледни колку сега е осамен Груевски. Откако падна од власт сите му ебаа матер, сите се откажаа од него и мораше да си даде и оставка. Оние кои до последниот ден до кога тој беше премиер ждереа народни пари и му се колнеа на доживотна верност, уште три петли не пропејаа од неговото заминување од премиер, истите почнаа со изјави дека не го познаваат Груевски или дека бил многу расипан а тие приморени....