Во услови кога нашиве и нивниве се имаат на спид дајл, и кога гледаат дека грчката страна не реагира, проблемот се ескалира, повторно, навремено.
Не, немаат. Наште служби во никој случај не можеле да интервенираат, бидејќи пристапот од наша страна е далеку полош отколку од грчка страна.
Уште еднаш, никој од одма не помислува на најлошото. Првенствената помисла откако не ги нашле било дека се разминале во маглата (поради ветерот тешко е да се слушнеш на радио-станица, а мобилните немале сигнал).
Грчката страна била известена после пристигнувањето на групата од врвот (значи од прилика околу еден час-час и пол после првичното сознание дека се одделиле од групата.
Не ми е јасно зошто кога им рекле да не се качуваат понатаму тие продолжиле. Значи ок организацијата била за никаде разбравме, зошто никој не каже или искоментира еве за тоа што тие не послушале. Значи ти одиш, од горе се симнуваат и ти викаат не оди опасно е, и ти си во стил заеби го будала е овој продолжи понатаму. Едноставно е, не се одвојувај од групата и кога ќе те предупреди некој што знае како е послушај го. Тоа е тоа колку сакате плукајте, не послушале и за жал платиле со живот.
Планинарските клубови не се воени формации. Доколку има група која по свој ризик ќе продолжи да оди, немаш начин да ги спречиш. Евентуално за да им ја зголемиш нивната сигурност им доделуваш водич да ги води (ако до толку не ги знаеш луѓето, ама верувам дека овде добро ги знаеле припадниците на групата која заминала нагоре (на свој ризик).
Ете не послушале во моментот згрешиле/избрзале, прашањето е зошто не се вложени сите напори за цел тој временски период од 6 часа додека сеуште биле во комуникација?
Не биле цело време во комуникација, комуникацијата била повремена и испрекината (два до три пати на кратко стапиле во комуникација преку радио-станица или преку мобилен телефон).
Kalina isto bila vodic od toa sto go razbrav, za transverzalec, kakva e taa neposlusnost vo odnos na glavniot vodic ? Sto tuka se slucilo tocno, kako odela taa neposlusnost ? Pisuva nekade ? Koja e procedurata ako eden od vodicite pokaze neposlusnost ? I na kraj, 7 dusi se odvoile, 5 se vratile, kade bile kalina i acko ? Kade se odvoile, kako ne primetile drugite 5 deka se odvoile, koja e pricinata poradi koja se odvoile, zasto ne e demantiran muabetot spomnat vo pismoto od familiite kade za pricina e navedeno toa deka im javile za gubenje na majka i kjerka ...
Боже, кога ќе сватиш дека во ваква акција нема командна структура, работите се решаваат со договор.
Нема расправи, нема карања во планина, нарочно поради тоа што не можеш никого да казниш. Се почитува авторитетот на главниот водич, ама не значи дека неговиот збор е закон.
http://skimacedonia.mk/eve-kako-izg...at-frontot-na-kajmakcalan-100-godini-podocna/
По ова се гледа дека Калина многу добро ја познавала планината. Не и било прв пат и чудно како може да се изгубиш на место кое ти е веќе познато.
Не, не знам од кај го извече овој заклучок. Калина за прв пат била на овој терен.
На Водно еднаш, слушав разговор помеѓу двајца кои делуваа како искусни планинари.
Едниот раскажуваше приказна како на не ми текнува кое место, на кое бил преку 50 пати, не можел да се ориентира поради снегот, и 3 пати се враќал. Кога имаш снег/магла навигацијата е многу, многу отежната.
Мене тоа ми се случи над планинарскот дом Смрека на враќање од Плат. терен на кој го знам и последното камче, терен код горишно го поминувам по педесетина пати во разни акции.
На отворен простор ориентацијата е многу тешка во вакви услови, поради маглата не може да видиш ниеден друг врв, карпа, дрво, поради ветерот не може да го чуеш што ти зборува ни тој до тебе ниту било кој на телефон или радиостаница, за ГПС-от пишав вчера, така да и таму да си израснал пак може да се изгубиш.
Малку чудно ми е доколку немал повреда ниеден од нив, зошто не тргнале по логиката да се спуштаат надолу, каде и да завршат ќе биде подобро, отколку горе на врвот.
Обично во вакви услови се оди нагоре. Да тргнале надолу би заглавиле уште повеќе и можеби никогаш не би ги нашле.
Нарочно што горе е и капелата каде што би можеле да се склонат.
За жал, изгледа дека тргнале надолу и заглавиле уште повеќе, зошто ги нашле под карпа висока петнаесетина метри.
Ова и мене ми е нејасно, бар вака гледајќи по сликите испаѓа дека делот од грчка страна е рамен и без карпи а овој од Македонска страна е карпест (бар за делот околу врвот). Е сеа тука се отвара прашање зошто биле од Македонската страна. Зошто и дури да не се сигурни дека се на точната патека не пробале да се симнуваат по грчката страна кјој не е карпеста ? Некој што бил преку зима па барем и преку лето таму нека опише подобро.
И една друга работа во морево од измешани информации не ми е јасно сега кога почнале со потрага Грчките служби ?
Колку што разбрав (по информациите презентирани во емисијата КОД, застанале да каснат нешто, и веројатно се скриле од ветерот позади карпата.
Е сега нелогичност е што не јаделе во капелата горе каде што биле подобро заштитени од ветер, и зошто и по јадењето се спуштиле уште пониско по терен кој претходно не го поминале.
Сакам и овој момент да го напишам за што мислам дека треба да се има како некакво сознание и по мене е пропуст организациски. Летните планинарски тури, нормално, се помасовни, има поголем интерес за нив, одат стотици луѓе во еден/два дена. Хајкинг кај да е ќе однесат 5000 некој ден, чисто пошо фејсбук има капацитет за тоа, а не дека имаат капацитет и знаење.
Зимска тура е нешто друго. Се оди у компактна група со луѓе што ги знаеш. Имаш многу краток ден на располагање. Временската прогноза во зима е да кажам полесна за одредување (условно е ова), затоа што нема испарување, нема локални нестабилности како громови и град, ама има на пример лавинска опасност после одредено наслојување на снег со различен состав. Ако има ваков голем систем, кој главно зафаќа од Медитеран и доаѓа секогаш со многу силни ветрови - тој викенд чистиш по дома, праиш нешто друго. Движењата во зима се претежно по гребени, на одредени врвови има посебни зимски маркации, високи стапови, некаде поврзани со сајли. Не смее да се помисли тргање без полуавтоматски дерези и најмалку штеки, а пожелно е цепин, пошо тој е главен за спасување при пад, потоа повеќеслојна облека, астрофолија, челни лампи, повеќе калорична храна, многу, многу работи...затоа што еднодневна акција во секунда станува дводневна. Меѓутоа овој опис е за планини од типот на Шара, Кораб, Караџица, помлади, пострмни планини. Во оваа ситуација, Кајмакчалан е релативно пристаплив врв (од грчка страна) затоа што иако е има сериозна висина, сепак е со благ наклон - ама ете си покажа дека не смее да му се пристапи со потценување. Знам дека на помлади и помалку искусни планинари им се праи филмот да искусат зимска акција и овие сакале да го напраат баш тоа. Не можеш ова на Кораб да го праиш, ќе заглавиш после караулата у снег до гуша, ама не мораш ни по секоја цена да ги носиш овие аматери со онаква оскудна опрема. Мора да се разбере дека турава од туристичка преминала у курчење и затоа вака реагираат луѓе што имаат искуство со планина. Ако знаеш дека составот ти е мешан, непознат, со мали деца...пиј чај у дом, инаку ова се случува.
Воглавном се согласувам со погоре напишаното, со додаток дека тие со послаба опрема биле вратени уште на почетокот (тие дваесет и тројца што брзо се откажале и вратиле). Останатите биле доволно спремни и опремени.
За опремата, да се носи иако можеби нема да ти затреба. Дерезите ги ставив во ранец со првиот снег по планините, а цепинот ми е пришиен на ранец уште од како го набавив (набавен ми е веднаш после нова година).
Значи пак да споменам, послабо опремените и понеискусните планинари релативно рано се вратени.
Починаа млади деца, поради тура која не требало да се одржи, поради амбициозност-глупост и на крајот (најбитно, кога веќе се случило се претходно) поради ненавремена и несфатливо лоша реакција, без разлика на временските неприлики, многу ми е чудно како не можеле да ги лоцираат - GPS-от и да не давал најточни податоци, сигурно во тие шест-седум часа покажал бар приближно на 10-15 метри од точните координати.
Не знам како замислуваш дека работат ГПС уредите, ама имаш погрешна претстава. ГПС уредите не праќаат податоци, тие само примаат и те лоцираат.
Доколку мислиш на мобилните телефони, имаше претходно подобро објаснето. Прво поради условите на теренот не се работи за 10-15 метри, туку за 50-100 метри, башка што немале константа комуникација. Комуникацијата е остварена накратко на два-три пати и тоа не само преку мобилен телефон.
Пред година дена дечко од истава екипа (поради несериозност) на 17 години ќе го загубеше животот, не сакам да мудрувам многу но мора да се учи од туѓи грешки, сопствените во вакви случаи скапо се плаќаат. Од една страна ги сфаќам, предизвикот да се освои врв на вакви услови е огромен, сигурно работеле еден куп фактори на продолжување на искачувањето, ама не треба да се потценува планината и природата, без разлика колку си искусен, ако може да се каже дека 28 годишна девојка и 31/32 годишен дечко може да бидат искусни планинари.
Ако мислиш на сите планинари како дел од екипата, имаш право. Инаку тогаш од Трансвезалец имаше само еден член, останатите не беа од Трансверзалец. Калина беше втората, ама поради настинка остана во Смрека.
Колку и да се искусни и двајцата требало да знаат дека кога веќе имаш стапено во контакт со спасувачи ќе одиш на повидливо место.
На многу непристапно место се засолниле и изгледа и таму останале, карпите под црквата и тоа од пострмната страна. Според извештајот на спасувачите и двајцата биле пронајдени на место на кое претходниот ден поради невремето немало никаков пристап.
Да, повидливо место среде магла и ветер. Сигурно тие не знаеле подобро од тебе што треба да прават.
Добро де не разбираме па прашуваме ...
Стигнале таму виделе лошо време, некои се вратиле, некои решиле цепаме и тоа е тоа. Јас да му кажувам на некој што бил на Монблан (прашање е дали москито го искачил) што да прави е смешно.
Во Швајцарија, Германија ќе ти наплатат АКО пратат спасувачи по тебе и тоа дебело, ама во силно невреме да ризикуваат уште животи сигурно нема да го направат и ти тоа го знаеш ама емотивен си нешто и водиш инает.
А за клубот ми е гајле дал ќе го казнат/ затворат, битно народот посериозно да ја сфати планината.
Се искачил Москито и на многу понезгодни и повисоки врвови од Мон Блан, ич не се секирај.
Незнам процедурите какви се, ама зошто е откажана потрагата? Дали ратраците ќе премрзнеле? Пари за бензин? Дневници на возачите?
Заради лошите временски услови и можноста да се изгубат животите на тие што бараат.
Ладна и рационална, ама од нивна гледна точка реална одлука.
A koj e glaven na ova Transverzalec drustvovo, ima nekoj info, ima li toj covek ime i prezime, koj e toj sto gi organizira i planira turive, mora da ima info koj sve clenuva vo ovaa organizacija i gi vlece glavnite konci.
Трансверзалец е друштво, значи ваквите одлуки се носат на состаноци и се планираат однапред (неделни, месечни или годишни планови кои подлежат на измени).
Не постои главен кој ги влече сите конци, не е ова лошата коорпорација од американските филмови.
Nikoj so sila ne gi nosi, no bez oprema, nespremni bez iskustvo ne treba ni da se najdat na spisokot za start. Ne moze sekoj da se prijavi. Ova e isto ko ski skola pocetnik da odnese na crna staza po nevreme .Nekoj za ovaa grupa ludje ima odgovornost.
И пак, никој без опрема или слабо спремен не се качувал, истите се вратени со првата група назад уште на почетокот кога се видело дека временските услови не се најдобри.
Инаку секој може да се пријави и секој може да проба да се искачи, па ти сто пати да го исклучиш од група (максималната казна што еден водич може да ја направи). Ако тој решил да си оди, ќе си оди.
Инаку по последната информација пренесена во емисијата на КОД, до последното разделување дошло по почетокот на спуштањето на групата кога Кале и Ачко се застанале да каснат нешто.
Зошто не причекале да се вратат и да се состават со останатиот дел на групата, не знам. На врвот можеби не можеле, ако капелата била затворена, па не можеле таму.
Ова е класичен пример на опуштање после освојување на врвот, нешто што на сите планинари им се случува а не би требало, нарочно на водичите, бидејќи групата е твоја одговорност се додека не ја спуштиш до долу.
За жал, пак има недоволно информации, па се базирам на достапните информации и моите размислувања, што не значи дека се точни.