- Член од
- 2 октомври 2017
- Мислења
- 183
- Поени од реакции
- 330
Побарав (и од златко, можеби испуштив) но не најдов објаснување за сув дефрост. Дефорст кога надворешната единица е замрзната е сосема очекувана и нормална појава и мислам дека воопшто не зависи од климата. Влажен воздух на ладен изменувач ќе кондензира и замрзне. Ова ќе се случи на сите клими подеднакво на температури 0-5 со голема влажност и неможе ништо да се стори во врска со тоа. Но кога е -5 нема влага, односно замрзната е и воздухот е сув и изменувачот е сув (го гледам дека е сув), па што е причината за дефрост? Старата Грее/Вивакс клима не прави суви дефрости а и не сум сретнал сув дефрост досега да бидам искрен.
Можеби има логично објаснување во алгоритмите за контрола на работата на климата, но можеби се работи за грешен сигнал на некој од сензорите, кој погрешно регистрира мраз? Има некое објаснување дека компресорот така одмора, но според мене тоа не е точно, компресорот во секој случај загрева затоа што компримира и при греење и ладење