Калина Велевска и Александар Миновски, членови на планинарскиот клуб ,,Трансверзалец“

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Моментот со губењето исто што треба да земете предвид дека е можно - влегуваш во мавзолејот/црквата се потпишуваш, што и да праиш, излегуваш надвор и фаќаш погрешен правец на спуштање. Знаете дека е многу можно да се симнале до некое растојание (километар, два) и да сфатиле дека се зезнале, па ај пак назад - тоа во такви услови многу деморализира и не е неверојатно да се случило. Сакам да кажам дека е можно да биле длабоко на наша страна и се вратиле за малку каде што требало, а на сите ни личи дека цело време биле блиску. Се надевам дека тоа телефоните ќе може да го откријат.[DOUBLEPOST=1519229439][/DOUBLEPOST]
Вакувската е летна патека и има многу експонирано место под Бакардан. Немаше многу снег ако добро се сеќавам, ама беше многу ладно.

И тоа е можно, но нели пример ако влезеш од еден правец, после ако излезеш и сакаш да се вратиш ќе гледаш да го фатиш истиот правец. При такви временски услови може нема да е точно истиот ама па нема да одиш во скрос спортивниот правец.
Тука најбитни се изјавите на тие што биле со нив горе, кога последно биле заедно, дали ги оставиле на врвот или пак се изгубиле откако почнале да се спуштаат.
Инаку како што пишаа за одредена шпекулација дека двајцата биле доделени како водичи на другите тројца што продолжиле погоре тогаш е уште почудно тројцата да се симнат а условно кажано водичите да останат.
Најчудно од се е зошто таа група се одвоила.
 
Од операторите очекувам само да дадат информации кои броеви со кои имаат остварено комуникација, во колку саат и колку време траел разговорот. Нивниот приватен разговор сигурно не е сниман пошто за такво нешто требало претходно да има налог и броевите да биле поставени за снимање, освен разговорот со 112 кој сигурно е сниман.

За лоцирање на телефон преку оператор треба повеќе базни станици, миниум 3, затоа и процедурата се вика триангулација, и тоа релативно блиску распределени станици, како во урбана средина. На планинате не само што немало три базни станици туку телефоните одвај ја фаќале и таа едната. Така да операторо не може да направи дистинкција дали корисникот се наоѓа долу во ски центатор или на врвот. Директорот на Ворас спомна нешто дека според GPS го лоцирале Александар, така да мислам дека тој на 112 им ги дал неговите координати.

Единствено ако ги отворат телефоните и најдат снимано GPS патека на движење. Пошто ние кога одиме најчесто си ги снимаме патеките, чисто за нас да си ги имаме. Тек тогаш детално ќе се знае како се движеле.
 
@Bafra За таа тема сум цар, а за оваа признавам дека има многу работи што не ги знам и не ми се јасни коментаториве од фотеља што не осетиле мраз на лице, ама ај...
После коа ќе испадне дека субјективно бранат тетки, стрини - јас ќе ви бидам крив...ок.[DOUBLEPOST=1519195245][/DOUBLEPOST]@Zarniwoop За кои "сите области"? Зошто не пишувам у темине за кување? Од тоа што имам некакво искуство имам право да коментирам. Сакаш и планинарска книшка да ти доставам за да ти докажам?
Сакам сите вака што коментираат да отидат еднаш и да видат на што личи тој хаос па да дојдете овде муабет да праиме. Само еднаш.
Ако отидам на таков хаос и ми речат враќај се, сигурно нема да се договорам со уште неколку и да им речам ај остај го овој ние продолжуваме. Уствари јас најпрво би проверил какво ќе е времето па би тргнал. Ете има и кај организацијата вина што не ја сопреле турата уште на почеток, ама има и кај другиве вина. Тоа е тоа што сите го преќутувате, ние демек сме бранители на Зоки и готово вие сте во право. Ако сакаш и Монт Еверест имај го искачено кур ме боли. Калина не го послушала советот, тоа е тоа.
 
Ако отидам на таков хаос и ми речат враќај се, сигурно нема да се договорам со уште неколку и да им речам ај остај го овој ние продолжуваме. Уствари јас најпрво би проверил какво ќе е времето па би тргнал. Ете има и кај организацијата вина што не ја сопреле турата уште на почеток, ама има и кај другиве вина. Тоа е тоа што сите го преќутувате, ние демек сме бранители на Зоки и готово вие сте во право. Ако сакаш и Монт Еверест имај го искачено кур ме боли. Калина не го послушала советот, тоа е тоа.
Не знаеме сеуште дали отишле како водичи зашто некој не сакал да се врати или пак они биле иницијатори.

Јас ве разбирам делумно, одговорноста е на повеќе лица, почнувајќи од државата, преку организацијата до водичите.
 
Никој не те тера да читаш.

Бај д веј, пробај со туѓа униформа без дозвола да влезеш во друга држава, па кажи ми какви им се затворите
Разбирам. Ја коментирам конкретно во случајов, еве замисли да стигнале наши специјалци за спасување и си бараат на наша територија арно ама они се на грчка и што, ќе речат овие еј не смееме да стапнеме таму агресија е тоа. Стој тука на наша територија и немо посматрај како замрзнуваат луѓе.

Знам дека во туѓа држава не смее да влага туѓа полиција или војска без специјална дозвола, ама за ова е чиста глупост да се спомнува, јаката граница, еден камен на врх брда од 2.500 мнмв.
 
Ако отидам на таков хаос и ми речат враќај се, сигурно нема да се договорам со уште неколку и да им речам ај остај го овој ние продолжуваме. Уствари јас најпрво би проверил какво ќе е времето па би тргнал. Ете има и кај организацијата вина што не ја сопреле турата уште на почеток, ама има и кај другиве вина. Тоа е тоа што сите го преќутувате, ние демек сме бранители на Зоки и готово вие сте во право. Ако сакаш и Монт Еверест имај го искачено кур ме боли. Калина не го послушала советот, тоа е тоа.
Кој курац ти објаснувам не знам...сигурно ти е некој чичко, вујко...
 
Istragata ke pokaze koj
Кога и да има насилна смрт, истрага мора да има, па макар била само препрочитување на претходните сознанија од службите во Грција.
Koga ima nasilna smrt vo druga zemja organite na istata i poveduvaat postapka. Dokolku se utvrdi postoenje na krivicno delo po pokrenato obvinenie vo druga zemja za makedonski drzavjani moze sudenjeto da im se otstapi na makedonskite sudovi. Prvo treba da se dobie izvestaj od grckoto obvinitelstvo kako edinstven istrazen organ koj bil na lice mesto iako telata se pronajdeni na makedonska teritorija i bilo neophodno da se izvesti makedonskoto obvinitelstvo.
Makedonskito obvinitelstvo vo ovoj moment moze da se bavi so istraga za eventualni krivicni dela vo organizaciskiot del vo Transferzalec i ovlastenite lica vo odnos na neovlasteno organiziranje na turisticka tura i licenciranjeto na vodici.
 
ова од македонска страна не е за потценување и тоа без снежна бура, ветер и магла за разлика од други фотографии што изгледа како да е поблага косина, ама не е!
Мене ич не ми е логично ова со карпата, во услови кога имаш црквичка горе ти да се симињаш доле во провалијата за да се скриеш под карпите од ветерот ? Ме чуди искрено како искусни планинари како нив воопшто имаат тргнато во спротивна насока и зошто..
и мене тоа нешто не ми е логички, мора да има нешто друго непознато за јавноста највероватно поради временските услови го погрешиле правецот ама тоа не се километри тоа се 100 м со затворени очи оди наназад ќе дојдеш на истото место од каде си тргнал ? и решение ? застанале под карпа и чекале да не би залутале уште подлабоко? од што од 100 м? и чекале...и чекале на едно место со минус 10, 20 степени температура и ветар? па одозгора дека застанале да јадат? нешто тука не штима...тоа се тие 2 ч фатални изгубени од потрага од нивните пријатели кои ги барале највероватно не реагирајќи панично не помислувајќи дека уште еден непријател настапува, а тоа е „ноќта“ и уште пониски температури и посилен ветар... може тоа е правило да ако се залута при невреме да се седи во заклон и да се чека помош? може на филм така е, ама во реален живот не е! дали е тоа веќе четврта грешка што живот ги чинело? во такви ситуации зарем не делува адреналинот и борба за живот или смрт, а не да се чека помош под некоја карпа? зарем не би се бореле макар да се смрзне во движење, отколку да се смрзне во мирување во едно место толку часови? не знам тука навистина не ми е логички...


Dec 19, 2017, Vrv Kajmakcalan (2525m.n.v) iskacen, planina Nige;Start: Skijacki centar Voras, Egejska Makedonija; Uslovi: Soncevo pod 2000m.n.v, silen veter okolu 100km/h, niski temperaturi pod 0 stepeni

еве за пример, една тура во зимски услови, но во по поволно сончево време од грчка страна од наши луѓе (планинари или полупланинари)...


планинарите на видеото, рака на срце ниту истите не се кој знае колку опремени и дисциплинирани во некое групно одење, ниту пак патеката е некоја страшна, напротив широка пријатна... апсолутно за уживање, а потоа (планинари од видеото) во термални води да пливаат?!после висинско пешачење во зимски услови телото се подложува на нуркање во топла кој знае колку степени вода која има правило колку се седи? среќа немало и тука некои последици по здравјето на планинарите!


како и да е голема трагедија, на едно место во исто време се вкрстија неколку работи кои биле фатални за Калина и Александар... невремето, снежната бура и ветарот си го сторија своето, прва грешка што имало невреме и самиот ски центар бил затворен - требало да се одложи планираното, втора грешка кога веќе прва група се вратила со наредба да не се продолжи поради невреме, втората група сепак дел го стори тоа , кога се стигнало во црквата не требало да се напушти - трета грешка и највероватно фаталната грешка што се остана да се чека толку часови на едно место под карпите до состојба на смрзнување? :(
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom