Хехе, со над половина балкански држави членки на НАТО и на ЕУ, нова исламистичка агресија во Србија, Македонија и евентуално во Босна и Херцеговина и на Косово, ќе биде отворена покана за Русија да се врати на Балканот, исто како што се врати на блискиот исток преку Сирија - и сето тоа по заслуга на западот гладен и жеден за агресија и потчинување на немоќните држави и народи, пардон - за слобода и демократија.
Во сите извештаи кои се лиферуваат во јавноста од страна на НАТО структури стои дека руското влијание на Балканот е од типот на т.н мека моќ, и не е видливо на прв поглед, атипично влијание, што значи дека ако нема видлива дипломатско разузнавачка активност не мора да води кон констатацијата да истото не постои или е незначително и обратно, зголемената дипломатско разузнавачка активност пак не мора да значи и ефективно влијание
Историски, а и како народ, македонците блискоста со рускиот народ им оди во прилог, ако се земат во предвид и одредени дејанија во не така далечното минато на НАТО структурите може слободно да се каже и дека постои целосно основан анимозитет кон истите.
Балканот, целосно како регион, може да се смета за ставен под да речам делумна НАТО контрола десетина години откако да ставиме временски репер - Србија ќе стане нивна полноправна земја членка, дотогаш имаш исклучително запалливо подрачје, ко шо гледаш се сосема свесни за тоа.
Можда лупам глупости, но мое мислење е дека со Законот за употреба на јазици само го потпалија национализмот кај Македонците што лошо би се одразило на евентуален референдум за името.
Веројатно се свесни дека создаде револт, а единствената организирана структура која може да го артикулира тој револт е во нокдаун, тајмингот им е

ние одиме кон она што е БиХ, а откако тоа ќе се реализира кој би бил следен чекор на Балканот во поглед на редефинирање оставам на имагинацијата на секој од нас, сега е веќе очигледно, јбга, Ванчо викал Швајцарија на Балканите баеги одамна, а верувам не била негова идејата, доследни се на стратегијата кои и да се

[DOUBLEPOST=1516655943][/DOUBLEPOST]
И сега истата пракса се тера шо е потрагично, тоа е тоа лицемерие, веројатно некој се реваншира, qr ги заболе за правда и сл.[DOUBLEPOST=1516656550][/DOUBLEPOST]Бонус:
КОМУ СМЕТА ДИЈАСПОРАТА
Горазд РОСОКЛИЈА
На власта и на опозицијата затоа што ја раскажува и ја брани вистината за Македонија.
На скромноумните што ја поддржуваат власта, а сѐ повеќе и на скромноумните што ја поддржуваат така наречената опозиција.
И едните и другите се сретнуваа со најпримитивниот и најнеобразуван сегмент на дијаспората. Потоа објавуваа дека добиле поддршка од дијаспората и се враќаа дома од “успешните средби”.
Деновиве, власта, опозицијата и црквата, Македонија и интересите на Македонецот ги ставија на продажба за задоволување на личниот интерес.
Дијаспората, онаа другата со која властодршците не се сретнуваа, а која има јасно дефиниран став и визија за Македонија, им засмета и почнаа да ја плукаат.
Им смета на луѓе, независно дали се власт или опозиција, кои живеат во бара, хоризонтот им е ивицата на барата и се чувствуваат убаво и значајно во жабокречината.
На тие луѓе, времето за учење им поминало, а генетиката е немилосрдна. Ти дава само онолку колку што можеш да наследиш од истите што ти даваат воспитување и едукација.
Круг на беда на умот од кој тие не можат да излезат, но круг на беда на умот и на луѓе од кои Македонија мора да се ослободи.