Калина Велевска и Александар Миновски, членови на планинарскиот клуб ,,Трансверзалец“

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Што све нема да прочиташ поназад на темава.. требало специјално одобрение од МВР на Грција за наши специјални единици ДА ЈА ПОМИНАТ ЗАМИСЛЕНАТА ЛИНИЈА НАРЕЧЕНА ГРАНИЦА за да бараат изгубени ЛУЃЕ под снегот на грчка територија на 2.500 метри нмв на ебената планина. Во спротивно тоа се сметало за агресија на противничка територија.
Посебен закон да се изгласало во вакви вонредни ситуации. Бог да чува.
 
Што све нема да прочиташ поназад на темава.. требало специјално одобрение од МВР на Грција за наши специјални единици ДА ЈА ПОМИНАТ ЗАМИСЛЕНАТА ЛИНИЈА НАРЕЧЕНА ГРАНИЦА за да бараат изгубени ЛУЃЕ под снегот на грчка територија на 2.500 метри нмв на ебената планина. Во спротивно тоа се сметало за агресија на противничка територија.
Посебен закон да се изгласало во вакви вонредни ситуации. Бог да чува.

Нема што да поминуваат замислени линии, од наша страна на планината тешко дека ќе стигнале на време и да сакаат. Ама од почеток јас зборувам дека требало да пратат алпинистичка екипа од мвр како подршка на грчките спасувачи и сигурно немало да прават никаков проблем вториве за тоа

Од Скопје до ски центарот е околу 4 часа а со оглед дека биле уште од 13:00 изгубени ќе имале доста време да стасаат таму, ако ништо друго кога веќе ги лоцирале вечерта некој од нашиве ќе се симнел да се изврши извлекувањето а не да оставаат на премрзнат човек сам да се врзува и кој знае во каква состојба бил.
 
@Anon и тоа како е релевантно. Тоа го покажува пристапот кон работите.
Не можам дух со сила да ти вбризгам. На страна опасностите, сериозно ти го препорачувам како спорт, не да идеш вака силеџиски, туку дозирано, и ќе видиш каква племенита работа е.

Нема овде навреди. Пишување или зборење "у обланда" или "округло па на ќоше" водат кон релативизирање и оттргање одговорности, а од тоа никој нема фајде.
 
Поголемиот објект е костурницата а помалото е црквичката ?
Некако вака од видеово и бидејќи знаеме дека биле во црквичката и гледајќи ги излезите од дворот, за да отидат таму кај што ги нашле а да не се вратат по истиот пат, или отишле да бараат некој, или ветерот бил прејак па можеби сакале привремно да се скријат или пак можеби сакале да ја разгледаат околината и се изгубиле. Бидејќи претпоставувам ако си влегол од еден правец во дворот а сакаш веднаш да се вратиш пак ќе го фатиш истиот правец. Можеби и во тој случај ќе залуташ при такви услови но не на сосема спротивна страна.

Колку што сум ги читал извештаите на претходните акции на овој терен, прво се оди во капелата/црквичката, па потоа во костурницата која е лево од црквичката и е во правец на губењето (црквичка-костурница-местото на губење). Скоро сигурно забегале на десно од како излегле од црквичката/капелата.

Што не го коментираш ланското зимско качување на Титов врв? Истиот Трансверзалец го објави на фејсбук како и секој настан, како поетско читање, па имаше две спасувања со хелихоптер, спиење на -20 под врвот и уште потенцијал за други срања.

Повредата на Кико беше пред настанот организиран од Трансверзалец. По таа логика, најкрив е П.К. Љуботен што организира традиционално искачување на Титов Врв, па макар што тоа го организираат во мај а не во декември.

Ене мајката со ќерката дури и се налутила зашто некои им е дозволено да отидат а нејзе забрането, во тој момент не ни помислила на опасноста туку едноставно да ја постигне зацртаната цел да го "ИСКАЧИ" (а не освои) врвот.

Истото ми се случувало и мене, не мислиш на враќање, само да се достигне зададената (од себе) цел.
И после на враќање сум се чудел кој будала сум бил и каде се сум поминал

И дали Александар и Калина се придружувале до правилата, дали Александар и Калина (Слава им) послушале кога им се кажало се враќаме назад. Калина дури цело време претходно кажувала да се вратат (женската интуиција проработела) но што си кажале со Александар, Дејан и Благоја тоа ние нема да го дознаеме.

Постои шпекулација дека Калина како водич и Александар како носител на радио станицата биле додадени на петчлената група која сакала да се искачи за да се остане во врска со нив, ама да повторам, тоа е само шпекулација.

Го немало Александар еден од поискусните во групата и јас да сум бил на местото на Москито би направил со уште неколку други проверка до црквата и назад. Како што и претходно други кажаа толку време им требало и после пријавиле. Грешка направиле што не јавиле одма на таткото на Александар ама биднало веќе.

Се согласувам, веројатно исто би постапил. Само не знам зошто го спомнуваш таткото на Александар, истиот не бил таму, а влијанието не би му помогнало побрзо да се мобилизира и стигне екипата од Солун.

НЕ сум правник па не знам како иде процедура, но штом има мртви лица, истрага ваљда мора да има. А што ќе се докаже ќе видиме. Баш тогаш изјави ќе дадат и Дејан и Благоја и Москито и останати, па ако излезе на виделина ќе бидеме на јасно.

Кога и да има насилна смрт, истрага мора да има, па макар била само препрочитување на претходните сознанија од службите во Грција.

Bafra напиша:
Како што кажа и Анон, ако не добиле наредба а според мајката најверојатно на своја рака продолжиле сепак 100 метри се во прашање, рамен простор (а и да добиеле, нормално можеш да одбиеш) москито за ништо не е виновен.

Истите оние мајка и ќерка со неразгазени чевли поради кои колоната се развлекла и покасно се поделила на две групи ??

Што све нема да прочиташ поназад на темава.. требало специјално одобрение од МВР на Грција за наши специјални единици ДА ЈА ПОМИНАТ ЗАМИСЛЕНАТА ЛИНИЈА НАРЕЧЕНА ГРАНИЦА за да бараат изгубени ЛУЃЕ под снегот на грчка територија на 2.500 метри нмв на ебената планина. Во спротивно тоа се сметало за агресија на противничка територија.
Посебен закон да се изгласало во вакви вонредни ситуации. Бог да чува.

Никој не те тера да читаш.

Бај д веј, пробај со туѓа униформа без дозвола да влезеш во друга држава, па кажи ми какви им се затворите.

Инаку разговарав со спасувачите од ГСС во мојот клуб и изгледа грешам околу појасот. Најверојатно се работи за спасувачки појас кој се врзува околу телото под мишките за да може полесно да се извлече човек со него.
Полесен е за поставување, ама проблем е што од него полесно можеш да излизгаш.
 
Ништо ново и очекувано беше да има истрага. Веќе пишав тие што биле со нив имаат дадено изјави.
Листа на повици од нивните мобилни и комплет разговори и каде и точно во колку саат се движеле, каде заостанале итн. По времето ќе се знае и како завршиле кај карпите, дали паднале одозгора или наоколу со пешачење.
И на крај за непослушноста секогаш ќе го јаде организторот.

Иначе онаа планинарката што често на фб пишува за случајот и според неа виновен е водачот се има сликано на висока карпа, а долу провалија и еден и пиша: Ако паднеш водачот ли ќе биде виновен? :pipi:
 
Ако умреш дома нема истрага. Ако умреш на јавно место без разлика дали природна или насилна смрт, има истрага.

Јас дури сега успеав да ја изгледам емисијата од Код и на крај пола муабети од темава паѓаат у вода. Не постои никаков закон за лиценца ниту пак дали смееш или не смееш да организираш тура. Се тоа е интерен закон од федерацијата што правно ништо не значи.
 
@Trpe Grozni Кико ако е тој што преноќи у провалијата - тоа е една дешавка. Имаше две девојки со тешки повреди следниот ден. Трансверзалец е организатор на зимското, а Љуботен е на летното. Беше тазе снег, многу плиток, ама смрзнат...ама нели "да не сме п***" е мотото на спортот од Непал до Швајцарија. Вратени учесници од турата заради непотполна опрема - 0. Да се објавеше интерно меѓу клубските членови такви ќе имаше пријавено - 0. Знам јас што пишувам и ги знам муабетите и меѓу планинарите. Овие сега што го бранат клубот немаат планина со очи видено, а другиве сега се многу тивки. И веќе се осеќа намален број на акции заради случкава...само да видиме до кога.
 
Знам @Almeida едната жена пред мене падна.
Да кажам и нешто друго околу таа акција, тогаш одлуката на организаторот беше да се оди по вакувската стаза, ама многу планинари меѓу кои повредените (а и јас со нив) сепак тргнавме по зимската патека. Тогаш јас одев со уште еден член од мојот клуб и одговарав само за мене и него и Трансверзалец и Москито не ни беа виновни што не ги послушавме.
 
Моментот со губењето исто што треба да земете предвид дека е можно - влегуваш во мавзолејот/црквата се потпишуваш, што и да праиш, излегуваш надвор и фаќаш погрешен правец на спуштање. Знаете дека е многу можно да се симнале до некое растојание (километар, два) и да сфатиле дека се зезнале, па ај пак назад - тоа во такви услови многу деморализира и не е неверојатно да се случило. Сакам да кажам дека е можно да биле длабоко на наша страна и се вратиле за малку каде што требало, а на сите ни личи дека цело време биле блиску. Се надевам дека тоа телефоните ќе може да го откријат.[DOUBLEPOST=1519229439][/DOUBLEPOST]
Знам @Almeida едната жена пред мене падна.
Да кажам и нешто друго околу таа акција, тогаш одлуката на организаторот беше да се оди по вакувската стаза, ама многу планинари меѓу кои повредените (а и јас со нив) сепак тргнавме по зимската патека. Тогаш јас одев со уште еден член од мојот клуб и одговарав само за мене и него и Трансверзалец и Москито не ни беа виновни што не ги послушавме.
Вакувската е летна патека и има многу експонирано место под Бакардан. Немаше многу снег ако добро се сеќавам, ама беше многу ладно.
 
Се надевам дека тоа телефоните ќе може да го откријат.
Може секако само што не верувам дека ние обичните смртници ќе ги дознаеме тие детали
 
Јас знам дека пасошот не е пронајден. И нема потреба мобилниот, по телефонскиот број ќе знаат се.
 
Вечерва(среда) со почеток во 20.45 часот на ТВ 24 во дебатната емисија "Анализа 24" гостуваат Јовица Угриновски-претседател на ФПСМ, Александар Кирковски-планинар, планинарски тркач и еден од седуммината со зимска лиценца, Силвана Жежова - новинарка и планинар, и Игор Смилев, планинар, и претседател на Еколошка Групација Грин Пауер, планинарскиот клуб кој раководи со планинарскиот дом во Папрадиште.

На емисијата ќе се разговара за несреќата на Кајмакчалан. ФПСМ и Угриновски, верувам, должат повеќе одговори на јавноста. Доколку имате време, топло препорачувам да ја следите дебатата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom