17.
Election - 6, филм на Александар Пејн, со мојот омилен господин, господинот Метју Бродерик. Филмот е добар и само тоа, ништо особено, многу е долг, одолговлечен, и одвај чекав да заврши затоа што тотално го губи темпото. Идејата позади него е добра, има убава студија на ликови, но динамиката на раскажувањето не е толку погодена. Мислам дека ако бил подобро / поинаку монтиран, би бил одличен, вака, meh.
18.
Get Out - 8, ги надмина моите очекувања затоа што бев скептик од она што го слушнав за филмот... Одлично изненадување беше ова, не сум гледал одамна ваков филм, е сега не ми е како за оскари нормално. Солидно дебитантско дело, има многу дупки во приказната но неважно, секој филм од овој шаблон би имал празнини во приказната. Мислам дека ова е одличен начин за некој дебитант да влезе во холивудската машинерија.
19.
Baby Driver - 4, дно од филм нема што, очаен обид да се биде кул, а кул филмови правеше Гај Ричи на почетокот од овој век, не знам зошто постојат филмови како Бејби драјвер, би го укинал сместа. Пишав и во генерална дискусија, да не се повторувам.
20.
The Room - 10, реприза (одлучив да напоменам репризи) за филмот слушнав пред 7-8 години овде на форум, не знам кој член точно го фураше, но знам дека беше бајаги популарен тука. Го изгледав и тогаш, а сега ко што се створи фама и повторно стана популарен, решив да го изгледам одново. Нема сомнеж дека е најлошиот филм на светот, но сепак е подобар од Бејби драјвер, затоа што Томи Вису е од оние луѓе за кои знаеш дека имаат страст за нешто, било што, им ја осеќаш страста, на пример како оној прилогот со Генијалец заборавен од државата. Јас почитувам вакви социјални аутсајдери кои се искрени во своите намери и тоа го прават со љубов.
21. T
he Sting - 9, го гледав го гледав и на пола филм сфатив дека го имам гледано одамна. Вакви дела не се прават повеќе, ова е трејдмарк на една ера од историјата на филмот, период на еден поинаков и би рекол автентичен начин на правење филмови. Има се што еден филмски фанатик би можел да посака.
22.
Toy Story - 10, реприза, секако, нема многу што да се додаде за филмов, ремек дело.
23.
Blade Runner 2049 - 10, пишав и во темата за генерална дискусија, нема зборови што ќе го опишат ова така што нема да се трудам.
24.
Nocturnal Animals - 9, многу убав филм, жал ми е што не го гледав порано, убаво режиран и убаво напишан филм. Се гледа дека режисерот е малку геј затоа што е многу нежен во однос на пишување женски ликови, но многу груб во однос на монтажа. Се на се, одлично, го препорачував и на другари и сите се задоволни. Последната сцена е неверојатна, толку суптилна и тажна...
25.
See no Evil, Hear no Evil - 9, реприза, безвремена комедија, секогаш кога не ми е нешто погодено, го пуштам филмов за да се опуштам. Треба да си гениј за да направиш лик кој е слеп и лик кој е глув и да ги споиш во едно!
26.
Улица Шекспирова 9/1 - 4, го постави
@Shawn Spencer во темата Македонски филмови и ај си реков ќе го гледам. Не сфатив ништо од филмов, а уште полошо - беше едно 10 пати подолг отколку што треба да биде. Хаос невиден е, а гледам со тие имиња во екипа и со тој буџет би можел да се направи нешто подобро, но најверојатно се работи за режисер кој не прима туѓо мислење и сака се сам.
27.
Тајната состојка ака. Исцелител - 7, најверојатно јас сум крив што имав големи очекувања од филмот, но ете и целата атмосфера што се створи околу него си го стори своето. Денес најпаметен потег е да изнајмиш пр агенција и да фураш по твитери митери. Филмот е добар, ми се допадна, не го потрошив времето залудно како што се случува во голем дел наши филмови, но е само добар и ништо повеќе... Предупредување за спојлери: приказната се одвива на еден чуден начин, каде прво се работи за болеста на таткото на Веле, за потоа тој да биде излечен многу рано во филмот, па за приказната да стане приказна за човек кој бега од дилери на дрога, за потоа приказната да стане за некојси исцелител (кој никогаш никаде не излекува некој друг за да присобере толкава толпа пред станот) од друга страна, има доста неуверливи ликови, особено оние споредните, на пример другарот на Веле се појавува во првиот дел од филмот, за потоа, кога ќе му ја скршат кичмата, тотално да го снема. Дилерите што го бркаат Веле можеби режисерот имаше намера да ги прикаже како некакви си браќа Коенови ликови, но тие не се ниту реалистични ниту гротескни. Не можам да поверувам дека истите ликови што насилно го маваат стариот од гепекот на крајот, ќе го пуштат да си оди затоа што тоа му е потребно на филмот да заврши... Не верувам и дека го пронајдоа Веле ниту дека знаеја како да го следат, не верувам - што е и најголем проблем на филмот - дека ја оставија приказната со Веле и неговата бивша девојка. Зошто воопшто постоеше таа една сцена во филмот? Буквално го уби. Многу мразам кога еден филм ми кажува се, и тоа ми го кажува едно десет пати во текот на филмот, на пример женската не Веле „абе твоите кога умреа се смени ти“ Веле на татко му „абе тато син ти заврши факултет јас не, ама умре тоа е“ и уште едно десет пати истото та истото, од друга страна може некој ќе ми објасни еве, но не сфатив една работа: кога се случила несреќата? Контрадикторно ми е синот да завршил факултет како што еднаш се спомена, а од друга страна се наговестуваше дека несреќата се случија кога биле деца... ништо од таа позадинска приказна не ми беше јасно.
28.
Chungking Express - 8, кога се споменува поетичност во филмовите, се потсетувам на Кар Ваи Вонг, тој ми е пример за тоа како еден филм може да биде поетичен. Одлично дело, ме инспирира да пишувам одново.
29.
In a Heartbeat - 4, краток анимиран филм, нормално, за геј деца, затоа што денес фондовите низ европа се такви што треба приказната да ти биде за лгбт заедницата за да добиеш грант да снимаш нешто инаку ќе питаш за леб.
30.
For the Birds - 7, краток анимиран, штета што не беше некое подолго дело, многу смешно филмче, ме расположи. (одлучив да ги бележам и кратките, јебига, да се направи краток филм е истиот процес како за долг, само пократко
)) )
31.
Dunkirk - 6, ја имате мојата рецензија во генерална дискусија...
32.
Coco - 10, ми фалат повеќе вакви филмови, дури и се расплакав на крај пошо и јас имав една слична баба како оваа на филмот, кој слабак сум, го гледавме со Марија и ми рече Ти си чуден чоек и некако стар, ама беше во право.
33.
Murder on the Orient Express - 7, не знам зошто сите фрлаат со камења по филмов, мене ми беше двочасовна забава, прво - затоа што влегов во филмот со намера да ме забавува, второ - затоа што го тргнав на страна фактот дека ја имам прочитано книгата и дека знам кој е убиецот, трето - дека редно е да ги тргнеме настрана предрасудите кога станува збор за адаптација. Прочитав многу коментари како тоа не било доследно на книгата, како ликовите не се тие, па како приказната не е таа, па како некој Херкул Поаро од минатите верзии е подобар од оваа... треба мислам понекогаш да се дистанцираме од се она што го знаеме за делото и да навлеземе свежо. На book depository, Убиството на Ориент Експрес од Агата Кристи беше најпродавана книга, мислам дека тоа беше некаде по излегувањето на филмов. Значи, многу нови (или стари што го промашиле) генерации се запознаа со книгата на Кристи, односно ете, фатиле да прочитаат откако го изгледале филмот или сакале да бидат подготвени. Значи, ете еден благороден ефект од екранизација на неколкупати екранизиран филм. Од друга страна, ова е доста смела екранизација со оглед на тоа што не претендира да биде сериозна како што е книгата, ете, има доста хумор, има очигледен пресврт (до кој се стигнува многу очигледно, од самиот почеток) и мислам дека намерата не била да дојдеме до WOW моментот каде дознаваме дека Дарт Вејдер е татко на Лук Скајвокер, океј е, на толку познато дело нормално дека не можеш да искористиш шок фактор, освен да го покажеш очигледно од самиот почеток, без заобиколување, без претенциозност - ми се допаѓа што филмот не е претенциозен, туку забавен, и ми се допаѓа тоа што ќе се снима и втор дел најверојатно, Смртта на Нил, мислам дека може да се извлече нешто вакво добро и од тоа.
Впрочем, и Агата Кристи не е Виктор Иго, во нејзините книги ако знаеш кој е убиецот, нема потреба од нешто друго, така што ако филмов го прифатиш таков каков што е, ќе ти помине.