Дали ти навистина мислиш дека србите во тоа време беа толку силни за да му се спротивстават на целиот НАТО сојуз? Еден испрдок од една распадната држава тогаш му се спротивстави на најмоќниот воен сојуз во историјата. Америте во тоа време беа на врвот на нивната економска и воена моќ. Советскиот сојуз беше во колапс а Кина ниту одблиску не беше тоа што е сега. Моронот Милошевиќ во тоа време баш заради поддршката од Русија им се чаталеше на НАТО и Америка. Мислеше оти Русија ќе му го чува грбот а тие кутрите немаа нафта во тоа време да ги запалат бродовите и подморниците. Тие беа во тотален колапс после распадот на СССР и нормално ги извисија Србите и Слобо, го попушија навелико. Тоа можеби беше најидиотскиот потег од сите потези направени во историјата. Прашање на време е кога ќе го признаат и Косово.
Па и Русија сега, нејзината економска и воена моќ е малку преценета. И со моменталната поставеност на силите Русија е далеку воено и било како послаба од Западот, т.е Америка. Истото се однесува на Кина која е сериозна економија во подем, но само економија. Воено, освен по бројност моментално никако не може да му парира на Западот и НАТО сојузот во целина.
Иако за моменталнава ситуација голема улога имаат и странските структури во државава, воедно и соседите, главниот виновник сме повторно ние. Така сме се поставиле бре пријателе, затоа не дупи кој ќе стаса. Никој не го натера Грујо да ја присвои половина држава, нити Бранко на времето со СДСМ да ја распродаде. Ние наследивме комплетна држава и самите ја сјебавме. Странците видоа само плодна почва за остварување на нивните интереси. Корумпирани политичари и поделен неписмен народ. Кога не знаеме да си ги браниме сопствените интереси тогаш некој друг ќе си ги оствари неговите. Во меѓународните односи нема братство и љубов. Ова што денес ни се случива е after effect на сите предходни лоши одлуки кои сме ги донесле во минатото, не стигна цехот.
Кога ги спомена Бугарите. Тие ти се типичен пример како се гледа сопствениот интерес. Во втора светска војна на почетокот беа на страната на Германците кога кон средината, кога се виде оти Германија ќе ја изгуби војната се свртеа на спротивната страна. Благодарение на Русија се стекнаа со држава и независност. Верувал ти или не Русија сноси подеднаква одговорност за нашата поделба на 4 дела. И што направија Бугарите? Во прва прилика му го свртија грбот на Русите. Никој нормален не сака да биде под руска чизма и да вози Лада и Москвич кога може да вози Мерцедес или Ауди.
ЕУ нив им е најдоброто нешто што му се случило во животот, кога ќе се земе во предвид каде се наоѓаа пред тоа ЕУ за нив е ЏекПот. Јесте, можда се последни во ЕУ но се последни меѓу најбогатите членки во најбогатиот сојуз на држави во светот, што не е лоша работа да се разбереме.
Нив никој не им спори дали утре ќе бидат држава или не, дали воопшто ќе постојат или не, за разлика од нас. Вакви или онакви тие си ги тераат нивните интереси. Јас не гледам некој бугар да се тепа за македонски пасош туку обратно, ние си газиме на достоинството и се тепаме за нивни.
Сума сумарум кога ќе се направи ретроспектива на поледниве 26-7 години ние дефинитивно сме најголемиот губитник во регионот, затоа што не не бива ни како народ ни како држава и затоа најголеми виновници сме си ние самите.
Моментално наша последна сламка за спас се ЕУ и НАТО со сите нивни маани, му се допаѓало тоа на некој или не.