Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.358
Поени од реакции
4.160
На денешен ден, 1945 година во Кавадарци, по изречената пресуда од страна на Народниот суд во Кавадарци, е стрелан полковник Љубен Апостолов, командант на 56 пешадиски полк на бугарската армија, кој беше директно одговорен за спроведувањето на Јунската офанзива од 6ти до 16ти Јуни 1943 година во Тиквешко и одговорен за стрелањето на 12те Ваташки младинци на 16ти Јуни 1943 година. Судењето било во зградата на тутунскиот монопол во Кавадарци. Некои извори велат дека пресудата не била извршена со стрелање туку бил каменуван од страна на семејствата и роднините на убиените деца од Ваташа.
 
Член од
4 август 2017
Мислења
40
Поени од реакции
22
На денешен ден, 1945 година во Кавадарци, по изречената пресуда од страна на Народниот суд во Кавадарци, е стрелан полковник Љубен Апостолов, командант на 56 пешадиски полк на бугарската армија, кој беше директно одговорен за спроведувањето на Јунската офанзива од 6ти до 16ти Јуни 1943 година во Тиквешко и одговорен за стрелањето на 12те Ваташки младинци на 16ти Јуни 1943 година. Судењето било во зградата на тутунскиот монопол во Кавадарци. Некои извори велат дека пресудата не била извршена со стрелање туку бил каменуван од страна на семејствата и роднините на убиените деца од Ваташа.
Полковник Льубен Апостолов е изрод, варварин и убиец.
Арестуван е во БГ е и предаден на МК народен суд.
Сите убијци од БГ армија и полиција от БГ потекло са судени и стрелани во БГ.
Сите убијци от БГ армија и полиција со МК потекло са предадени на МК суд и са стрелани во МК.
Апостолов е од Крива паланка.
Еден од почти 20 000 БГ војници и БГ полицаи од МК, рекрутирани по време на "окупацијата".[DOUBLEPOST=1516696090][/DOUBLEPOST]
Полковник Льубен Апостолов е изрод, варварин и убиец.
Арестуван е во БГ е и предаден на МК народен суд.
Сите убијци од БГ армија и полиција от БГ потекло са судени и стрелани во БГ.
Сите убијци от БГ армија и полиција со МК потекло са предадени на МК суд и са стрелани во МК.
Апостолов е од Крива паланка.
Еден од почти 20 000 БГ војници и БГ полицаи од МК, рекрутирани по време на "окупацијата".
Вистината секогааш е повеке од тоа што може да се прочете во МК извори.
Таква вистина винаги боли - и мене ме боли.
За тоа зашто тие од Ваташа не се младинци, току се деца.[DOUBLEPOST=1516696855][/DOUBLEPOST]Ето што е пишувано за Ваташа во БГ.
А ето какво се случи:
Когато младежите се наредиха в неср'чна и неравна редица, като подпираха раменете си един в друг, Костов извади пистолета си и извика с јарост в гласа:
-Ог'н по кучетата! Ог'н по партизанските копелета!
И в следваштија миг започва пукотевицата. Стрелја се на месо.
Долчинката се изп'лва с дим. Чуват се стонове, пис'ци, предсм'ртни хрипове.
Мирише на барут и млада кр'в.
Струва ти се, че надвесеното небе вр'шта к'нтежа на изстрелите, че близката Кожух планина вр'шта ехото им.

Птиците отлитат уплашени. Полето притихва. Тревите се снишават.
Река Луда Мара, и тја притихва, спотајава се. От високите в'рби излита јато черни птици и се устремјава к'м Кожух планина.
Сл'нцето се прикрива зад черен облак. Цјалата природа, жива и м'ртва, замл'ква в потрес.
Поручик Костов псува с пјана на уста.. Петко Опреков, целијат почервенјал като рак, плјуе . Борис Жеглов е блед като платно. На р'цете са му увиснали ужасени и пискашти трите девојчета.
- Молим ти се, чичко, не ни давај, не ни давај! – изговарјат те.
Поручик Костов го поглежда високомерно и презрително:
- Какво си ги заг'рнал като кокошка! - плјуе нервно. – Мјастото им е при другите!
Борис Жеглов произнасја с разтреперан глас:
- Тјах ги нјама в бележката на полковник Апостолов.
Војниците и стражарите се оз'ртат гузно, прибират ор'жието си, трескаво и без нужда започват да оп'ват коланите си..

Девојчетата се спасени.

***

Господ видја всичко.
Нјаколко п'ти вдигна десница да спре касапницата.
Без резултат.
Ст'писан, онемјал от видјаното.
И рече Господ:
-Тези не ги познавам!
-Тези не са от моето стадо!
Три п'ти повтори:
-Тези не са мои!
- Тези не са мои!
- Тези не са мои!
И заплака Господ.
От безсилие.

*** След повече от година Народниот суд в НР Македонија оосуди убијците - см'рт чрез обесване. /Преди това всички те, заедно с р'ководителите на б'лгарската царска цивилна, военна и полицејска администрација, са предадени от отечествено-фронтовското правителство на Б'лгарија на југославските власти за с'дене като фашисти. А "народниот суд" си знае предварително урока - куршум и в'же! В леките случаи - "робија", затвор за д'лги години.


По време на с'дебнија процес полковник Апостолов л'же, че не знаел че младежите не са хванати в гората, а са изм'кнати от домовете им, опитва се да “натопи” поручик Костов и Петко Опреков. Предишната ношт и сутринта били изпили три литра ракија и били пијани “като талпи”, превишили си правата и т.н.

Борис Жеглов, којто спаси девојчетата, получи с'штата прис'да - см'рт. Казват, че не мог'л да стои прав, прид'ржали го двамина.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.431
На денешен ден (1943-та) у четири сабајле, се предаде и последниот северен џеб на Вермахтот, во Сталинград, под команда на генерал Штрекер.
Многумина тоа го рачунаат како момент на пресвртница во Втората Светска Војна.
Дилемата - која страна ќе победи во оваа војна, во четири сабајле на втори февруари се смета (симболично), дека е разрешена, а се појавува втора дилема (на кој начин и кога ќе загубат силите на оската), која се смета дека е разрешена на 13 јули истата година.

Сталинград, некои ја сметаат за најзначајна битка не само во Втората Светска Војна туку и во светската историја. Во секој случај, сигурно е една од најтешките и најтрагичните битки било кога водени. Во неа дојдоа до израз некои од важните слабости на германското воено ангажирање, кои (во комбинација со напорите на сојузничките сили) доведоа до резултатот на оваа (но и на многу други битки):

- убеденоста на Хитлер дека е подобар генерал од генералите и неговиот изгубен допир со реалноста
- потценувањето на противникот
- ужасно лошото германско разузнавање
- слабата логистика
- потценување на стратегијата на сметка на тактиката
...
Со ова неславно заврши амбициозната операција Сино, која имаше првенствена цел да се преземат нафтените резерви/наоѓалишта на Советскиот Сојуз кај Кавказ. Опeрацијата беше (особено во почетокот) тактичко феноменално достигнување и стратегијски дебакл.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.431
Митови, интересни факти:

Втората Светска Војна со 60-65* милиони жртви е најсмртоносниот шестгодишен период во историјата.
Посмртоносно од било кои последователни шест години од: инвазијата на Монголите, средновековната чума, наполеоновите војни....you name it!
На пример, најголемиот модерен конфликт (Афганистан) кој трае веќе 18 години има околу 50-60.000 жртви војска (2200 Американци), плус 30 000 цивили.
Втората Светска Војна има дневно 27.000 жртви во просек. Секој ебан ден.
Само битката кај Сталинград има 2 милиони жртви, за пет месеци. (ако ја сметате дека почнала од 23 август, како дел од операцијата Сино)
Aко тоа време, си бил жител на Белорусија - земја со девет-десет милиони население, тогаш секој четврти што го познаваш бил убиен. Тоа е земјата со најголем процент на жртви (25%).

* Мада Википедија вика 80+ милиони, а ако се раунале над осумдесет тоа било и од глад и болести
 
Последно уредено:

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.811
Поени од реакции
21.402
Ааааа најбомбардирани градови Дрезден, Манила и Варшава?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.431
Ааааа најбомбардирани градови Дрезден, Манила и Варшава?
Зависи дали гледаш на еден настан или вкупно во војната. Дали рачунаш артилерија или само авијација.

Најголемо уништување и жртви од едно бомбардирање е Токио на 9 и 10 март 45-та, со запалливи бомби, за два дена околу 80-100.000 луѓе, а можеби и повеќе.
Материјална штета поголема од Нагасаки или Хирошима, а и жртви повеќе.

Сталинград, Дрезден, Берлин, Хамбург...
Пепел.

Кај Токио, Хамбург и Дрезден огнените бури кои дивееле низ градот по и за време на бомбардирањето биле извор на најголемата штета и жртви.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
КОГА ЛУЃЕТО СЕ ПОЦВРСТИ ОД ЧЕЛИК”. КОЛУМНА НА АТАШЕ ВО АМБАСАДАТА, г-дин МИХАИЛ ЛУШИН, ОБЈАВЕНА ВО "НЕЗАВИСЕН ВЕСНИК", 2.02.2018

По повод 75-годишнината од Сталинградската битка

На почетокот на октомври 1942 година фашистички трупи очајно се обидуваа да го освојат Сталинград. Во екот на офанзивата, германската артилерија удри врз резервоари со нафта лоцирани на брегот на реката Волга. Градските урнатини во кои се судрија советските и Хитлеровите војници, веднаш ги зафати оган. Советските трупи лоцирани на другиот брег на Волга не очекуваа дека командантот на 62. Армија, која го бранеше градот, генерал Василиј Чујков, ќе остане жив. Меѓутоа, генералот за време на прекин на битката успеа да им ги прати своите координати на колегите од другиот брег: „Ние сме таму каде што има најмногу чад и оган“. Таа реченица многу точно ја отсликуваше суштината на тоа што се случуваше во Сталинград, почнувајќи од летото 1942 година до зимата 1943 година. Во тој најтежок период на Втората светска војна најмногу „чад и оган“ имаше по бреговите на Волга. Токму таму се решаваше судбината на целата војна и на целото човештво. Пред 75 години, на 2 февруари 1943 година, оваа грандиозна битка заврши со триумф на Црвената армија.

Во летото во 1942 година Третиот Рајх беше на врвот на својата моќ. Поразот кај Москва им стави крај на плановите на Хитлер молскавично да го уништи Советскиот Сојуз, кој беше единствена земја што продолжуваше да се бори против фашистичкиот агресор на европскиот континент. Меѓутоа, човечките и материјалните ресурси на Европа заробени од страна на Германците, а и добро наштимана воена машинерија, ѝ овозможија на нацистичката Германија да се соземе по неуспесите на Советско-германскиот фронт доживеани за време на зимската кампања од 1941 до 1942 година, и презеде стратегиска иницијатива. Отворањето на Вториот фронт беше уште далеку – истоварањето на англиско-американските трупи се случи дури за две години. Тој факт на Хитлер му овозможи против СССР да собере до 90 проценти од сите свои копнени трупи, како и стотици илјади војници од своите потпомагачи. За време на летната кампања во 1942 година, фашистите планираа да ги освојат нафтените наоѓалишта во Кавказ и да го отсечат најважниот транспортен коридор на Русија – реката Волга. Да успееше овој план на Хитлеровата Германија, истата ќе добиеше пристап кон неисцрпливи нафтени ресурси за да води долготрајна војна. Клуч кон наоѓалиштата беше Сталинград. Во офанзивата на градот учествуваа повеќе од еден милион германски, италијански, романски, унгарски и хрватски војници. Ударната тупаница беше 6. Армија на вермахтот, на чие чело беше генерал Фридрих Паулус. На 23 август 1942 година германски воздушни сили извршија бомбардирање на Сталинград, кое во тој момент беше најразурнувачко во целата историја на војните и резултираше со смрт на 40 илјади жители на градот. Само по еден ден, дотогаш просперитетен град, се претвори во подружница на пеколот на земјата.

Од август до октомври Фридрих Паулус изврши три јуриша, но истите доживеаја дебакл. Раскажувајќи за борбите во Сталинград во октомври 1942 година, радио Би-би-си соопшти: „Под притисок на германските трупи Полска се предаде по 28 дена. Во Сталинград по 28 дена Германците освоија само неколку згради. Франција се предаде по 38 дена. Во Сталинград Германците по 38 дена успеаја само да преминат од една страна на улицата на друга“.

Шестата германска армија, која заглави во градските урнатини и невидената непоколебливост на руските војници, немаше можност да користи предност во маневарот, бројот на оклопни возила и моќта на артилериски оган. Битката се подели на блиски борби, двобои на снајперисти, напади со бајонети. Со други зборови, исходот на битката не беше предодреден со предноста во техниката, туку моќта на духот, храброста и воената вештина. По цена на натчовечки напори на бранителите на Сталинград, советските команданти добија во време, кое беше неопходно за собирање резерви, и во ноември 1942 година започнаа контраофанзива. 250-илјадната армија на Фридрих Паулус беше опколена. По три месеци борби, живи останаа само 90 илјади германски војници и офицери, и сите тие се предадоа. Германската армија претрпе загуби што не можеше да ги надополни и конечно го изгуби ореолот на непобедливост. Во Втората светска војна настана решителен пресврт.

Дебаклот на Германија и нејзините сојузници кај Сталинград ги охрабри земјите на антихитлеровата коалиција, ја активира партизанската борба во окупираните европски земји, меѓу другото и на Балканот. Наши британски и американски колеги ги дадоа следните оценки за таа победа: „Конечно, уништување на остатоците од германската армија беше историски момент што ќе го запаметат следните генерации. Во оваа голема војна до овој момент немаше толку жестока опсада и толку непоколеблив отпор“, пишуваше „Њујорк тајмс“ на 7 февруари 1943 година.

Во своето обраќање до жителите на Сталинград, претседателот на САД, Френклин Рузвелт, се восхитуваше со „неговите бранители, чија храброст, сила на духот и саможртвување вечно ќе ги инспирираат срцата на сите слободни луѓе“. „Нивната славна победа го запре бранот на инвазијата и стана пресврт во војната на сојузниците против агресорот“, констатираше Френклин Рузвелт. Британскиот крал Георг Шести на градот му го додели церемонијалниот меч. Натписот на мечот гласеше: „На граѓаните на Сталинград, цврсти како челик - од кралот Георг Шести во знак на длабока восхит на британскиот народ“.

Неспорно е едно. Да успеаја Хитлеровите трупи да го скршат отпорот на бранителите на Сталинград, тоа за многу години ќе ја одолговлечеше победата над фашизмот или целосно ќе ја оневозможеше. Да не беше подвигот на руските војници во Сталинград, каква крвава цена после ќе платеа војниците на САД, Велика Британија, Канада, партизаните на Југославија и на другите земји сојузници на СССР? Колку уште милиони Евреи, Роми, Руси, Украинци, Белоруси, Полјаци, Чеси, Срби, Македонци и претставници на другите народи ќе беа уништени во Освенцим, Треблинка, Собибор и во другите „логори на смртта“? Колку уште градови ќе беа избришани од земјата? Колку уште тортури, егзекуции и други воени злосторства ќе беа извршени од страна на нацисти на окупираните територии од Ла Манш до Балканот и Русија? Пред 75 години светот точно го знаеше одговорот на сите овие прашања и им беше искрено благодарен на руските војници за спасување од нацистичката чума.

И сега, по изминатите десетици години, кога настаните од тоа време ја губат свежината и сѐ помалку остануваат живи сведоци на таа страшна војна, од големо значење е да се негуваат сеќавањата на тој период, решително да се сузбиваат обидите да се ревидира историјата, да се оправдаат фашизмот и неговите потпомагачи. Тоа треба да се прави не само заради почитување на подвигот на хероите на Сталинград, туку и за светот пак да не се најде исправен пред страшен избор меѓу животот и смрта, како што тоа се случи во Сталинград.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.431
А токму Путин се занимава со ревизионизам на Стаљин, у задње време.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.431
Митови, интересни факти:

Blitzkrieg е термин за кој некои историчари тврдат оти Хитлер и Гудериан сметале дека е странски. Германците во Втора Светска не го употребувале речиси никогаш. Гудериан го споменува во своите мемоари само еднаш. Мајнштајн - ниту еднаш. Тие кои го користат денес и тогаш, го користат на тактичко ниво (да го опишат начинот на напад), а некои и на стратегиско ниво (да илустрираат брза војна).
Како и да е, нацистите речиси воопшто не го употребувале. Но, денес издавачите не сакаат ни да издадат книга од некој историчар ако у насловот нема Блицкриг. Едноставно, тоа продава.

Она што е акуративен назив за воена стратегија, врз која се темели тоа што денес се нарекува Блицкриг, е прускиот начин на водење војна Бевегунскриг (војна на движење), кој како начин/стратегија, потекнува од историските услови во кои се наоѓала Прусија. Прусија била опкружена со неколку поголеми и посилни држави со кои никако не можела да води војна на истоштување. Подолга војна.
Морале со една одлучувачка победа да издејствуваат компромис во своја корист. Toa би бил еквивалентот на Блицкриг на стратегијско ниво.
(пруската воена доктрина и традиција е клучна за германската од Втора светска Војна)

На тактичко ниво, точниот еквивалент за Блицкриг би бил Кеселшлахт - најблиску до англискиот термин pincer movement - толку пати виден на боиштата во Европа (особено на Источниот Фронт).

Практично, Блицкриг не значел ништо конкретно.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.662
Поени од реакции
42.232
Митови, интересни факти:

Blitzkrieg е термин за кој некои историчари тврдат оти Хитлер и Гудериан сметале дека е странски. Германците во Втора Светска не го употребувале речиси никогаш. Гудериан го споменува во своите мемоари само еднаш. Мајнштајн - ниту еднаш. Тие кои го користат денес и тогаш, го користат на тактичко ниво (да го опишат начинот на напад), а некои и на стратегиско ниво (да илустрираат брза војна).
Како и да е, нацистите речиси воопшто не го употребувале. Но, денес издавачите не сакаат ни да издадат книга од некој историчар ако у насловот нема Блицкриг. Едноставно, тоа продава.

Она што е акуративен назив за воена стратегија, врз која се темели тоа што денес се нарекува Блицкриг, е прускиот начин на водење војна Бевегунскриг (војна на движење), кој како начин/стратегија, потекнува од историските услови во кои се наоѓала Прусија. Прусија била опкружена со неколку поголеми и посилни држави со кои никако не можела да води војна на истоштување. Подолга војна.
Морале со една одлучувачка победа да издејствуваат компромис во своја корист. Toa би бил еквивалентот на Блицкриг на стратегијско ниво.
(пруската воена доктрина и традиција е клучна за германската од Втора светска Војна)

На тактичко ниво, точниот еквивалент за Блицкриг би бил Кеселшлахт - најблиску до англискиот термин pincer movement - толку пати виден на боиштата во Европа (особено на Источниот Фронт).

Практично, Блицкриг не значел ништо конкретно.
промашена тактика е тоа, којзнае кои слепци го воделе тој блицкриг, практично невозможно е да покриеш територија како Русија со своја војска. И тој напредок што го направиле бил ради тоа што русите биле начекани неспремни со мизерен персонал, пола и више од генералите им биле пратени на гулаг.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.431
промашена тактика е тоа, којзнае кои слепци го воделе тој блицкриг, практично невозможно е да покриеш територија како Русија со своја војска.
Oва е доста неточно.
И тој напредок што го направиле бил ради тоа што русите биле начекани неспремни со мизерен персонал, пола и више од генералите им биле пратени на гулаг.
Ова е точно, но е само дел од причините за почетните советски катастрофи.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.955
Поени од реакции
12.376
промашена тактика е тоа, којзнае кои слепци го воделе тој блицкриг, практично невозможно е да покриеш територија како Русија со своја војска. И тој напредок што го направиле бил ради тоа што русите биле начекани неспремни со мизерен персонал, пола и више од генералите им биле пратени на гулаг.
Oва е доста неточно.
Да беше неточно, партизаните ќе немаа територија на која би се криеле и од каде што би изведувале саботажи и диверзантски напади.

Сепак Русија беше и остана најголемата држава во светот и за време на војните на Наполеон Бонапарта и за време на Втората Светска Војна, а и денес е најголемата држава во светот.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.662
Поени од реакции
42.232
Oва е доста неточно.
Ова е точно, но е само дел од причините за почетните советски катастрофи.
Кажи ми зошто тогаш никој не војува со блицкриг во модерниот начин на војна? А тие генерали што ги планирале овие напади мислеле со раце у вис дека некој ќе ги пречека они да маршираат само низ москва
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
промашена тактика е тоа, којзнае кои слепци го воделе тој блицкриг, практично невозможно е да покриеш територија како Русија со своја војска. И тој напредок што го направиле бил ради тоа што русите биле начекани неспремни со мизерен персонал, пола и више од генералите им биле пратени на гулаг.
Прво таа доктрина е неприменлива за војување на широк фронт, се работи за високо мобилни формации со голема огнена моќ концентрирани на одредена точка за продор, после кој продор се создава иницијатива која прераснува во поширока експлоатација.

Пробиваш линијата на одбрана на одреден потег и тој мостобран го држиш доволно долго да уфрлиш што повеќе борбени ефектива во заднината на непријателот.
Никогаш немале на крај памет германците да освојат целокупна територија на една земја, тоа е неизводливо.
Завземаш стратешки и тактички позции и само одржуваш линии на комуникација, со што си постигнал одредена цел.

НАТО во Афганистан, кое фајде од воспоставување контрола врз некој ретко населен планински масив, поставуваат Forward Operating Base и од таму по потреба се потикнува воена иницијатава за постигнување на одредена цел.

Комплетната формациска поставеност на модерните армии и целокупното конвенционално војување денес е поставено на постулатите за кои шо ти напиша дека се промашена формациска поставеност т.е тактика (организација).
НАТО системот има формациска поставеност од овој тип на единици, тоа шо беа Панзер дивизии (синтеза на механзирана пешадија и оклоп) денес модерно се нарекуваат оклопно механизрани единици.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.431
промашена тактика е тоа, којзнае кои слепци го воделе тој блицкриг, .
Не е воопшто промашена тактика, во тоа време, со тие средства, во тие услови.

Со помалку војска, полоши тенкови, далеку помала механизираност од противниците, тие успеаја да ги поразат Сојузниците во Франција и Бенелукс (за 38 дена), пред тоа исто во Полска, а и после да и нанесат катастрофални загуби на Црвената Армија. За ова, во прв ред (покрај некои други нешта), беше заслужна иновативната тактика, која денес ја викаме Блицкриг. За која е заслужен Мајншатјн, а за која ловориките побрза да ги собере Хитлер.

практично невозможно е да покриеш територија како Русија со своја војска. .
Германците никогаш не се ни обидуваа да ја покријат територијата на СССР. Сосема е погрешна поставката дека сакале да ја покријат територијата. Никој нормален не би се обидел тоа да го прави при напад на Русија.

Германската воена доктрина, како што пишав поназад е сосема спротивна на тоа. Карактерот на Бевегунскригот (војна на движење) е сосема спротивен на такво нешто. Кеселшлахтот (грубо - обиколување и создавање на таканаречен котел) не е тактика која може да се спроведува со покривање на територија.

Покривање територија со војска е сосема спротивно на тоа што правеа Германците во Втора Светска Војна. Како прво идејата на Хитлер била да застане на линијата Урал-Касписко, а не да продолжи понатаму.

Носители на Германската воена доктрина се генералите од пруските воени благороднички семејства. Прусија, како што реков, е мала земја која вековно се бори против големи соседи. Традиционално они се тепаат така што гледаат брзо да се реши конфликтот со една брза победа, која ќе обезбеди поволни услови за договор. Нема никакво покривање територија. Едноставно гледаш кај се непријателските сили, напаѓаш со све што имаш и после капитулираат или поволен договор склучуваат. Војна на истоштување со покривање теритиории не е нивни фах. Не се ни во можност тоа да го прават.

За Германскиот војник традиционално е нормално да победи како помалуброен.

Па види и самиот, каков е стратешки распоредот на Барбароса - три концентрирани правци на дејство.

Германците стратешки во текот на траењето на Источниот Фронт удираа концентрирано, на едно место, па после на друго и тие операции во текот на времето (41-43) и просторот (Мурманск-Касписко), додека имаа иницијатива, се однесуваа како садови кои се шират и собираат, влијаејќи еден на друг.

Сталин пак, имал сосема спротивна доктрина која многу повеќе одговара на она што го викате покривање територија. Доктрина која се темели на претпоставката дека модерните (за тоа време) војни се војни на истоштување. СССР цело време се труделе да ја наведат војната на таа страна. Да трае подолго и да премине во војна на истоштување. Германците пак, обратно, да трае кратко.
Една од карактеристиките на таа советска доктрина е тоа покривање на територии.
Тој удирал цело време по цела линија на фронтот, под претпоставка дека некаде мора да пукне. Безброј големи и мали, контраофанзиви.


Да беше неточно, партизаните ќе немаа територија на која би се криеле и од каде што би изведувале саботажи и диверзантски напади.

.
Токму заради стратегијата на непокривање територии, го имаме ова огромно партизанско движење, како нус појава.


За све ова погоре може поединечно да се елаборира подлабоко и со примери.


Кажи ми зошто тогаш никој не војува со блицкриг во модерниот начин на војна?
А зошто денес никој не користи фаланга?

А зошто никоја пешадија денес не напаѓа во линија?

Воената стратегија и Тактиката ја диктираат условите за војување и воените средства. Воените средства и условите се различни во времепросторот. Воените средства еволоуираат низ времето.

Затоа денес никој не користи ни фаланга, ни пешадијска линија на настапување како во наполенските војни, а ни Блицкриг.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom