Каков велосипед возите/сакате да возите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Булс 2014 модел мислам е летово го земав половен. XT опрема, презадоволен засега

43bd37864dc8e70c01852a1ef65c54c5.jpg
 
Немав време да претставам што возам сега, ама за 2 слики најдов време. :)

Trek One Series 1.1 точак, со променета група. :) Сега за сега ми е супер, понатаму сигурно ќе сакам подобар, знаете стандард муабети... :)

wvkCyyW.jpg

jIhpn8M.jpg
 
Од скоро Bianchi Freccia Celeste. Си седи паркиран во дневна и си чека пролет :)
=
Сериозно можеш да одолееш да не го возиш на секои 2-3 дена? Секоја чест. :)
 
Сериозно можеш да одолееш да не го возиш на секои 2-3 дена? Секоја чест. :)
Eптен тешко, паркиран ми е во дневна соба и одвај чекам да се отвори сезона. :)

Скрати го вратот на виљушката под итно :D
Спејсери се тоа. Не се крати вратот, само спејсерите ќе одат подоле :)

@Мистичен, на многу авантури да се возите со брат ти со Мердитата :D
Фала, па цепаме заедно од март :)
 
Спејсери се тоа. Не се крати вратот, само спејсерите ќе одат подоле :)
Знам дека се спејсери ама многу е висок вратот најди си положба добра, еден максимум два спејсера од доле и горниот дел се сече.
 
Знам дека се спејсери ама многу е висок вратот најди си положба добра, еден максимум два спејсера од доле и горниот дел се сече.
Од тоа што го гледам кај повеќето модели на Bianchi, имаат повисок врат. Прашањето е зошто фабрички би ги правеле со таа висина, наместо за 1-2 спејсери? За да ги сечеме сами? :)
 
Од тоа што го гледам кај повеќето модели на Bianchi, имаат повисок врат. Прашањето е зошто фабрички би ги правеле со таа висина, наместо за 1-2 спејсери? За да ги сечеме сами? :)
Ги прават повисоки зошто не му одговара на секого иста висина, еден спејсер погоре подоле може да направи огромна разлика во удобноста. За роуд бајк секој грам е важен така да откако ке си ја утврдиш висината на волант, вишокот на цевка од виљушката и спејсерите ги одстрануваш најнормално во сервис за точаци. И нема ништо чудно во тоа секој бајкер ке ти го каже истово. И мој совет ако се решиш да ја сечеш е да оставиш само еден спејсер над стемот во случај да треба да направиш малa корекција на висината. А и многу по профи изгледа со скратен врат
96799-343223_1_Zoom.jpg
 
Може и едно овакво за низ град :)
Fixie.jpg
 
Конечно и роад бајк Specialized Allez

gijJT3F.jpg
gijJT3F.jpg


во комплет

tL0Ono2.jpg
tL0Ono2.jpg
 
Bulls WildCup 2 Pro MTB Full Suspension

f530612421124701242112470.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom