Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Овој Пази Леџа опасен твитерџиски авторитет, стално излага на топ листа на ТајмМк. Баш пред некој ден налетав на овие мудрости, ми оставија доста впечаток, не знаев дека ти е инспирација. Не дека сум изненаден.
Прегледај го приврзокот 183445
Прегледај го приврзокот 183446
Типичен прост вмровец.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Овој Пази Леџа опасен твитерџиски авторитет, стално излага на топ листа на ТајмМк. Баш пред некој ден налетав на овие мудрости, ми оставија доста впечаток, не знаев дека ти е инспирација. Не дека сум изненаден.
Прегледај го приврзокот 183445
Прегледај го приврзокот 183446
Ах, ти си од овие:

 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Па, да. На ЕУ им гори, не на нас. ЕУ се испаничени од Русите, така да би не примиле утре и со реформи, и без реформи, и со име и без име.
Го нема ЕУ веќе тој луксуз за да бара влакно во јајце, Британија им отиде, и сега ги пуштаат канџите на Балканот.
Пре би рекол дека ова повеќе се однесува на членството во НАТО од колку на членството во ЕУ. Мислам дека малку ја преценуваш нашата позиција. Од ова максимум што можеме да искористиме е некаква подобра позиција во преговорите за името со Грција, да се пренасочи притисокот врз нив. А тоа дека тие ќе се откажат од нивните ставови во врска со името...е тоа малку тешко. Максимум што можеме да изнудиме е некаква подобра позиција во преговорите. Но со оглед на моменталнава гарнитура и нивните дипломатски способности тоа тешко дека ќе се оствари на дело.

Во минатото скоро сите земји кои станаа членки на ЕУ предходно станаа членки и на НАТО. Србија би можела да биде таков исклучок но и тие како и ние скапо ќе го платат нивното членство во ЕУ. Затоа е и тој притисок од Америте за брзо решавање на спорот. Тие нас не не гледаат како нација или држава, туку како геостратегиска точка која мора да се затвори. Ако тие намислиле да не напикаат во НАТО тогаш тие тоа и ќе го направат, милум или силум. Грујо не соработуваше, стана нестабилен, кокетираше со Русите затоа му најдоа замена, Заев.
Затоа велам, во меѓународните односи малите држави тешко дека можат да излезат како победници. Единствено што можат е да пробаат да го извлечат максимумот од неповолната ситуација и да поминат со што помалку последици.
Заев и неговата компанија тоа крајно неумешно го прават, се однесуваат како слон во продавница за стакло и на внатрешен и на надворешен план. Во прилог му оди и летаргичноста на народот на кој му е преку глава од кризи па и не се притресува многу многу како што гледам.
Инаку Заев има епизодна улога, тоа е оваа, решение во спорот за името и членство во НАТО. Затоа и беше инсталиран. После тоа тешко дека ќе тера некој нов мандат или пак СДСМ повторно ќе биде победничка партија на некои следни избори.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Пре би рекол дека ова повеќе се однесува на членството во НАТО од колку на членството во ЕУ. Мислам дека малку ја преценуваш нашата позиција. Од ова максимум што можеме да искористиме е некаква подобра позиција во преговорите за името со Грција, да се пренасочи притисокот врз нив. А тоа дека тие ќе се откажат од нивните ставови во врска со името...е тоа малку тешко. Максимум што можеме да изнудиме е некаква подобра позиција во преговорите. Но со оглед на моменталнава гарнитура и нивните дипломатски способности тоа тешко дека ќе се оствари на дело.
Да, но како и да е ние во ЕУ не влегуваме наредните 10 години.
Зборам дека е ВОЗМОЖНО да се задржи името и да влеземе, а тоа што оваа влада е инсталирана тоа е друга работа.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Да, но како и да е ние во ЕУ не влегуваме наредните 10 години.
Зборам дека е ВОЗМОЖНО да се задржи името и да влеземе, а тоа што оваа влада е инсталирана тоа е друга работа.
Не мора да значи. Во зависност од приликите можат да ни се случат и некакви забрзани преговори и да го фатиме возот со Црна Гора и Србија. Доколку се отпочнат преговори и немаме понатамошни опструкции од соседите, доколку не ни наметнат некои нови билатерални спорови, доколку ние не западнеме во некоја нова политичка криза тогаш можно е да влеземе во пакет заедно со нив некаде пред 2025. Меѓутоа за тоа да се случи ќе треба многу коцки да се наместат, ќе биде тешко.
Затоа решение за името не ни гарантира влез во ЕУ. Тоа дека ќе го сменат порано или подоцна сите знаевме дека ќе се случи. Она што е неповолно е условите под кои го менуваме, без никакви гаранции дека еден ден навистина ќе станеме членка на ЕУ.
Фер ќе беше да се постигне договор и истиот да стапи на сила од моментот кога ќе станеме членка на ЕУ. Дотогаш работите да си останат статус кво, да нема промена на име. Но немаме такви дипломати кои би изнудиле таков договор, тоа и ми е поентата кога велам дека не не бива за дипломатија ама ич.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Не мора да значи. Во зависност од приликите можат да ни се случат и некакви забрзани преговори и да го фатиме возот со Црна Гора и Србија. Доколку се отпочнат преговори и немаме понатамошни опструкции од соседите, доколку не ни наметнат некои нови билатерални спорови, доколку ние не западнеме во некоја нова политичка криза тогаш можно е да влеземе во пакет заедно со нив некаде пред 2025. Меѓутоа за тоа да се случи ќе треба многу коцки да се наместат, ќе биде тешко.
Затоа решение за името не ни гарантира влез во ЕУ. Тоа дека ќе го сменат порано или подоцна сите знаевме дека ќе се случи. Она што е неповолно е условите под кои го менуваме, без никакви гаранции дека еден ден навистина ќе станеме членка на ЕУ.
Фер ќе беше да се постигне договор и истиот да стапи на сила од моментот кога ќе станеме членка на ЕУ. Дотогаш работите да си останат статус кво, да нема промена на име. Но немаме такви дипломати кои би изнудиле таков договор, тоа и ми е поентата кога велам дека не не бива за дипломатија ама ич.
Србија нема да влезе, освен ако не го признае Косово.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Србија нема да влезе, освен ако не го признае Косово.
Ќе го признаат кога ќе стигнат при крајот на преговорите. Веројатно ќе направат некаков договор зад затворени врати и после тоа ќе глумат морални победници но ќе го признаат. Косово за нив е завршена приказна.
Ако по некоја случајност тоа не се случи тогаш ќе треба да го чекаат возот за членство со Косово и веројатно со нас, ако заебеме нешто ептен па не го фатиме првиот бран на проширување.
Затоа според мене малку е веројатно дека нема да биде постигнат договор меѓу Србија и Косово кога за тоа ќе дојде време. Ќе ги притиснат и едните и другите. Србите ќе ги уценат со членството во ЕУ а Косоварите евентуално со кандидатски статус или почеток на преговори за членство до тогаш.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Дали ти навистина мислиш дека србите во тоа време беа толку силни за да му се спротивстават на целиот НАТО сојуз? Еден испрдок од една распадната држава тогаш му се спротивстави на најмоќниот воен сојуз во историјата. Америте во тоа време беа на врвот на нивната економска и воена моќ. Советскиот сојуз беше во колапс а Кина ниту одблиску не беше тоа што е сега. Моронот Милошевиќ во тоа време баш заради поддршката од Русија им се чаталеше на НАТО и Америка. Мислеше оти Русија ќе му го чува грбот а тие кутрите немаа нафта во тоа време да ги запалат бродовите и подморниците. Тие беа во тотален колапс после распадот на СССР и нормално ги извисија Србите и Слобо, го попушија навелико. Тоа можеби беше најидиотскиот потег од сите потези направени во историјата. Прашање на време е кога ќе го признаат и Косово.
Па и Русија сега, нејзината економска и воена моќ е малку преценета. И со моменталната поставеност на силите Русија е далеку воено и било како послаба од Западот, т.е Америка. Истото се однесува на Кина која е сериозна економија во подем, но само економија. Воено, освен по бројност моментално никако не може да му парира на Западот и НАТО сојузот во целина.

Иако за моменталнава ситуација голема улога имаат и странските структури во државава, воедно и соседите, главниот виновник сме повторно ние. Така сме се поставиле бре пријателе, затоа не дупи кој ќе стаса. Никој не го натера Грујо да ја присвои половина држава, нити Бранко на времето со СДСМ да ја распродаде. Ние наследивме комплетна држава и самите ја сјебавме. Странците видоа само плодна почва за остварување на нивните интереси. Корумпирани политичари и поделен неписмен народ. Кога не знаеме да си ги браниме сопствените интереси тогаш некој друг ќе си ги оствари неговите. Во меѓународните односи нема братство и љубов. Ова што денес ни се случива е after effect на сите предходни лоши одлуки кои сме ги донесле во минатото, не стигна цехот.

Кога ги спомена Бугарите. Тие ти се типичен пример како се гледа сопствениот интерес. Во втора светска војна на почетокот беа на страната на Германците кога кон средината, кога се виде оти Германија ќе ја изгуби војната се свртеа на спротивната страна. Благодарение на Русија се стекнаа со држава и независност. Верувал ти или не Русија сноси подеднаква одговорност за нашата поделба на 4 дела. И што направија Бугарите? Во прва прилика му го свртија грбот на Русите. Никој нормален не сака да биде под руска чизма и да вози Лада и Москвич кога може да вози Мерцедес или Ауди.
ЕУ нив им е најдоброто нешто што му се случило во животот, кога ќе се земе во предвид каде се наоѓаа пред тоа ЕУ за нив е ЏекПот. Јесте, можда се последни во ЕУ но се последни меѓу најбогатите членки во најбогатиот сојуз на држави во светот, што не е лоша работа да се разбереме.
Нив никој не им спори дали утре ќе бидат држава или не, дали воопшто ќе постојат или не, за разлика од нас. Вакви или онакви тие си ги тераат нивните интереси. Јас не гледам некој бугар да се тепа за македонски пасош туку обратно, ние си газиме на достоинството и се тепаме за нивни.
Сума сумарум кога ќе се направи ретроспектива на поледниве 26-7 години ние дефинитивно сме најголемиот губитник во регионот, затоа што не не бива ни како народ ни како држава и затоа најголеми виновници сме си ние самите.

Моментално наша последна сламка за спас се ЕУ и НАТО со сите нивни маани, му се допаѓало тоа на некој или не.
Србите не побараа помош од Русите и затоа Русите не им помогнаа. Русија беше јака и тогаш но не како денес. И ако им побараа помош ќе ја добиеа. Криви се замите Срби.
Бугарите не се многу пред нас. Отиди на 15 дена, направи обиколка во другите градови освен Софија и види ги како живеат па после ќе правиме муабет за Бугарија.
Бугарија беше примена во еу за да Русија не ги земе на своја страна. Истото се случи и со Црна Гора, а со нас е тек трета прича. Нас сакаат да не уништат како држава (еу со чело на германија и англија и сад), додека Русија во оваа ситуација сака да не одбрани од агресивната еу и нато. Ако отидеме, а нема да отидеме во еу и нато со ова име, идентитет и држава, уште многу полошо ќе биде за нас. Што побрзо ги симнат од влас овие СДСШ, толку подобро за нас. А новово раководство на дпмНЕ ако е исто како претходното, боље нека оди уште од сега во Шутка. Нас ни треба некоја трета партија, независна од овие две, што ќе работи за државава и народот. Патриоти ни требаат нас. А не крадци и лажговци. Спас е само национализмот.
 
Член од
23 јануари 2016
Мислења
2.182
Поени од реакции
5.881
Тоа им е планот... на ЕУ.
i ke im uspee, isto kako sto ke im uspee da go smenat vo makedonija se kako sto im odgovara. problemot e sto tie se pomokni i nema da i dozvolat na drzavi kako srbija i makedonija da se sredat se dodeka ne gi dobijat pod kapa na EU. zaradi toa i zaludno e covek da se nadeva deka nekoja treta partija bi mozela da ja podobri situacijata vo makedonija. kako prvo ne ne biva, kako vtoro i po slucajnost da bi se nasle ljuge koi imaat dobri nameri ne bi im dozvolile da go rabotat toa sto go rabotat. ima samo edna moznost srbija da ne go priznae kosovo i makedonija da ne go smeni imeto: totalen raspad na EU (znaci ne samo da iskocat 4-5 drzavi, nego da gi snema skoro site pobogati). toa ako ne se sluci koga togas ke ne "sredat" kako sto im odgovara.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
dobro e ova demokratija. koga sdsmoroncinja navreduvaat pa koga kje dobijat nazad po mucka,stapuva nezavisnata administracija da regulira :D
kaj zastanavme
pulenot na SDSM, boki13 `filantropot` go sotrea za gomnoto sto e. ako toj e elitata i vrvot na sdsm, sto ostanuva za shlajmot kako sdsmoroncinjata na forumov?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Абе другари, Америка веќе не е најголема сила на светот.
Русите оро им играа во нивниот двор. Путин им еба матер. Свесно у мозок ги дупи. Му вика на американецот, вие сте најголема светска сила, за месец дека им мести избори.
Да беа американците толку јаки, до сега Македонија ќе ја немаше на картата на Европа. Беа јаки до пред неколку години. Толку им беше филмот. Сега можат само Калифорнија да ја изгубат, која им е една од најсилните држави.
Се свртеа сите против нив.
Ете и еу да беа силни, што не им направија нешто на Белорусија, Чешка, Полска и Унгарија?
Иран, Венецуела, Северна Кореа, Русија, Кина....треба да набројувам сеуште непријатели?
Унгарија, Полска и Чешка не примаат терористи бегалци. И сега што? Што ќе им направи еу и америка?

Нека цркне до крај веќе тоа зло еу, нато и америка и светот да има мир.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.470
Поени од реакции
18.486
Шо прајте бе до кај е работава ?

Читнав неколку страни и гледам и не верувам, ништо ново нема, претпоставувам тешко на @Ilumious што треба да чита.

Ај ќе се чекирам пак по едно 100 страни.
 

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
Да беа американците толку јаки, до сега Македонија ќе ја немаше на картата на Европа.
Нормално дека можат да ни се фатат за долниот! Кој кур фактор е Америка па да се заебава со нас? Не постои сила во светот што може да се заебава со држава како Македонија!!! Ние палиме, ние гасиме!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom