Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 март 2009
Мислења
20.784
Поени од реакции
17.011
мисли затвор, цврста столица , запек ??:([DOUBLEPOST=1516803721][/DOUBLEPOST]Офицер на АРМ станал полковник, а пред шест години бил вратен од Авганистан за обид за силување

Неодамна во чин полковник во Министерството за одбрана беа унапредени четворица офицери. Меѓу нив беше и Хajро Али...
 
Последно уредено:

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Да прецизираме во кратки црти што претставува новиот закон за јазици.


http://vecer.mk/makedonija/selmani-sekoj-eden-makedonec-treba-da-go-nauchi-albanskiot-jazik-video
Сега ќе дојдат либералите и ќе ти речат "Е добро бе што има лошо ако се научи албанскиот. Колку повеќе јазици знаеш, подобро...".
Инаку наредна фаза е кантонизација за брзо време. Затоа што се што побарале Албанците нашиве продаени души им даваат еве веќе 27 г.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
312
Поени од реакции
477
Што порано се подели државава, тоа подобро. Ако иаме среќа и убавиов дел да може да се припои со Бугарија, па да живееме малце понормално.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
ДУИ во најтесно раководство има одлежани над 30 години затвор за членување во марксистичко-ленинистички сепаратистички здруженија. Има таму многу повеќе од само зборење на митинг.
Кајва врска има во тоа дали ДПА биле десница, а ДУИ левица јас не гледам разлика во нивните говори и во нивните политики и стремежи, сите Албански партии независно дали се самодекларираат како десница или левица и независно дали се од Македонија, Косово, Албанија и.т.н. имаат една и единствена идеја Голема Албанија од Јадранско море до Велес и од Нови Пазар до Јанина (Чемерија) !
Тие прикаски за Албанска десница и Албанска левица се смешки ... Албанците смениле неколку страни во блиската Историја, но идејата за Голема Албанија никогаш не умрела, прво биле со Турците-Османлии први нивни вазали тука на западниот Балкан, потоа во 1912 год. Албанија станала независна држава и тоа било поддржано токму од некои западни сили како Австро-Унгарија, Италија и.т.н. во втората светска војна биле на страната на Мусолини и Хитлер значи со Италијанците и со Германците, после втората светска војна се вртат према исток СССР и НР Кина значи кон Комунизам/Социјализам, за да од 1990 год. па наваму станат главни Амерички ку*ви на Балкану !
 
B

Bafra

Гостин

It's all about business, nothing personal. Always business this thing of ours :icon_lol:
:lolzz::lolzz::lolzz:
Ако е вистина ова, не некоја зафрканција, тогаш Горде Ј во совет за безбедност, а Ѕинго во новиот комитет за земјоделие и сточарство (комитет го крстија бе)

Ова е Македониа, ништо чудно да биде оваа трипер комбинација :misticen:

Што порано се подели државава, тоа подобро. Ако иаме среќа и убавиов дел да може да се припои со Бугарија, па да живееме малце понормално.
Зашто бе со Бугарите... Јас би со Грците. Западот повеќе ги сака, цело време им фрла пари, историја поубава, поубаво море а и Солун е поблиску :D
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.184
Поени од реакции
3.431
Каков народ живее во оваа држава леле леле,
разбирам за некој што никогаш ништо не добил од ВМРО, па сега да си ја проба среќата со СДСМ, ама такви што биле на функција, такви што имале бенефиции само поради партијата, сега пак да се митарат на СДСМ за унапредување и за уште повеќе паразитирање, да ти се згади од таквите.

Зошто го пишувам ова, па како поминува времето се објавува нова трансфер бомба,

Ќе земам ќе направам партија во која прва точка на програмата ќе биде да се избркаат таквите паразити:icon_mrgr:
 
V

viktora

Гостин
Во најголемиот затвор во Македонија, Идризово, од вкупно 1754 затвореници, на Законот за амнестија ќе му се радуваат 1438 лица од кои 621 Македонец, 569 Албанци, 26 Срби и 257 Роми, пишува ТВ21.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.878
Поени од реакции
21.801
Во најголемиот затвор во Македонија, Идризово, од вкупно 1754 затвореници, на Законот за амнестија ќе му се радуваат 1438 лица од кои 621 Македонец, 569 Албанци, 26 Срби и 257 Роми, пишува ТВ21.
Тоа не е важно, важно е дека вториот најбаран терорист во светот Дурловски е во затвор.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.381
Поени од реакции
8.990
Баш ме интересира Грујо кога ќе го затворат, како Мицковски ќе функционира. Дали самиот ќе оди еднаш неделно до Идризово по совети/насоки или преку посредник ќе комуницираат...
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
:lolzz::lolzz::lolzz:
Ако е вистина ова, не некоја зафрканција, тогаш Горде Ј во совет за безбедност, а Ѕинго во новиот комитет за земјоделие и сточарство (комитет го крстија бе)

Ова е Македониа, ништо чудно да биде оваа трипер комбинација :misticen:
Премногу се експонирани за да директно се вклучат во новата чесна и правдољубива власт кој се бори за слобода и демократија, ама сигурен сум дека со духот се присутни во неа :icon_lol:

Ко шо гледам од таа енормна корупција, милијарди и се тоа ништо нема, на никој влакно не му фали, ред е да се извинат на целокупната домашна и меѓународна јавност тие шо пласираа такви тврдења, тоа е кога единствен консензус им е неказнивоста на се она шо не доведе до ова дереџе.

Него да те прашам, уше го браниш ставот дека газда Кочо Анѓушев е добар избор за Вицепремиер?

;)


Зарем не беа Јово Вангеловски и тој Караџовски за време на претходниот политички режим токму Грујови фуфици ... :LOL:
Мафијашка држава на дело ти е ова, може се покајаници, а знаеш социјалдемокративе се рисјани па...:icon_lol:

Калајџиев и Најчевска се повлекоа доста гласно и со отворена критика, Фрле и тој не беше оптимист, корупцијата и партизацијата си се тамам, вистина испадна се е исто само њега нема.
Може му имаат скапите врби од Вардар фатено златна рипка, па има посакано СДСМ да го прави ова што го прави :tapp:[DOUBLEPOST=1516812794][/DOUBLEPOST]
Баш ме интересира Грујо кога ќе го затворат, како Мицковски ќе функционира. Дали самиот ќе оди еднаш неделно до Идризово по совети/насоки или преку посредник ќе комуницираат...
Кој е рускиот бизнисмен Савидис сопственик на грчкиот Етнос?


Зошто грчкиот весник Етнос на богатиот руско-грчки бизнисмен Иван Савидис во чувствителен период на преговорите за името на Македонија си „поигра“ со изјавата на грчкиот премиер Ципрас? Савидис, кој се смета за близок човек до рускиот претседател Владимир Путин во Грција поседува медиуми, меѓу кои и е весникот Етнос. Тој е еден од сопствениците и на солунското пристаниште.

Дневниот весник Етнос, неделникот Етнос, дневниот весник Имерсија, солунскиот фудбалски клуб ПАОК, дел од солунското пристаниште се неколку од крупните инвестиции во Грција на грчко-рускиот бизнисмен Иван Игњатевич Савидис. Тој стана интересен за македонската јавност по интервјуто на грчкиот премиер Алексис Ципрас за грчкиот весник Етнос, кој од 26 јули 2017 година е во сопственост на неговата компанија Димера. Лани летото Савидис на аукција во грчки суд ги купува трите печатени медиуми.

Викендов турбуленција во македонската јавност предизвика насловот на интервјуто на Ципрас „Македонска нација никогаш не постоела“ со кое Етнос го најави разговорот објавен во целост наредниот ден.

Во меѓувреме, по жестоките реакции во Македонија, дневниот весник Независен дојде до целосната изјава на грчкиот премиер во која тој појаснува дека „Македонска нација никогаш не постоела во античко време, како што не постоела и нација на Атињаните или Спартанците“.

Спорна изјава во тек на преговори

Дел од јавноста ова го припиша на сопствеништвото на Етнос, односно на рускиот бизнисмен, имајќи предвид дека политиката на официјална Москва не гледа со сипматии на проширувањето на НАТО кон нови балкански земји. Оваа изјава дојде и во во време на интензивирање на преговорите за името меѓу Атина и Скопје, изјавите за позитивна клима меѓу двете земји, но и пораката од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој рече дека нема план Б за Македонија да влезе во алијансата, освен решение за името.

Но, ако Савидис станува интересен за овдешната јавност периодов, во Грција и во странските медиуми е интересен одамна пред се заради неговата политичка влијателност и блискост со рускиот претседател Владимир Путин.

Медиумскиот бизнис всушност е и поновиот сектор во кој влегува Савидис. Тој од претходно е сопственик и на солунскиот фудбалски клуб ПАОК. Клубот во пресрет на протестите против употребата на терминот Македонија кои се одржаа во неделата во Солун соопшти дека Македонија е нивниот дом и историја и е историски една и грчка. Од клубот наведоа и дека „ПАОК го обединува својот глас со „милионите граѓани што го делат истото мислење“.

Покрај овие бизниси, Савидис е еден од сопствениците и на солунското пристаниште. Лани во април неговиот инвестициски фонд заедно со фондови од Германија и Франција откупија 67 отсто од акциите на пристаништето.

Богатиот Грк, роден во Грузија во 1959 година, кога таа била дел од Советскиот Сојуз, всушност е политичар близок од партијата на Путин Единствена Русија. Во опозициската грчка јавност тој се посочува и како линкот што наводно го поврзувал премиерот Ципрас со рускиот претседател.

Обвинувања од опозицијата

Путин беше во Грција пролетта 2016 година кога ја посети и Света Гора. Во Атина се сретна со Ципрас, а на Света Гора замина со претседателот Прокопис Павлопулос. Со нив тогаш беше и Савидис.

Лани во мај, како што објавуваат грчките медиуми Савидис го фалеше грчкиот премиер Ципрас и го поистовети со рускиот претседател Владимир Путин.

Слушајќи го говорот на Ципрас ме потсети на силен лидер каков што е рускиот претседател“, рече Савидис во интервју за грчкиот весник Прототема.

Ова интервју следуваше по несогласувањата меѓу власта на СИРИЗА и опозицијата поврзана со законот кој го протурка владиното мнозинство, со кој, меѓу другото, му се прости долгот на Савин кон државата во износ од 28 милиони евра.

Опозицијата ја обвини тогаш власта дека законот е напишан земајќи ги предвид интересите на Савидис. Тој, пак, ја обвини опозициската Нова Демократија и нејзиниот лидер Кирјакос Мицокатис велејќи дека никогаш нема да биде премиер и дека неговите ставови ги протеруваат странските инвеститори од Грција. Сепак, бизнисменот нагласи дека со поранешниот претседател на Нова демократија Костас Караманлис имал прекрасно пријателство, го почитувал и го сакал.

Пратеник од Единствена Русија

Политичката кариера Савидис ја почнува во 1998 година кога првпат е избран за пратеник во локалното собрание во регионот Ростов, а потоа повторно е избран во 2003 година. Во 2007 година е избран за пратеник во думата како дел од партијата на Путин, Единствена Русија. Таа функција ја извршува до 2011 година, а од 2012 е член на претседателскиот совет за меѓународни односи.

Неговиот основен и главен бизнис кој го почнува во 2004 година е компанијата Агроком која е со седиште во Ростов на Дон. Компанијата се занимава со прозводство на месо, цигари, земјоделски производи, минерална вода и друго.

Савидис не е богат само во балкански рамки, туку, според магазинот Форбс, тој е еден триесетте најбогати Руси во светот. Своите пари тој ги вложува и во грчкото општество преку добротворна фондација. Таа, како што пишува на неговата интернет страница, е формирана во 2000 година, а главни цели на нејзините активности се финансиска поддршка на традиционалните релиогиозни заедници, како реконструкција и изградба на цркви, организирање на аџилак и финансиска поддршка на православни образовни институции. Во 2013 година е прогласен за почесен граѓанин на Грција.
;)
 
P

PewDiePie

Гостин
Што порано се подели државава, тоа подобро. Ако иаме среќа и убавиов дел да може да се припои со Бугарија, па да живееме малце понормално.
Лол не не....цела Македонија во рамки на Грција,море си е море а и ако веќе мора втор јазик подобро грчки. :D

Како тргнал Заев ќе треба да го бара брата си Ципрас да го спасува од шипците,и конечно МАКЕДОНИА да стане цела,под Грција секако ама подобро така отколку со шипците,доста е веќе ја претераа.
 
B

Bafra

Гостин
Премногу се експонирани за да директно се вклучат во новата чесна и правдољубива власт кој се бори за слобода и демократија, ама сигурен сум дека со духот се присутни во неа :icon_lol:

Ко шо гледам од таа енормна корупција, милијарди и се тоа ништо нема, на никој влакно не му фали, ред е да се извинат на целокупната домашна и меѓународна јавност тие шо пласираа такви тврдења, тоа е кога единствен консензус им е неказнивоста на се она шо не доведе до ова дереџе.

Него да те прашам, уше го браниш ставот дека газда Кочо Анѓушев е добар избор за Вицепремиер?

;)




Мафијашка држава на дело ти е ова, може се покајаници, а знаеш социјалдемокративе се рисјани па...:icon_lol:

Калајџиев и Најчевска се повлекоа доста гласно и со отворена критика, Фрле и тој не беше оптимист, корупцијата и партизацијата си се тамам, вистина испадна се е исто само њега нема.
Може му имаат скапите врби од Вардар фатено златна рипка, па има посакано СДСМ да го прави ова што го прави :tapp:[DOUBLEPOST=1516812794][/DOUBLEPOST]

Кој е рускиот бизнисмен Савидис сопственик на грчкиот Етнос?




;)
Во секое време би избрал човек од приватен сектор кој постигнал нешто него ли човек кој доаѓа од администрација.
Кочо 1000пати повеќе разбира како функционира светот и економијата него ли Ставрески, Тевдовски, Грујо или Бучко.

За премиер или министри би направил услов да е со ротирање, да бидат луѓе од приватен сектор кои платиле даноци во државава над одреден износ итн итн, при тоа, после завршување на 3-4 годишен мандат НЕ може повторно да биде на функција.

А не донеси 30годишни премиери или министри кои ништо не постигнале во живот, не платиле денар во буџет и од нив очекувате паметни работи :pos:.

Кочо и 50% од парите да му се на нечесен начин тоа НЕКОЈ му го овозможил. Значи одговорниот казни го, а не Кочо/Минчо/ Камчев.

Плус Кочо парите тука му се, 800 вработени плаќа, колку плаќаат Бранко, Љубче, Бучко и Грујо ?

Во свеста ви е ОК кога политичар ќе излаже и ќе се наполни со пари, како нормално да е тоа. Сите други на бесилка
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
Што порано се подели државава, тоа подобро. Ако иаме среќа и убавиов дел да може да се припои со Бугарија, па да живееме малце понормално.
Оти со Бугарија, оти не со Србија или со Грција ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom