@Black Hok
Seat Leon 1.9 TDI (105 hp) од 2006та VS Alfa Romeo 159 1.9 (дизел) VS Peugeot 407 (било кој дизел) ??
Или предлог за половен автомобил, до околу 5.000 евра (максимум 5 ипол)?
Па зар можеш во изглед,мотор и јачина Алфата па и тоа мојот омилен модел 159-ка 1.9 120 КС да ја споредиш со овие модели што си ги навел..
И Пежото и Сеатот за Алфата се гола вода..Тоа ќе ти кажам..
Моторот е саат,1.9 JTD 120 КС,фазла не ти треба..Алфа имаш и со 2.4 5 клипа редни..Но оди на 1.9..
Нема да згрешиш,ликот на Алфата е фантазија,јас собирам пари за таква Алфа..
Каков Сеат,какво Пежо..[DOUBLEPOST=1515678895][/DOUBLEPOST]
За јапонското возило баш не се согласувам со твоето мислење. Маздите се едни од подобрите за разлика од германскиве, ја имам Мазда 626 93 год 77кв 103кс како трактор е, лимарија бескрекорна корозија нема, на мајстор само за потрошни матријали и лани моторот го сменив оти не му турив масло. То на пријателите твој, сигурно од претходно била таква или не возена. Ја сакам бензин ама неможам да најдам Мазда на бензин 2006+ год, видов Аудиов ама некако дизајнот не ми се бендисува, А4 и + не сакам, изгледа че се свртам кон Маздава. ФАла на одговорот!
За таа Мазда 6 што правите муабет,знаеш ли колку кошта сет ламела,корпа и друклагер..
52.000 денара и тоа со 300 ургенции,па попусти,па рати итн итн...И тоа на Сакс мислам дека беше,што има и поскапи и од него..Пази,без замаец,само сетот..
За да се извади менувачот,треба цела предница да се вади,од тркала,до спони,стабилизатори,и бинго,се вади и предниот трап..
Ако е со сменет сет,може да се земе,а откажуваат,не се квалитетни во тој поглед..[DOUBLEPOST=1515679198][/DOUBLEPOST]
Ај ѕирни ги и Toyota Corolla, Toyota Avensis, Honda Acord, Honda Civik (седан верзијата ако ти треба поголема), Mitsubishi Lancer, поскапи се јапонците за одржување, но се и издржливи, ако најдеш некоја со помала километража рачунај дека ќе имаш топ возило.
Имам видено Тојота Карина 1997 година на која прв пат и направија ремонт на 1 милион и 80 0000 километри, на мој роднина беше такси ја возеше и тоа од 190 000 ја купи тој од Германија и веднаш и стави плин.
Друго исплатливо Seat Cordoba, Skoda Octavia, Seat Altea, Skoda Fabia (понародска кола, а издржлива, рачунај до таа сума 2010 ќе најдеш од овие), Renault Megane (поефтини се, ќе најдеш 2010та до 5000 евра, приоритет гледај бензин, јас возам рено од 2001 дизел 1.9дци и засега сум задоволен, мала потрошувачка имаш, али се потешки кога ќе решиш ти да ја продаваш).
До која големина бараш кола, те гледам бараш полуксузни, али секогаш оди на логика дека таа луксузната во фабрика била над 20 000 евра и дека си бара повеќе пари за одржување.
За Тојота се согласувам и Акордот..
Ходна дизел мотор мислам дека нема,туку е позајмен дали од Рено-Пежо или од друга компанија..
Другото што си навел,Сеат,Шкода се е огромна 0 во поглед на дизајн,опрема,издржливост на мотор на Алфата..
Ти возиш Скеник,тоа моноволумец,он бара стрикно кола..[DOUBLEPOST=1515679293][/DOUBLEPOST]
Пред некое време имаше некој тука ставено линк од продавница што имаше скоро се за автомобили, конретно ми треба за некои пластики што ми ги украдоа и ретровизор, ако добро се сеќавам продавницата беше во Маџари или така нешто, ама не можам да го најдам линкот, ако на некој ви текне ве молам пишете го ми треба нешто да земам.
Да не мислиш на Еуро07 во Визбегово?Таму има се..