Конечно и ние да победиме еден натпревар на кој се крши резултатот до последната секунда.
Раул тренериште.
Столе леганда!!! Колку ќотек изеде денес и колку исклучувања изнуди и заедно со Митрески сами не држеа во прво кога Словенија постојано водеше.
Николче исто така со фантастичен меч. Борко како по навика бркаше муви цел натпревар меѓутоа на крајот одбрани две клучни топки.
Никој нема да го пофали Лазаров??? Не Кире, туку оној секогаш критикуваниот Филип. Момакот искина денес. Неколку клучни голови во ситуации со играч повеќе.
Миркуловски класика, Кире капитенски кога се мора иако годините и посебно оваа нешто послаба полусезона во Нант се чувствуваат во неговата игра.
Талески ... ах ти "талентче", "бисерче" наше. Статичен цел натпревар, со многу грешки во напад и одбрана. Колку ни фали лев бек од типот на Мојсо во најдобри денови.
Ако нешто може само да му се замери на Раул, тоа е неиграњето на Кузмановски. Не знам зошто не доби ниту една минута кога беше очигледно дека Талески е тотално аут цел меч.
Романските судии мизерни. Судеа смешни пробивања и исклучувања и им дадоа ветер во грб на Словенците во второ, но сепак мора да бидеме реални и да признаеме дека на крајот не ни досудија очигледен пасивен напад кој ни ја донесе победата.
Се на се исклучително важна победа и одлична можност ако биде се онака како што се очекува (ние, Германија и Словенија) да пренесеме (засега) 2 бода а зошто да не и повеќе после последното коло и мечот со Германија.