Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Муабетите за Санчез уште не се баш сигурни, така да Сити уште не е никако активен :D

За Јунајтед не знам, ама дури и да сака во Челзи нема шанси да го пуштат. А и сигурно он си е решен за Сити уште од летото, а со оглед на тоа како се одвива сезоната, не е глуп да мења одлука.

Во ЛШ сигурно би им помогнал затоа што е доста поискусен од Стерлинг и Сане, а 30те милиони ништо не им значат на Сити. Од друга страна, Арсенал не би требало да ја испушти последната шанса да заработи од него.
 
Најактивни на јануарскиов пазар се Сити и Барса, 2 од 3 најјаки екипи сезонава според резултатите... Чудно... Уште ПСЖ фали сеа да зачука нов мега трансфер...

Искрено малку не го сфаќам тоа, имаш одлична сезона со сите поклопени коцки у тимот, носење на ѕвезда у сред тоа, може и да ги измеша работите во тимот на лошо...

А исто чудно ми е што само (ако добро пратам) Сити е заинтересиран за Санчез. Од енглезиве на Јунајтед им е најпотребен, на Челзи би им легнал добро исто, а не глеам да праќаат понуди, ваљда агентите на овој им дале до знаење дека он сака у Сити. Па зошто не и во Ливерпул кога би играле 4-2-4. Исто Баерн за кого одамна се збореше дека го сака... Најдобро би се вклопил во Реал додуше, можда би ни ја извадил сезоната (во ЛШ), ама што ќе ни е кога го имаме најдобриот отварач на простор, најдобриот меѓу вечно повредените и најдобриот фудбалер на годината кој е на “суспензија“ веќе 3 месеци...
Освен Баерн нема кој друг да им се вмеша на Сити за Санчез, а со оглед на тоа дека ни тие не го бараат...... Реал не го бара а и не верувам да би одел. Во Италија нема што кур да бара, нити пак плата ќе добие. Во Ливерпул еднаш одби и не гледам што би барал сега. Во Челзи и Јунајтед исто нема што кур да бара. И јас и ти во Сити би оделе да не побараат сега. Плата, титула во ПЛ, атак на ЛШ, стил на игра што одговара. Плус не ми текнува дали Пеп го донесе во Барселона или после тоа беше.
 
смешно е да фрлиш 35 милиони за играч на кој на лето му истекува договорот, Пеп се понаша ко да брка прво место во пл а не како да е прв со 3298 поени предност пред големиот Јунајтед
Грабеж од епски размери е 35м фунти, од страна на Арсенал
Кои глупости. :))))

Во моментот кога Санчез ќе иде во друг клуб, веќе ќе има потпишано нов договор. Така да Сити ако успеат да се договорат со Санчез, тие би платиле и 70.

Само Арсенал испаѓа аматерски клуб, како и по обичај.
 
Смешно е да фрлиш 35 милиони за играч на кој на лето му истекува договорот. Какво размислување ej... :ROFLMAO:
Ај ако не за 10 мил колку да не е за џабе. Која екипа од ПЛ и да го купи до крај има најмалку 20 натпревари во куп, ПЛ и ЛШ.

20 натпревари по 1.7 мил од натпревар, ама мислам дека на крај ќе го договорат за 25 мил плус бонуси и уште толку да ги боли Аренал што летото не го продадоа за 50-60 мил. :D

:pos:
 
На лето за џабе ќе е точно ама на лето може и ПСЖ, Реал, кој уште не да се вмешаат.
 
Кои глупости. :))))

Во моментот кога Санчез ќе иде во друг клуб, веќе ќе има потпишано нов договор. Така да Сити ако успеат да се договорат со Санчез, тие би платиле и 70.

Само Арсенал испаѓа аматерски клуб, како и по обичај.
Кои глупости
Арсенал одамна е аматерски клуб, уште повеќе што дозволил најдо фите играчи да останат на 6 месеци од договорот. Ама од нивна гледна точка кога више се во таква ситуација, ова е мастеркѓас потег. 35м фунти, Ливерпул Салах толку го плати
 
Заборавате дека Санчез е веќе влезен во 30-тата година
И откако е отиден од Удинезе се нема физички потрошено ич!
Реално зависи од човекот ама годинките си го прават своето.
 
Заборавате дека Санчез е веќе влезен во 30-тата година
Џони, за цирка истите пари и возраст, Ван Перси дојде во Манчестер и знаеме што бидна. Сфаќам Пеп зошто притиска за Алексис, Жесус се повреди а Силва има приватни проблеми, само што наредната сезона може некој од овие да почнат да се лутат за минутажата, сем ако не си замине Агуеро.
 
Ризикот со тие играчи е што може во месец дена да им падне формата, и никогаш да се вратат на истото ниво. Ма да, за тие пари, се исплати ризикот.
 
Џони иначе мисли дека и Реал не би дал добра пара за Хазард затоа што имал 27 години (вчера наполни) :icon_mrgr:
Само на форумов има замерки за играчи со 25+ години. Гледам вчера некои од Барселона фан клуб за Гризман, во март 27 ќе полнел, стар бил. Што да ти кажам, геријатрија :D
 
Џони, за цирка истите пари и возраст, Ван Перси дојде во Манчестер и знаеме што бидна. Сфаќам Пеп зошто притиска за Алексис, Жесус се повреди а Силва има приватни проблеми, само што наредната сезона може некој од овие да почнат да се лутат за минутажата, сем ако не си замине Агуеро.

Сакам да напоменам дека има краток рок на траење и брзо можи да стани непотребен и потрошен играч како што полека станува Суарез во Барселона и покрај тоа што е квалитетен..играта на Санчез во глобала му се базира на брзината и како што врват годините ќе делува како Рибери..не верувам дека Пеп ако го земи ќе го форсира пред Стерлинг и Сане каде двата се rising stars и се во многу подобра форма,евентуално за замена ќе биди супер и добро ќе се вклопи.
 
BREAKING: Philippe Coutinho has an injury and won't be able to make his Barcelona debut for 3 weeks.

И сега :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom