Ryan Giggs
tearing you apart since 1991
- Член од
- 27 мај 2009
- Мислења
- 12.029
- Поени од реакции
- 22.308
- Локација
- Скопје - Македонија
- Веб-сајт
- www.youtube.com
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
мисли затвор, цврста столица , запек ??
Сега ќе дојдат либералите и ќе ти речат "Е добро бе што има лошо ако се научи албанскиот. Колку повеќе јазици знаеш, подобро...".Да прецизираме во кратки црти што претставува новиот закон за јазици.
http://vecer.mk/makedonija/selmani-sekoj-eden-makedonec-treba-da-go-nauchi-albanskiot-jazik-video
ДУИ во најтесно раководство има одлежани над 30 години затвор за членување во марксистичко-ленинистички сепаратистички здруженија. Има таму многу повеќе од само зборење на митинг.
It's all about business, nothing personal. Always business this thing of ours![]()
Што порано се подели државава, тоа подобро. Ако иаме среќа и убавиов дел да може да се припои со Бугарија, па да живееме малце понормално.
Тоа не е важно, важно е дека вториот најбаран терорист во светот Дурловски е во затвор.Во најголемиот затвор во Македонија, Идризово, од вкупно 1754 затвореници, на Законот за амнестија ќе му се радуваат 1438 лица од кои 621 Македонец, 569 Албанци, 26 Срби и 257 Роми, пишува ТВ21.
Ако е вистина ова, не некоја зафрканција, тогаш Горде Ј во совет за безбедност, а Ѕинго во новиот комитет за земјоделие и сточарство (комитет го крстија бе)
Ова е Македониа, ништо чудно да биде оваа трипер комбинација![]()
Зарем не беа Јово Вангеловски и тој Караџовски за време на претходниот политички режим токму Грујови фуфици ...![]()
Баш ме интересира Грујо кога ќе го затворат, како Мицковски ќе функционира. Дали самиот ќе оди еднаш неделно до Идризово по совети/насоки или преку посредник ќе комуницираат...
Зошто грчкиот весник Етнос на богатиот руско-грчки бизнисмен Иван Савидис во чувствителен период на преговорите за името на Македонија си „поигра“ со изјавата на грчкиот премиер Ципрас? Савидис, кој се смета за близок човек до рускиот претседател Владимир Путин во Грција поседува медиуми, меѓу кои и е весникот Етнос. Тој е еден од сопствениците и на солунското пристаниште.
Дневниот весник Етнос, неделникот Етнос, дневниот весник Имерсија, солунскиот фудбалски клуб ПАОК, дел од солунското пристаниште се неколку од крупните инвестиции во Грција на грчко-рускиот бизнисмен Иван Игњатевич Савидис. Тој стана интересен за македонската јавност по интервјуто на грчкиот премиер Алексис Ципрас за грчкиот весник Етнос, кој од 26 јули 2017 година е во сопственост на неговата компанија Димера. Лани летото Савидис на аукција во грчки суд ги купува трите печатени медиуми.
Викендов турбуленција во македонската јавност предизвика насловот на интервјуто на Ципрас „Македонска нација никогаш не постоела“ со кое Етнос го најави разговорот објавен во целост наредниот ден.
Во меѓувреме, по жестоките реакции во Македонија, дневниот весник Независен дојде до целосната изјава на грчкиот премиер во која тој појаснува дека „Македонска нација никогаш не постоела во античко време, како што не постоела и нација на Атињаните или Спартанците“.
Спорна изјава во тек на преговори
Дел од јавноста ова го припиша на сопствеништвото на Етнос, односно на рускиот бизнисмен, имајќи предвид дека политиката на официјална Москва не гледа со сипматии на проширувањето на НАТО кон нови балкански земји. Оваа изјава дојде и во во време на интензивирање на преговорите за името меѓу Атина и Скопје, изјавите за позитивна клима меѓу двете земји, но и пораката од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој рече дека нема план Б за Македонија да влезе во алијансата, освен решение за името.
Но, ако Савидис станува интересен за овдешната јавност периодов, во Грција и во странските медиуми е интересен одамна пред се заради неговата политичка влијателност и блискост со рускиот претседател Владимир Путин.
Медиумскиот бизнис всушност е и поновиот сектор во кој влегува Савидис. Тој од претходно е сопственик и на солунскиот фудбалски клуб ПАОК. Клубот во пресрет на протестите против употребата на терминот Македонија кои се одржаа во неделата во Солун соопшти дека Македонија е нивниот дом и историја и е историски една и грчка. Од клубот наведоа и дека „ПАОК го обединува својот глас со „милионите граѓани што го делат истото мислење“.
Покрај овие бизниси, Савидис е еден од сопствениците и на солунското пристаниште. Лани во април неговиот инвестициски фонд заедно со фондови од Германија и Франција откупија 67 отсто од акциите на пристаништето.
Богатиот Грк, роден во Грузија во 1959 година, кога таа била дел од Советскиот Сојуз, всушност е политичар близок од партијата на Путин Единствена Русија. Во опозициската грчка јавност тој се посочува и како линкот што наводно го поврзувал премиерот Ципрас со рускиот претседател.
Обвинувања од опозицијата
Путин беше во Грција пролетта 2016 година кога ја посети и Света Гора. Во Атина се сретна со Ципрас, а на Света Гора замина со претседателот Прокопис Павлопулос. Со нив тогаш беше и Савидис.
Лани во мај, како што објавуваат грчките медиуми Савидис го фалеше грчкиот премиер Ципрас и го поистовети со рускиот претседател Владимир Путин.
„Слушајќи го говорот на Ципрас ме потсети на силен лидер каков што е рускиот претседател“, рече Савидис во интервју за грчкиот весник Прототема.
Ова интервју следуваше по несогласувањата меѓу власта на СИРИЗА и опозицијата поврзана со законот кој го протурка владиното мнозинство, со кој, меѓу другото, му се прости долгот на Савин кон државата во износ од 28 милиони евра.
Опозицијата ја обвини тогаш власта дека законот е напишан земајќи ги предвид интересите на Савидис. Тој, пак, ја обвини опозициската Нова Демократија и нејзиниот лидер Кирјакос Мицокатис велејќи дека никогаш нема да биде премиер и дека неговите ставови ги протеруваат странските инвеститори од Грција. Сепак, бизнисменот нагласи дека со поранешниот претседател на Нова демократија Костас Караманлис имал прекрасно пријателство, го почитувал и го сакал.
Пратеник од Единствена Русија
Политичката кариера Савидис ја почнува во 1998 година кога првпат е избран за пратеник во локалното собрание во регионот Ростов, а потоа повторно е избран во 2003 година. Во 2007 година е избран за пратеник во думата како дел од партијата на Путин, Единствена Русија. Таа функција ја извршува до 2011 година, а од 2012 е член на претседателскиот совет за меѓународни односи.
Неговиот основен и главен бизнис кој го почнува во 2004 година е компанијата Агроком која е со седиште во Ростов на Дон. Компанијата се занимава со прозводство на месо, цигари, земјоделски производи, минерална вода и друго.
Савидис не е богат само во балкански рамки, туку, според магазинот Форбс, тој е еден триесетте најбогати Руси во светот. Своите пари тој ги вложува и во грчкото општество преку добротворна фондација. Таа, како што пишува на неговата интернет страница, е формирана во 2000 година, а главни цели на нејзините активности се финансиска поддршка на традиционалните релиогиозни заедници, како реконструкција и изградба на цркви, организирање на аџилак и финансиска поддршка на православни образовни институции. Во 2013 година е прогласен за почесен граѓанин на Грција.
Лол не не....цела Македонија во рамки на Грција,море си е море а и ако веќе мора втор јазик подобро грчки.Што порано се подели државава, тоа подобро. Ако иаме среќа и убавиов дел да може да се припои со Бугарија, па да живееме малце понормално.
Премногу се експонирани за да директно се вклучат во новата чесна и правдољубива власт кој се бори за слобода и демократија, ама сигурен сум дека со духот се присутни во неа
Ко шо гледам од таа енормна корупција, милијарди и се тоа ништо нема, на никој влакно не му фали, ред е да се извинат на целокупната домашна и меѓународна јавност тие шо пласираа такви тврдења, тоа е кога единствен консензус им е неказнивоста на се она шо не доведе до ова дереџе.
Него да те прашам, уше го браниш ставот дека газда Кочо Анѓушев е добар избор за Вицепремиер?
Мафијашка држава на дело ти е ова, може се покајаници, а знаеш социјалдемокративе се рисјани па...
Калајџиев и Најчевска се повлекоа доста гласно и со отворена критика, Фрле и тој не беше оптимист, корупцијата и партизацијата си се тамам, вистина испадна се е исто само њега нема.
Може му имаат скапите врби од Вардар фатено златна рипка, па има посакано СДСМ да го прави ова што го прави[DOUBLEPOST=1516812794][/DOUBLEPOST]
Кој е рускиот бизнисмен Савидис сопственик на грчкиот Етнос?
![]()
Што порано се подели државава, тоа подобро. Ако иаме среќа и убавиов дел да може да се припои со Бугарија, па да живееме малце понормално.