Не дека го правдам Вујо ама навиваш за фудбалски клуб чиј менаџер буквално скока над четвртиот судија и им се става во лице ама тоа тогаш е #passion.
Таков е Вујо, донесе трето место на Словенија, нормално е да дава вакви изјави, сигурно нема да каже дека не` потцениле. Само треба да се смират страстите малку затоа што ако се остварат некои сценарија во пост Раул ерата тој ќе биде селектор. Разбирам критика за тоа што е избувлив и драма квин ама да кажуваат одредени дека бил морон, незналица, глупандер е смешно зошто истата незналица ги „извади“ од младинската селекција одредени ракометари, како за почеток.
П.С. Сега па ми текна дека на Раул едно време му се замеруваше дека бил премногу мирен додека траеле натпреварите на Вардар, хаос се луѓево, како дувне ветрот, така.