Калина Велевска и Александар Миновски, членови на планинарскиот клуб ,,Трансверзалец“

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Кој стручни тимови па ти? Требало војници од АРМ да идат.

Не збори на памет, ЕСЗ Тигар има специјално обучени лица кои би можеле да помогнат. Каква армија какви бакрачи.
 
Не збори на памет, ЕСЗ Тигар има специјално обучени лица кои би можеле да помогнат. Каква армија какви бакрачи.

И да иделе, ќе требало само со хеликоптер. Таму имало страшно невреме, со силен ветер, и силни врнежи од снег. Ризикот е голем, но имало теорија и за тоа.
 
Напишано од некој кој знае колку јас и ти што знаеме.

Инаку кога сме кај нашите служби за спасување, мора да знаете една работа за тоа. Ние немаме специјализирани служби са спасување.
Кај нас тоа го работи полицијата и тоа само затоа што се нашла некоја дупка во законот како помош на цивилното население за да можат тие да интервенираат и тоа само на домашен терен.
ФПСМ би требало да има своја ГСС која би дејствувала по планините, ама законски не ни е дозволено да спасуваме.
Црвениот крст исто така би требало да има своја служба за спасување, ама и тие не законски не смеат да ја вршат работата.
ДСЗ исто така може да има такви единици (номинално има, ама не во реалноста) иако тие би требало да се само координатори во вакви случаеви.
Постојат и војни единици кои можат да се искористат за спасување, ама тие не смеат да дејстуваат додека не е прогласена вонредна состојба, така да не дај боже да се случи нешто поозбилно кај нас, не знаеш кој смее и дали некој ќе те спаси.

Кај нас е прав хаос околу тоа прашање и немаме единствена ГСС.
За жал.
Така да оставете ги нашите непостоечки служби по ова прашање.
 
И да иделе, ќе требало само со хеликоптер. Таму имало страшно невреме, со силен ветер, и силни врнежи од снег. Ризикот е голем, но имало теорија и за тоа.
Тоа на страна, колку време ќе требало. ЕСЗ има алпинистичка единица која се користи за спасување во вакви ситуации. Исто како што има и единица која се користи за да пронајдат удавени тела, односно нуркачи.
 
Точно, ама за спасување на НАША територија, не на туѓа. Има спремни момци и кај нас, не велам не, ама не ми е јасно зошто обдукција на телата не е направена тука, во Македонија, туку само во Солун.
 
И како ќе пратиш воена или полициска единица на територија на друга држава ???
Башка додека ги мобилизираш и додека стигнат ќе помине барем еден ден. а за тоа време работата веќе била завршена.
 
Во ваква ситуација не е битна територијата. А за мобилизација, сигурен сум дека за 3-4 часа ќе биле таму.
 
Во ваква ситуација не е битна територијата. А за мобилизација, сигурен сум дека за 3-4 часа ќе биле таму.

Ти треба дозвола од претседателот мислам, треба тој да ти даде како пропусница со негов потпис, додека му се објасни него отиде работата.. Сепак зборуваме за спасувачка акција во ТУЃА држава.
 
Во ваква ситуација не е битна територијата. А за мобилизација, сигурен сум дека за 3-4 часа ќе биле таму.

Озбилно. :):)
И како тоа ќе им го објаснеше на грците на граница ???
 
И како ќе пратиш воена или полициска единица на територија на друга држава ???
Башка додека ги мобилизираш и додека стигнат ќе помине барем еден ден. а за тоа време работата веќе била завршена.

ЕСЗ има 24/7 луѓе на готовс кои без разлика дали имаат работа се во база. Планинарењето го разбираш и скоро за се се сложувам со тебе ама тука не си во право.

Точно, ама за спасување на НАША територија, не на туѓа. Има спремни момци и кај нас, не велам не, ама не ми е јасно зошто обдукција на телата не е направена тука, во Македонија, туку само во Солун.

Телата се најдени на македонска страна ако можам да разберам, што значи дека нивна единица била кај нас. Затоа постојат амбасади, затоа има договор во вакви ситуации, за да може брзо да се реагира. Како помагаа од ЕСЗ и АРМ за поплавите во Босна и Србија или за што и да беше?
 
So samata pretpostavka deka vrvot e na sama granica so Makedonija i deka postoi verovatnost da se na nasa teritorija istovremeno trebalo da se informiraat Makedonskite sluzbi za potraga. Koj i kako odlucuval koj ke bide aktiviran vo potragata znaat ludjeto koi bile tamu. Sto ke napeavea nasite i kolku mozeme samo da nagadjame, ama sigurna sum deka nemase da se otkazat.
 
ЕСЗ има 24/7 луѓе на готовс кои без разлика дали имаат работа се во база. Планинарењето го разбираш и скоро за се се сложувам со тебе ама тука не си во право.

Телата се најдени на македонска страна ако можам да разберам, што значи дека нивна единица била кај нас. Затоа постојат амбасади, затоа има договор во вакви ситуации, за да може брзо да се реагира. Како помагаа од ЕСЗ и АРМ за поплавите во Босна и Србија или за што и да беше?

Таму имаше време за реакција околу поплавите.. Тука во 13:30 исчезнуваат во 17:30 даваат абер дека се добри под некоја карпа, а наредното утро се најдени мртви.[DOUBLEPOST=1519074386][/DOUBLEPOST]
Пиши пропало штом македонско обвинителство се вклучува

Па и обдукција не е направена во МК.
Туку телата од Грција директно на погреб.
 
О боже, ајде од почеток.

Приодот од наша територија е скоро невозможен. Од таму ти требаат скоро седумнаесет часа пешачење од последниот планинарски дом по очаен терен за да дојдеш до местото. И тоа само доколку имаш пристап до домот по вакво време.
Точно е дека нагоре има земјен пат, ама тој во вакви услови е неупотреблив.

За да може ЕСЗ и нејзиниот алпинистички тим да работат, треба да се договорат работите со другата земја, а и да се донесе специјален закон кој би важел само за тој случај за помош при спасување на туѓа територија. Полицијата е полувоена формација и влез без дозвола на матичната земја би се сметало за агресија било да е вооружена или не.

Дежурствата во базата на ЕСЗ не ги дава алпинистичкото оделение, по некогаш има и нивни припадници на дежурство, ама таа се мобилизира по потреба. И за такво нешто треба дозвола од министерот, затоа и ги чекавме цела ноќ да дојдат да го подигнат Кико минатата година, а условите беа далеку подобри од ова сега.

За помошта што Јастребите ја пружија во Босна беше донесен посебен закон и истата прво беше понудена, потоа прифатена од босанската влада, па после неколку дена испратена таму.

Значи не е се така едноставно како што би сакале ние да биде, за наша жал.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom