Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
23 август 2010
Мислења
39.510
Поени од реакции
114.612

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.750
Поени од реакции
52.708
Што мислите, ќе видиме ли пак во фудбалот вистински лидери, големи карактери на терен кои ќе даваат се од себе за клубот за кој играат, или тоа време веќе стана само дел од минатото?
 

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.801
Поени од реакции
8.600
Што мислите, ќе видиме ли пак во фудбалот вистински лидери, големи карактери на терен кои ќе даваат се од себе за клубот за кој играат, или тоа време веќе стана само дел од минатото?
Не пишува на твитер?
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.750
Поени од реакции
52.708
Размислете убаво пред да пишете нареден пат кога ќе барате нормални дискусии.
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
Размислете убаво пред да пишете нареден пат кога ќе барате нормални дискусии.
Koлку ти шо си размислил убаво пред да „провоцираш“ и пренесуваш мислења.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.669
Поени од реакции
66.714
Што мислите, ќе видиме ли пак во фудбалот вистински лидери, големи карактери на терен кои ќе даваат се од себе за клубот за кој играат, или тоа време веќе стана само дел од минатото?
Се поретко и поретко. Порано имаше по 2-3-ца такви во скоро секоја екипа. Сега, се е пролазно, вештачко, исфорсирано. Бакнува беџ кој како ке стигне, а порано тоа навистина имаше тежина.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
За се си има време и место :toe:
Во право си, како клипот со победата на Челзи над Манчестер од сезоната 52/53 сосем случајно и без желба да се провоцира оставен во ПЛ темата. Вистинско време и вистинско место.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.750
Поени од реакции
52.708
Во право си, како клипот со победата на Челзи над Манчестер од сезоната 52/53 сосем случајно и без желба да се провоцира оставен во ПЛ темата. Вистинско време и вистинско место.
Да, тоа беше ставено баш една година по настанот - вистинско време, и во тема за ПЛ - вистинско место.
Ако толку споро ти поминува една година, сигурно се осеќаш ко последната ПЛ титула на Јунајтед да била пред околу 500 години.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Се поретко и поретко. Порано имаше по 2-3-ца такви во скоро секоја екипа. Сега, се е пролазно, вештачко, исфорсирано. Бакнува беџ кој како ке стигне, а порано тоа навистина имаше тежина.
Ги има и сега и ќе ги има, не многу но се наоѓа, но тоа никогаш нема да бидат главните ѕвезди и најдобрите играчи, поскоро ќе биде некој што знае дека тоа му е нивото во клубот каде што игра, искрено ужива да биде таму, солидна му е платата и има страст за фудбалот.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.750
Поени од реакции
52.708
Ги има и сега и ќе ги има, не многу но се наоѓа, но тоа никогаш нема да бидат главните ѕвезди и најдобрите играчи, поскоро ќе биде некој што знае дека тоа му е нивото во клубот каде што игра, искрено ужива да биде таму, солидна му е платата и има страст за фудбалот.
Не ми беше поентата само љубов кон клубот, ќе се најде секако секогаш некој кој стварно ќе си го сака клубот за кој игра, посебно ако дошол од академијата. Повеќе мислев на големи карактери, лидери на терен за кои знаеш дека можеш да им веруваш секогаш. Самите фудбалери мислам дека сега го гледаат фудбалот различно. Ако порано чистеле по соблекувалните и се друго што правеле како деца, а верувам тоа имало голем удел во градење на нивниот карактер, сега уште од шеснаесет години се ѕвезди и зимаат плати со кои си се обезбедени за цел живот. Еве пример Челзи во ист тим ги имаше Тери, Лампард, Есиен, Балак, Дрогба, а ист пример може да се даде и за Арсенал, Јунајтед, Ливерпул. Сега веќе ги снемува таквите карактери на терен. На никој не му е гајле дали твој соиграч таргетираат и шутираат цели 90 минути, не им е гајле ако изгубат и веднаш по натпреварот си продолжуваат со нормален живот во скапите коли, скапите куќи.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
40.293
Што мислите, ќе видиме ли пак во фудбалот вистински лидери, големи карактери на терен кои ќе даваат се од себе за клубот за кој играат, или тоа време веќе стана само дел од минатото?
Ретко, можеби некој од академиите на клубовиве ќе искочи, и ќе остане цела кариера. Без разлика на квалитетите ќе биде многу ценет. Дури од ривалските тимови.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.340
Поени од реакции
26.275

Изглеа си ја најдоа замената Интер за Икарди во Лаутаро Мартинез. Пишуваат скоро сите медиуми дека е договорен за летово откако ја зголемиле понудата. Викендот постигнал хет-трик. И Сампаоли го гледал тој натпревар, па има големи шанси да биде дел од репрезентацијата за СП.

Сампаоли трлал раце :zloo: :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom