Листа на теретани (локација, цени, рецензии)

L

Löwe

Гостин
Карпош 1 на Орце Николов, близу поранешно пошта има една теретана (мислам Олимпија ама не сум сигурен).
Дали некој може за таа терететана да сподели повеќе инфо, цена, квалитет, гужва?
Anyone?
 
Член од
10 февруари 2010
Мислења
819
Поени од реакции
290
Одма после Железничка во Мичурин - Терминатор 1200 ден, топ уредена[DOUBLEPOST=1518013628][/DOUBLEPOST]
1200 ама џабе, фул е нонстоп, едино нема луѓе во сабота во 9 сабајле :D
1200?
е аман бе, соблекувалните да не ги проширил?[DOUBLEPOST=1518071436][/DOUBLEPOST]
Ки доброто е што работат од сабајле од 6:30,
ретко скоро и непостоечки се теретаните кои отвораат толку посабајле
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Како е со гужва Терминатор околу 17-18часот?
Тушевите функционираат?
Имаат како по други теретани, пример 3 месеци за 3000ки?
Во Капитол имале минатиов месец 5 месеци 3000денари и доброто е што работат од сабајле од 6:30, може и пред работа да направиш тренинг ако си зафатен после, али паркингот крева таму, 40денари саат :)
1200 е стандард во Терминатор, мислам летно време е по 1000. Иначе супер си е внатре, гужва нема скоро никогаш.[DOUBLEPOST=1518089224][/DOUBLEPOST]
Очигледно не си посетил други теретани чим имаш вакво мислење
Зборам за К.Вода, други теретани освен овие 2 нема. Не зборам за кросфит или фитнес, пилатес итн. Да и кашри ВЕРО кај Перо (ненамерна рима), ама тоа е вид на импровизирана теретана во подрум.
Ако сум пропуштил некоја кажувај :)
 
Член од
10 февруари 2010
Мислења
819
Поени од реакции
290
Зборам за К.Вода, други теретани освен овие 2 нема. Не зборам за кросфит или фитнес, пилатес итн. Да и кашри ВЕРО кај Перо (ненамерна рима), ама тоа е вид на импровизирана теретана во подрум.
Ако сум пропуштил некоја кажувај :)
Има исто едно Профиџим, импровизирано
 
Член од
7 февруари 2013
Мислења
128
Поени од реакции
74
Нешто во близина на карпош 1 - карпош 4 докај 1000 ден ? Бев во таа спроти лептокарија ама немале место веќе за нови членови.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
784
Поени од реакции
262
Нешто во близина на карпош 1 - карпош 4 докај 1000 ден ? Бев во таа спроти лептокарија ама немале место веќе за нови членови.
По 100ти пат ке напишам, најдобра теретана во тој дел од градот, во сооднос цена-понуда е дефинитивно Legion Fitness.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.603
Зошто никој не отвори нова теретана во Автокоманда?
Порано имаше 2 и немаше многу гужва. Сега е останата 1 да работи и после 16-17 часот не се фаќа место на справите, има многу народ. Мислам дека постои простор за уште една бидејќи има доста студенти и во населбата и во студентскиот а и доаѓаат доста луѓе и од ченто, маџари, железара, гази баба па и од чаир.
 
нема една FID теретана?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557

Една од причините поради која затвори Флекс беше и тоа што си имаше мака со зградата, за теретана треба и простор што ќе ти го дадат за подолг период, барем 10години, не знам ни каде има таков во Автокоманда.
А зошто кој знае, добро е да има уште еден клуб, не е мала населба + од студентскиот стив + од ченто/маџари/сингелиќ/чаир/железара.
Фид е и мала теретана, плус гужви овој период на сите им текнува дека се ближи лето, буквално хаос се до крај на Јуни, летото бидејќи се по дома заминати студентите е ок, а и голем дел од тие сезонските прекинуваат со вежбање :)
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.807
Поени од реакции
10.916

Флекс затворена е дефинитивно?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Damn, затоа толку попусти во Капитол, зашто тој е газдата.
Флекс беше баш за хардкор тренинг, немаше можеби хигиена на ниво, но можеше да извежбаш што сакаш, справите беа супер и имаше доволно тежини.
Да истиот е газда и на Капитол и на продавницата за суплементи на Орце Николов, а која му е политиката што дава толкави попусти не знам, така губи на квалитет, добива на квантитет, самиот си прави гужви, со помалку народ,а повисока цена пак ќе ги земе истите пари, али ќе има услови за вежбање.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom