Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
https://www.youtube.com/watch?app=desktop&persist_app=1&noapp=1&v=viJUQPg3jY8
bez sneg se gleda realnata visina prema karpata.
Те молам, коментирај во теми што имаш барем малку познавање.Ама, ама, Зоки е крив, нели @Almeida
О@Bafra како е друже, викаш врска немало тоа со облеката а ? Еве директно сведоштво од личност која била горе, и која веќе има искуство од планинарење
И сега се присетуваме што велат од Трансверзалец, како правила наведени за оваа тура
Друг интересен момент од интевјуто е и тоа што вели дека Калина цело време како последна од колоната, предлагала да се вратат.
Се повеќе и повеќе излегува на површина фактот дека воопшто не смееле да тргаат и акцијава морала да се одложи.
Многу пишуваш, не знам како не те мрзи или демек еве искусен си за сите области па чекај да ве научам. Ко прво ако висам во провалија а пред тоа некој ми кажал врати се, ќе мислам колку сум глуп што не сум послушал. Како второ, никого не го спасувале бидејќи во црквата немло никој.Те молам, коментирај во теми што имаш барем малку познавање.
Твоето амнестирање на човекот што ја донел клучно погрешната одлука и целосно префрлање на кривица врз други учесници во акцијата, за кои уште не е разјаснето дали продолжиле заради курчење или да бараат други овци што тој москито ги пратил у смрт, е тотално аматерски и наивно. Можам да те едуцирам за совесно одење во планина ако сакаш...кога одам собирам ѓубре од други луѓе и го спуштам доле (чисто како илустрација за тоа од кои се аспекти ја доживувам и неизмерно почитувам природата и се восхитувам на нејзината моќ и убавина). Коментираш тенденциозно и ме предизвикуваш да пишувам постови со навреди, како оние што одма го спакуваа настанов у националистички контекст.
Не можам да ви доближам ко на мали деца дека настаните имаат логичен тек и се резултат на одлуките од старт. Сто пати ти напишав како се однесува човек во такви услови и не е работата секогаш да "се осети адреналин", како што пиша некој погоре - да, добро е тоа, ама е тотално неинтелигентно да не може да се процени дека некој ќе загине.
Што не го коментираш ланското зимско качување на Титов врв? Истиот Трансверзалец го објави на фејсбук како и секој настан, како поетско читање, па имаше две спасувања со хелихоптер, спиење на -20 под врвот и уште потенцијал за други срања. Да почнеме да праиме Ивенти на фејсбук за колективно самоубиство со интересни цитати и убави сликички? Тоа е ок за тебе.
Сега на москито кога ќе му истече казната, пријави се за "летна акција" во април, кога уште има по метро и пол снег. Ако си бил пред 5-6 години до средно Водно со кола - топ си кондиционо...и не ти треба опрема "богзнашто". И кога ќе висиш у некоја провалија, премрзнат, со скршеници и отворени рани - тогаш сети се дека ќе бидеш "20% недоволно опремен аматер што, јеби га, немал среќа, а таму те однел некој многу спремен тип во услови нормални за тој месец у нечиј извештај".
Ќе звучи шизофрено постов, прво ко Марион Кобрети, па после нешто друго - на планина 99% од луѓето одат за уживање. Јас одам за тоа. Ми го средуе паметот, ми ствара претходно некако чувство на одговорност (што да земам во ранец да не ми е вишок, да не ми тежи, да напраиш баланс некаков), за таму да се чувствуваш комфорно, да си расположен и за сам со себе и за луѓето што се со тебе - да не си им проблем. Билдаш кондиција и доаѓаш у момент кога физичкиот напор не ти значи ништо - само форми, бои, мириси, искуства, дружења, зезање....епа тие 1% (може и малку повеќе) ти праат ништо од ова да не испадне - викаат луѓе што не им е место таму, праат преценувања, импровизираат. По што убаво ќе го памтат овие луѓе, ова качување?
Вчера го гледав КОД (Снежана Созен и својот сензационализам со неоткривање ништо конкретно), ми остаи впечаток листата на водичи и кои ликови ја имаат лиценцата - би рекол чудо е што нема почесто вакви настани (за среќа). Федерацијата мора да добие легална сила и да стаи мораториум на овие акции и да се воведе ред. Движење само со книшки заработени со обуки, строго дефинирани временски услови под кои може да се оди на планина. Формирање служба за спасување со поголема флексибилност и способност за спасување. И основно што мора да се напраи е ревизија на одлуките за прогласување водич, па ако треба на добар дел од нив и тест за интелигенција да им се направи и нормално условите за добивање нови да се затегнат максимално. Конечно оној Угриновски ќе разбере ли колку одговорна работа има? Чоек што оперирал луѓе "као се борел за човечки животи" се понаша ко претседател на локално филателистичко друштво. Калина и Александар не се првите, а дајбоже да се последните, со тоа што не е што "дава господ", туку мора после ова да си ги средиме односите.
После напишаново немаш право да збориш за тоа дали некој знае или не знае за што прави муабет.
После сите бабури шо ги изеде и погрешни заклучоци уште продолжуваш...ти не ни знаеш за што правиш муабет од гнев/тага што до некаде ти е оправдано.
Групата била од ц.ц. 50, аматерите, полуаматерите и дел од искусните се живи и здрави. Крај на дискусијата.
Ако сака и по купаќи некој нека бил, негова желба, негова одлука ама ако се повреди негова е и сметката за плаќање. Појасно здравје, може да полемизираме до утре ама така е во пракса.
Твој избор ако идеш и со папучи, ама ако лизнеш и скршиш нешто, ќе си платиш за спасувачката акција или па со живот. Се друго, е барање оправдување за својата погрешна одлука а тоа е цинично.
3. Метеореолошки услови (види извод од хидромереолошки завод):
На самиот старт, временските услови биле релативно неповолни со ветер 30-40 м /сек.
Температура од -9 степени целзиусови и магла со видливост од 100 -150м. Овие метереолошки услови се вообичаени и очекувани за периодот и локацијата на акцијата.
Подоцна, метео-условите се влошуваат со ветер до 50 км на час и температура од -10 до -12 степени целзиусови и магла со видливост од 15 – 20 м. што веќе може да се смета за неповолни услови за зимско планинарење.
Веќе 20 од нив се откажале, попатно, зашто Зоран како главен водич не ја прекинал акцијата порано, кога и во самото соопштение е наведено дека условите за зимско планинарење ( каде дел од учесниците немале соодветна опрема ) се веќе неповолни, зашто и самиот ризикувал ? Ова све црно на бело е сервирано, не е претпоставка, туку факт.По информација за временските услови на турата кон врвот појдуваат 63 планинари предупредени од водичот дека во зависност од временските услови искачувањето може да биде прекинато во било кој момент.
О
Предлагала да се вратат, па после нешто друго може предлагала, ко на пример.
"Погледнав нагоре. Ја видов Калина како се договара нешто со уште тројца планинари – веројатно тоа беа Дени и Благоја, кои се вратија, и Александар, кој не се врати, за жал."
Пред тоа се случувало ова.
"На 100-ина метри од врвот бевме среќни дека целата група се враќа назад со првите што стигнаа на врвот заедно со Зоки Москито, кој веднаш викна по нас: „Готово, толку, нема да се оди на врвот, страшно е, исто вака изгледа, ајде назад сите!“, вели Мирјана."
За на крај да се случи ова.
"Калина одеше со нас како трет водич на крајот од групата. Се зачудив кога се одлучи со уште тројца планинари да продолжи кон врвот. Двајца од нив се вратија, а Калина и Александар, едноставно, ги снемало во маглата…“, додава таа."
Многу пишуваш, не знам како не те мрзи или демек еве искусен си за сите области па чекај да ве научам. Ко прво ако висам во провалија а пред тоа некој ми кажал врати се, ќе мислам колку сум глуп што не сум послушал. Како второ, никого не го спасувале бидејќи во црквата немло никој.
Сто пати ти напишав како се однесува човек во такви услови и не е работата секогаш да "се осети адреналин", како што пиша некој погоре - да, добро е тоа, ама е тотално неинтелигентно да не може да се процени дека некој ќе загине.
Од каде тоа дека секој си одговара за самиот себе, да беше така немаше самите организатори да поставуваат правила на игра, туку ќе беше идеме утре на врв, кој сака нека дое, zz, се глеаме на збирно место, и толку.@Syn извини не знаев дека треба да ти се црта, сметав дека ќе сфатиш без разлика каде и да е организирана турата секој си сноси ЛИЧНА одговорност. Тука збориме за возрасни и оформени личности а не за деца од градинка што ги шетаат некогаш по улица. Барањето оправдување за своите одлуки, кажав е незрела работа а последиците од одлуката дал се позитивни или негативни се лично наши.
Ти верглај колку сакаш фактите остануваат, младите животи не ги враќаме и бидејќи си бил школски со Александар подобро ќе беше да кажеш каква личност бил, како што и @silmarillion направи.
Од каде тоа дека секој си одговара за самиот себе, да беше така немаше самите организатори да поставуваат правила на игра, туку ќе беше идеме утре на врв, кој сака нека дое, zz, се глеаме на збирно место, и толку.
И разбери бе човек, Александар и Калина не умреле одма, умирале споро, цел ебан ден, зашто и потрагата дебело потфрлила, цели 2 часа не бил информиран директорот на ски-центарот, не може ова туку така да помине, само зашто овие се изгубиле.
Ова е организирана тура која прво, од старт требала да биде прекината, а не била, а потоа и на пола пат, каде условите веќе станале лоши и не биле поволни за планинарење, за ова е крив организаторот.
Од кај тоа дека секој за себе си одговара само, а организаторот е ослободен од одговорноста ? Па за ова зимаат пари, им се плаќа, како тоа немале никаква одговорност и секој за себе само си одговарал. Пак ќе ти кажам, да беше така, немаше да поставуваат и они правила на игра, а и во моментот кога некој ќе се изгуби, должни се како организатори веднаш да пријават, а не сами да бараат па откако ќе сфатат дека не ја бива така, да побараат помош. И александар и калина постоеше голема веројатност да се спасат, ако се реагираше навремено со потрагата.
Всушност, ти си оној што предизвикува и затоа така ти коментирам.Коментираш тенденциозно и ме предизвикуваш да пишувам постови со навреди
Ќе се пријавам ако имам соодветна опрема. Ја у октомври со малку снег се дупнав од лизгање на Шара со оваа патика-кондура, така да нема теорија да одам пак ако не земам нешто поасално за снег. За малку и мене ќе ме спасуваа, 500-600 метри пред Џинибег имаше една зафркната тесна патека, ќе паднев долу 3 пати.Сега на москито кога ќе му истече казната, пријави се за "летна акција" во април, кога уште има по метро и пол снег.
Ти си печен брат, и за Федерација, и за Асоциција, и за водич, и за правник да ги изрегулираш работиве... тебе на сфе треба да те стават одговорен.Ми остаи впечаток листата на водичи и кои ликови ја имаат лиценцата - би рекол чудо е што нема почесто вакви настани (за среќа).
Уф, низок удар. Ова значи дека за оваа тема немам ниту малку познавање?Те молам, коментирај во теми што имаш барем малку познавање.
@Bafra
доколку е така како што ти мислиш, секој за себе си одговара, немаше да биде покрената истрага дали има одговорност кај некој од организаторите, ова на наједноставен начин да ти исцртам дека си грешка, не е точно тоа што го тврдиш, секој за себе одговара.
Да, така е, ако се собере рандом група на луѓе и идат на некоја планина, а не кога за сето тоа има организирана акција од планинарско друштво, на кое треба да му платиш за да учествуваш во истата.
Да е така како што велиш ти, нит ќе имаше истрага нит ништо, едноставно секој си одговарал за себе и тоа е тоа, основа да посочуваш со прст кон некого немаше да има. Али како што гледаш, не е така, од старт е посочено дека Трансверазалец не ги почитувале правилата за зимско планинарење, и поради тоа од нив се бара одговорност, зашто организирале акција, која од старт морала да прекине, а тоа не било случај, потоа и на пола пат од истата, повторно, морало да се откаже поради ужасните услови, ниту тоа не било случај, туку се идело до сам крај ( првата група стасала до врвот а другата била на само 100 м).
Трансверзалец како организатор на оваа акција повело група од над 50 луѓе кои им платиле за да бидат дел од оваа организирана тура, дел од нив со слабо искуство, дел несоодветно облечени, у невреме кое многу лесно можело да биде фатално за голем дел од нив иако условите налагале целосно откажување на акцијата, услови кои биле игнорирани и на самиот старт, и попатно, кога веќе биле на пола пат до врвот, каде временската прилика била тродупло полоши од стартот и биле исполнети сите услови за откажување на акцијата.
Знaчи у случaјoв се рaбoти зa искусни лицa,никaкo немoже дa биде крив вoдичoт пa дури и тoј дa ги убедувaл дa се кaчaт.Тие мoжеле дa oдбијaт.Се рaбoти зa вoзрaсни и искусни лицa.Тoј мoже дa oдгoвaрa зa другите кoи биле неискусни и кoндициoнo неспремни,сo несooдветнa oпремa и неoбучени a ги пoвел вo тaквa aвaнтурa.Мoже истo дa имa oдгoвoрнoст штo веднaш не ги известил службите,туку изигрaвaл спaсувaчкa службa,aмa и тукa незнaеме штo кaкo мoжеби пo некoј прoтoкoл тoј бил првo дoлжен дa ги пoбaрa вo некoј крaтoк временски периoд, a пoтoa дa ги извести нaдлежнитеТие што биле со нив веќе имаат дадено изјава и е наредено да не пишуваат коментари на интернет во врска со случајот. Нормално кога има истрага. Ако имаат изјавено дека по своја желба отишле таму нема што да се обвинува водачот.
Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk