Јас работам како техничка подршка на мали хидроелектро централи, понекогаш се сретнувам и со вакви проекти.
Еден мој колега има дел во 3 фотоволтаични централи ама они имаат концесија и договор со државата и мислам дека струјата ја продаваат од 12 до 24 или 27 евроценти за киловат.
Значи они се друго . Ако сакаш без договор со државата да правиш таква централа и произведуваш струја, не се исплати! Прво нема закон за такви производители , второ и да донесат не верувам дека ќе биде јако исплатливо.
Еден колега кој меѓу првите изгради централа и со повластена тарифа не може да се извади на нула т.е. да си ги врати вложените средства.
Имав контакт со една бугарско-македонска фирма која врши набавка и монтажа, доколку си заинтересиран може да побарам, како се викаа.
На еден друг форум спомнав дека пр. Димитров од ФЕИТ, во интервју (за ФАКТОР ми се чини) изјави дека опремата и сончевите панели за фотоволтаични централи паѓа вртоглаво, а додека моќта на панелите расне (те на помала површина се добива повеќе Kw енергија, со иновативни техники, што знам нови материјали, силикони чуда-врагови...!?) Слично некако како трендовите во IT индустријата. во последниве две децении (перформансите вртоглаво отидоа нагоре, а цената надоле) ... па дотичниот Димитров, тврди дека цените на фотонапонски централи за помалку од две децении паднати се за 6-7 пати!.... Така да треба многу опрезно при вложување во вакви централи, со или без повластена цена или бескаматно кредитирање од ЕУ фондовите... иако МК е при самиот врв по условите за централи на сончева енергија, некои велат 4то место на Светот со 280-290 Сончеви денови, без ветришта прашина и песок) ... По таа аналогија претпоставувам твојот колега (ако меѓу првите) склучил дог за повластена тарифа те продажба на киловатот (а првите ако добро се сеќавам беа градени пред нешто малку повеќе од деценија).... и ако тој инвестирал тогаш хипотетички да речеме 100,000 Евра (свои или кредит сеедно), значи денес според Димитров, еве не 6-7 туку 3-4 пати да е падната цената, таков капацитет, излегува дека чини 25-30,000 Евра!?
И навистина се паднати цените (сега незнам дали толку) но гледајки ги цениве во САД од врвни компании како Peimar
http://www.freecleansolar.com/100kW-Solar-Kit-Peimar-320P-XL-SMA-Sunny-Boy-p/sg320p-100kw-sma.htm 100kWтна за помалку од 100К Долари или малку над 80К Евра... претпоставувам кинеска со сличен квалитет би била дури и скоро и поповина поевтина од таа цена (50-60К)...сите со трајност од 30-40 години. Но, 100К за таа дури и повластена цена, е на граница на рентабилност (но со 50-60К веќе би била рентабилна како инвестиција).... но! само и САМО со повластена цена како велиш од 14-24 Евроценти! А таа (повластена) цена веќе со години ја НЕМА!