Калина Велевска и Александар Миновски, членови на планинарскиот клуб ,,Трансверзалец“

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Значи тие смеат да се пријават без опрема и такви неискусни, ама треба да бидат вратени? Ок да се сложувам дека треба, но зошто воопшто се пријавуваш ако немаш опрема? Зошто ако си неискусен малку не испиташ какво е времето па после пријави се или не се пријавувај? На крај краева кога веќе таков без опрема и неискусен си се пријавил, тогаш слушај ги поискусните и едноставно не продолжувај понатаму.

Сам си постави прашање, сам си даде одговор.
 
@Trpe Grozni А го виде воопшто видеото? Калина БИЛА на Кајмакчалан во 2015, ја има на видеото во црквата. Дали била пред и после тоа не знам, но деф. била во 2015.

Се извинувам моја грешка, не го догледав клипот до крај.
Ова ја прави работата уште потажна. :(
 
Сам си постави прашање, сам си даде одговор.
Да бидејќи за да знаеш што треба да облечеш и понесеш треба да го имаш Монт Еверест освоено, или па да го провериш времето. До толку сите сме искусни за да знаеме што да понесеме.
 
Да бидејќи за да знаеш што треба да облечеш и понесеш треба да го имаш Монт Еверест освоено, или па да го провериш времето. До толку сите сме искусни за да знаеме што да понесеме.

Ама тоа е веќе субјективно, зошто одиш до таму. Ти си постави прашање, сам си го одговори истото, во истиот пост во размах од 3-4 зборови напишани. Субјективно е дали е некој доволно паметен или глуп за да знае или не знае. Неискуството си го прави своето а не е ова играње серва.
 
Не, немаат. Наште служби во никој случај не можеле да интервенираат, бидејќи пристапот од наша страна е далеку полош отколку од грчка страна.
Уште еднаш, никој од одма не помислува на најлошото. Првенствената помисла откако не ги нашле било дека се разминале во маглата (поради ветерот тешко е да се слушнеш на радио-станица, а мобилните немале сигнал).
Грчката страна била известена после пристигнувањето на групата од врвот (значи од прилика околу еден час-час и пол после првичното сознание дека се одделиле од групата.

Како бе нашите служби во никој случај не можеле да интервенираат, па кога се знае дека двајца планинари се изгубени и итно им е потребна помош комотно можеле да пратат тимови со хеликоптер (доколку биле навреме известени а не по 15 часа) до најблиската можна точка во Грција и да направат брзинско искачување.

Уште наредната ден кога излезе веста од кај нас кажаа дека кога веќе ги информирале, грците веќе тргнале во акција а тоа е веќе наредниот ден утрото

Обично во вакви услови се оди нагоре. Да тргнале надолу би заглавиле уште повеќе и можеби никогаш не би ги нашле.
Нарочно што горе е и капелата каде што би можеле да се склонат.
За жал, изгледа дека тргнале надолу и заглавиле уште повеќе, зошто ги нашле под карпа висока петнаесетина метри.

Прашање е колку можеле да влезат во црквичето, може било скроз заледено со оглед на сликата направена од мобилниот на Калина (според нова македонија)

1.jpg

А еве каде се најдени (одма до врвот)

1.jpg
2.jpg
 
Значи сепак не паднале во провалија како што се муабетеше
 
И шо ако ти даде некој имиња ?
Ќе им идеш дома да ги тепаш ?
Во правна држава постои одговорност на правно лице и овластени лица во истото. Трансферзалец организира планинска тура без ЛИЦЕНЦИРАНИ водичи за зимски услови, без доволен број на водичи. Наплаќа во автобус по 2200 денари. Зоран Костадинов е Претседател. НЕГОВАТА ОДГОВОРНОСТ Е УШТЕ ПОГОЛЕМА.
 
Како бе нашите служби во никој случај не можеле да интервенираат, па кога се знае дека двајца планинари се изгубени и итно им е потребна помош комотно можеле да пратат тимови со хеликоптер (доколку биле навреме известени а не по 15 часа) до најблиската можна точка во Грција и да направат брзинско искачување.

Уште да ми најдеш пилот доволно будала да лета по таква магла и таков ветер, и се ќе биде во ред.[DOUBLEPOST=1519045542][/DOUBLEPOST]
Во правна држава постои одговорност на правно лице и овластени лица во истото. Трансферзалец организира планинска тура без ЛИЦЕНЦИРАНИ водичи за зимски услови, без доволен број на водичи. Наплаќа во автобус по 2200 денари. Зоран Костадинов е Претседател. НЕГОВАТА ОДГОВОРНОСТ Е УШТЕ ПОГОЛЕМА.

Цаци, не треси, ако одиле по лиценците, во Македонија ќе имаме акции кои ќе се бројат на прсти во летни услови, а не во зимски.

Пробај ти самостојно да организираш превоз, спиење, јадење и останати услуги (жичара) со 2.200 денари, па да видиме како ќе ти испадне.

Мене Мусала ми излезе од прилика 2.000-2.500 денари поскапо, а се беше во моја организација и поделени трошоци на четворицата учесници.
 
Прашање е колку можеле да влезат во црквичето, може било скроз заледено со оглед на сликата направена од мобилниот на Калина (според нова македонија)

Влегле во црквата и се потпишале во книгата за регистрација на планинари. Во истиот текст од Нова Македонија каде е фотографијата од мобилниот на Калина ги има и овие фотографии. Покрај Александар и Калина, потпишани се и уште двајца, меѓу кои и Дејан - дечко на Калина и добар пријател на Александар. Значи биле на врвот заедно, а стварно ми е нејасно зошто ги оставил горе и си се спуштил надоле без да провери кај се.
 
daj link od objavata od Nova Makedonija.
 
Уште да ми најдеш пилот доволно будала да лета по таква магла и таков ветер, и се ќе биде во ред.

Не реков до ски центарот да ги однесе туку до некое место поблиску, а и не е толку далеку и со возила ќе стигнат од Гевгелија до ски центарот за 2 часа

Значи сепак не паднале во провалија како што се муабетеше

Стрмо е сепак
1.jpg
 
http://novamakedonija.com.mk/NewsDe...ија--&id=563866ee-3815-41c2-b2e7-573ca31477da[DOUBLEPOST=1519046126][/DOUBLEPOST]
Не реков до ски центарот да ги однесе туку до некое место поблиску, а и не е толку далеку и со возила ќе стигнат од Гевгелија до ски центарот се стасува за 2 часа

Човече, цел Балкан во тој период беше со лоши временски услови, нарочно за летање со хеликоптер, да беше времето поповолно, грците ќе испратеа хеликоптер.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom