- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.092
- Поени од реакции
- 12.657
Ќе работи, во системот на Македонски Телеком единствено е важно да е запишан серискиот број на IPTV рисиверот, а од каде се користи не е важно, се додека се користи преку телекомуникациска линија на Македонски Телеком.Нема да работи ако смениш рисивер. На друго место нема да функционира се додека од телеком рисиверот не го спарат со линијата.
...
Имаше таков случај пред 2 години кога на цела пратка од IPTV рисивери не им беа запишани сериските броеви во системот, поради што IPTV рисиверите не примаа сигнал, па на еден од техничарите му текна да употреби IPTV рисивер кој веќе претходно му го доделил на друг корисник, а кој сеуште не го поврзал.
Серискиот број на IPTV рисиверот веќе беше запишан во системот на име на еден корисник, а сепак работеше без никакви проблеми кај друг корисник.
Но сепак не го оставија тој IPTV рисивер кај овој вториов корисник, бидејќи системот не дозволува префрлување на корисничка опрема од еден корисник на друг корисник, а знаеме дека не е во ред корисникот на чие што име се води IPTV рисиверот да плаќа за користењето на истиот IPTV рисивер од страна на друг корисник. Целта на техничарот беше да докаже дека сепак се` е во ред со сигналот и дека проблемот е во IPTV рисиверите, а истиот ден го поврза IPTV рисиверот кај корисникот на чие што име веќе беше доделен како корисничка опрема.
Така да, чисто за да провери дали се` е во ред со сигналот, изводливо е со IPTV рисивер на друг корисник, но морам да потенцирам дека примерот од пред 2 години беше на бакарен приклучок, не сум 100% сигурен дека би работел и на оптички приклучок, но би требало да работи бидејќи и бакарните и оптичките телекомуникациски приклучоци на Македонски Телеком ги менаџира ист систем, односно ист компјутерски програм.
Последно уредено: