Кис и Плискова се на црна листа кај мене, и тоа за двете опции, и играње на нив и играње против нив. Едни од најлошите мечеви што сум гледал се порази на Кис со 50+ неизнудени за саат време, не гледаш тенис само гледаш како летаат топки во аут и мрежа, а кога е во елемент може да направи било која противничка да изгледа како мало дете, Плискова според мене е преценет играч, се направи некоја фама околу неа дека е идниот број еден и кладилниците почнаа да и даваат смешни квоти, а реално има многу фактори во нејзината игра кои се чист просек како движењето и мајндсетот, сервисот и е ок ама ништо посебно за добар ритерн играч, топ 10 играч дефинитивно ама мислам дека сепак не е во самиот врв, нешто слично како Раонич кај мажите