Протестите во Грција се типични сендвич протести, шарена револуција, тврдокорни...таква багра е собрана и таму, "браќа" на таквите како кај нас по коефициент на интелигенција. Мислат дека ја бранат државата од некаков невидлив окупатор, исто како кај нас, само што кај нив национализмот е далеку повеќе изразен, помешан со фашистичка идеологија, расизам...кај нас најголемиот дел од протестантите беа влечкани за уши со закани и уцени, ветувања за државна работа.
Наместо нивниот гнев да го насочат кон сите корумпирани влади, и кај нас и кај нив, тие тргнале во лов на вештерки на чело со такви ликови кои преку триста реки и езера жеден ќе те пренесат.
Ваквата багра од народ, неписмена, задоена со лажен патриотизам му е неопходна на сите влади и кај нас и кај нив за да преживеат. Нив не му се потребни писмени луѓе, луѓе кои со сопствениот мозок ќе расудуваат. Нив му е потребна ваква зомби багра која ќе ја хранат со национализам и прашања како спорот за името, ќе и го одвлекуваат вниманието, додека во позадина ќе тлеат нерешените економски проблеми кои се од вистински интерес за секоја една држава која се смета за држава од 21 век.
Еве кај нас, во меѓувреме еден куп сериозни прашања успеаа да се ирелативизираат и да поминат незабележано, на сметка на спорот со името.