Значи ти си бил на ADSL, па си направил миграција кон оптички приклучок, па потоа си се префрлил на друг пакет.
Затоа убаво спомнав во последната реченица од истиот пост
#11037 што го имаш цитирано:
Познавам луѓе кои воопшто не користат ниту Интернет, ниту MaxTV од Македонски Телеком, туку само фиксна телефонија, па сепак ги поврзале на оптички приклучок.
Воопшто не негирав дека е изводлива Интернет брзина на симнување од 12 мегабита (1.5 мегабајти) во секунда кај оптичкиот Интернет, туку само спомнав дека не е исплатливо за Македонски Телеком како компанија да пушта оптичко влакно за поевтин пакет ако истиот е достапен преку бакарен приклучок.
Кај новите згради во населбите кои веќе се поврзани со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, воопшто не се замараат да пуштаат бакарни кабли низ катовите и низ становите за поврзување со бакарна телекомуникациска мрежа, туку директно пуштаат оптички кабли за да можат станарите да се поврзат на оптичката телекомуникациска мрежа кога ќе посакаат. Кај таквите објекти нормално дека корисникот ќе биде поврзан со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, без разлика кој пакет ќе го користи.
Но кај старите објекти кај кои дополнително се правеле внатрешни оптички инсталации, ако корисникот сака да користи поевтин пакет, нема да има потреба од пуштање на оптичко влакно бидејќи пакетот е достапен и преку бакарен приклучок.
А тоа што му го реков на @
ile95 во пост
#11037 дека измешале баби и жаби е чиста вистина, бидејќи му рекле дека може да се префрли на оптичката телекомуникациска мрежа само со менување на рутерот, што не е точно, бидејќи за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа ќе мораат да пуштат и оптичко влакно до неговиот дом. Затоа реков дека измешале баби и жаби бидејќи изводлива е миграција од ADSL кон VDSL само со менување на рутерот, додека миграција од бакарната телекомуникациска мрежа кон оптичката телекомуникациска мрежа бара малку поопширна интервенција, а не само менување на рутерот.
И да, и во случајот со VDSL и во случајот со оптичкиот Интернет, можно е да се остане корисник на било кој од поевтините пакети.